verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозниот плагијат нема ништо заедничко со новинарството

on 20 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-173-robert-nesimi_-bdi-mund-te-pesoj-deba_-http___www-almakos-com_robert-nesi

 

Напис – Роберт Несими: ДУИ може да претрпи дебакал од Беса во втората изборна единица 

Политичкиот аналитичар Роберт Несими, анализирајќи ги специфичностите на изборната единица број 2, вели дека на овие избори, во оваа изборна единица можно е ДУИ да претрпи дебакл од Беса, губејќи вака за првпат „во цела изборна единица“. „Ако Беса во Куманово го земе половината од гласачкото тело на ДУИ, тогаш во Скопје им е доволно само 10 отсто за да обезбедат пратеник. Но, математиките за вториот пратеник потоа стануваат потешки. За да го постигне ова, Беса треба да ѝ земе на ДУИ 60 отсто од гласачкото тело во Куманово и половина во Скопје и по малите општини. Ако Беса, евентуално, го постигне ова, тогаш тоа ќе биде најголемиот дебакл на ДУИ во нејзиното постоење, бидејќи ќе биде поразена првпат во една цела изборна единица“, анализира Несими. Според него, главната битка во оваа единица ќе се води меѓу Беса и ДУИ, додека ДПА и Алијансата за Албанците ги смета за аутсајдери. Несими смета дека Албанците во оваа изборна единица ќе добијат четири пратеници.

 

[Рецензија – Роберт Несими: ДУИ може да претрпи дебакал од Беса во втората изборна единица]

Многу од порталите се сопнуваат во почитување на авторските права. Плагијатот, од нешто што е неприфатливо во новинарството, станува нешто нормално. Информациите кружат од еден медиум на друг, без да се спомне воопшто изворот или тој што дал труд за да ја создаде содржината. Текстот што го рецензираме е типичен пример за таков плагијат.

download

Линк до оригиналниот напис: Роберт Несими: ДУИ може да претрпи дебакал од БЕСА во втората изборна единица

Датум и време на објавување: 1.12.2016

Датум на рецензирање: 19.12.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

 

Во новинарскиот производ се цитира дел од колумната на аналитичарот Роберт Несими за новинската редакција „Порталб“, но не е напишан изворот каде ја направил и ја објавил Несими својата анализа. Вака, како што е пренесена информацијата, се добива впечаток дека анализата е направена за порталот „Алмакос“.

„Политичкиот аналитичар Роберт Несими, анализирајќи ги специфичностите на изборната единица број 2, вели дека на овие избори во оваа изборна единица можно е ДУИ да претрпи дебакл од Беса, губејќи вака за прв пат ’во цела изборна единица’“.

Вака како што е објавен текстот, кај читателот не влева веродостојност. Во текстот се пишува за една анализа, но никој не знае каде и кога е направена таа и какви детали има во неа. На начинот како што е сервиран, некој можеби би помислил дека „Алмакос“ сам ја направил проценката на Несими, за пропагандни цели… Уште многу забуни и прашалници може да се постават од читателот, само поради фактот дека не се знае изворот и контекстот на анализата. Мисијата на новинарството е да информира и да објаснува што е можно поточно и појасно, а не да создава забуна со плагијат.

Во текстот, не само што е направен плагијат, туку тој се користи за да се прави пропаганда. Анализата на Роберт Несими во „Порталб“ е подетална и во неа се разгледуваат опциите од повеќе аспекти за секоја албанска партија што конкурира во изборната единица број 2. Меѓутоа, во текстот што го рецензираме се сметало потребно да се пренесе само делот за движењето Беса. Селективното објавување делови од анализата само за една политичка партија го прави производот едностран, субјективен и со пропагандни елементи.

Плагијатот, пак, измешан со партиска пропаганда е целосно спротивен на вистинското новинарство. Доколку ни требаше пример за прикриена форма на плагијат, без двоумење можевме да го употребиме текстот што го рецензираме. Меѓутоа, паралелно, не треба да заборавиме да ги споменеме и правилата од Прирачникот за етика во новинарството и законските прописи поврзани со авторските права.

(Етички прирачник на ЗНМ):

Непочитувањето на авторските права се смета за тешко прекршување на етичките правила.

Доколку материјалот е земен или парафразиран од некој друг медиум, авторско дело или студија, изворот треба да биде наведен, во спротивно ќе се смета за плагијаторство, а не за новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести