Рецензии

Заев не е единствениот пратеник против кој се води судски процес

на 4. 01. 2017 | |

[Рецензија: СТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА: Заев го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката фотелја]

  Текстот што го рецензираме е политички пристрасен и селективен. Тој ја манипулира јавноста дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одбрал да биде пратеник за да избегне кривична одговорност и притоа сугерира мислење дека  Заев е виновен. Линк до оригиналниот написСТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА: Заев го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката фотелја Датум и време на објавување: 30.12.2016 Датум на рецензирање: 04.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска  

„НЕКОЛКУ“ НЕ Е ИСТО СО „ДВА“

Најпрво, во текстот не се почитува презумцијата на невиност, а второ, се има селективен пристап. „Опозицискиот лидер Зоран Заев, против кого се водат неколку судски процеси, го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката функција“.  Уште на

„Накалемен“ спинерски наслов на туѓа сторија

на 3. 01. 2017 | |
 

[Рецензија: Додека Градоначалникот на Куманово носи цвикери од стотици евра ова 8 члено семејство нема шпорет за греење и живее во голема сиромаштија]

  Станува збор за преземена информација за едно осумчлено семејство од старонагоричанскиот регион, на која е „накалемен“ спинерски наслов кој има цел да извади кабаетлија политичар кој нема ама никаква врска со веста. За што, вушност, се работи? Линк до оригиналниот напис: Додека Градоначалникот на Куманово носи цвикери од стотици евра ова 8 члено семејство нема шпорет за греење и живее во голема сиромаштија Датум и време на објавување: 27.12.2016 Датум на рецензирање: 03.01.2017 Рецензент: Љубомир Костовски  

ИЗОСТАВЕНА ПОФАЛБА

„Хуманитарната организација „Крепост“ од Куманово подари шпорет на дрва и поголема количина на друга хуманитарана помош

Партиска боја на загадувањето

на 3. 01. 2017 | |
 

[Рецензија: Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност]

  Текстот што го рецензираме е едностран и политички пристрасен, бидејќи на проблем каков што е загадувањето, му се дава политичка, наместо граѓанска димензија и тоа се прави уште во тенденциозниот наслов: „Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност“. Очигледна е намерата овој проблем  да се третира преку град во кој градоначалник е од редовите на СДСМ (Куманово), а притоа загадувањето на Скопје и на другите градови во Македонија воопшто не се споменува. Линк до оригиналниот напис: Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност Датум и време на објавување: 03.01.2017 Датум на рецензирање: 03.01.2017 Рецензент: Силвана Жежова

Едностран текст пишуван со партиски очила

на 3. 01. 2017 | |

[Рецензија: СДСМ ПОЧНА ДА ПРАВИ ПРОБЛЕМИ ВО СОБРАНИЕ: Спасовски барал констиутивната седница да се води на Албански!]

  Шпекулативен и тенденциозен материјал. Напис преполн со непотврдени информации за  фамозната албанизација што, наводно, ќе ја спроведува опозицијата. Селективно се цитираат одредби од собранискиот деловник, а воопшто не се споменува претходната собраниска практика според која досега се раководел и споменатиот спикер во заминување. Сето тоа е зачинето со тенденциозен наслов и со злоупотребена фотографија од „црниот понеделник“. Спинерство, тешко спинерство…  Линк до оригиналниот напис: СДСМ ПОЧНА ДА ПРАВИ ПРОБЛЕМИ ВО СОБРАНИЕ: Спасовски барал констиутивната седница да се води на Албански!  Датум и време на објавување: 29.12.2016  Датум на рецензирање: 31.12.2016 Рецензент: Владимир Мирчески    

 „ОБЈЕКТИВНОСТ“ НИЗ ПАРТИСКА ДИОПТРИЈА

Ова е сериозно оштетен текст,

Кога новинарството се фаќа под рака со пропагандата

на 30. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Весел Мемеди, Зијадин Села и Гзим Острени се радуваат што ја „фаќаат раката“ на Али Ахмети (ВИДЕО)

По пристигнувањето на состанокот организиран од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој сака да ги соедини албанските партии, собирајќи ги на една маса и означувајќи на тој начин и еден историски момент, албанските лидери седнаa да разговараат и од оваа средба да излезат со еден став околу тоа како да се направи коалиција со македонскиот блок. Ахмети, придружуван од потпретседателката на партијата, Теута Арифи, ги пречека Зијадин Села, Гзим Острени и Весел Мемеди и нивната средба само што почна зад затворени врати за медиумите, при што на крај на средбата лидерите ќе одржат конференција за новинарите на која ќе

„Крвта“ во насловот ја нема во текстот

на 30. 12. 2016 | |

[Рецензија: (ФОТО) Страшна сообраќајка кај Струмица – Крв на сите страни]

  Сензационалистички наслов и лоша илустрација – морничава фотомонтажа се главната одлика на овој текст. Насловот манипулира со читателите и изнесува невистинити информации. Се тврди дека се случила сообраќајна несреќа која во насловот се опишува како „страшна“, но во текстот нема објаснување зошто се извлекла таква констатација. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Страшна сообраќајка кај Струмица – Крв на сите страни Датум и време на објавување: 25.12.2016 Датум на рецензирање: 30.12.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ПРОБЛЕМАТИЧЕН НАСЛОВ

Насловот тврди дека имало „крв на сите страни“, но во текстот се вели дека „нема информации за повредени или загинати“. Доколку немало повредени или загинати, а во случајов не се знае

Текст кој погрешно го информира читателот

на 30. 12. 2016 | |

[Рецензија: Македонец ќе оди во затвор оти го навредил Ердоган на Фејсбук!?]

  Текстот што го рецензираме во целина е добро напишан, но она што му е недостаток е погрешната информација што ја дава во последната реченица. Написот најверојатно е преземен и притоа можеби е направена ненамерна грешка. Линк до оригиналниот написМакедонец ќе оди во затвор оти го навредил Ердоган на Фејсбук!? Датум и време на објавување: 28.12.2016 Датум на рецензирање: 30.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот информира за барањето на турската амбасада во Скопје, македонското јавно обвинителство да отвори предмет против државјанин на Македонија, кој воедно е и турски државјанин, затоа што на социјалните мрежи пишувал недолични работи со кои ја навредил Република Турција и

Новинарството како средство за расчистување политички есапи

на 30. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Лоша вест за Aлбанците, добра за ВМРО: ДУИ привремено зема две важни позиции

  Утре ДИК ќе ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори, а во 14 часот официјални претставници ќе ги земат и уверенијата за пратеници. Бидејќи изборите и официјално ќе се прогласат за завршени, министрите од СДСМ ќе бидат разрешени од нивната позиција, а на нивно место ќе се постават замениците министри. Потоа почнува составувањето на Собранието кое ќе го води Бранко Манојловски до избирање на новиот спикер. На местото на Оливер Спасовки во МВР ќе седне заменикот Агим Нухиу, додека во Министерството за труд ќе седне Ибрахим Ибрахими од партијата на Амди Бајрам. Имајќи предвид дека Албанците обично имаат поголеми проблеми со ресорите што

Пропаганда и непотребен триумфализам

на 30. 12. 2016 | |

[Рецензија: МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ПОРАЗИ СДСМ: Не можете да ја украдете волјата на народот – ВМРО-ДПМНЕ е мандатар!]

  Кога се чита текстот, човек не е на чисто за што станува збор, дали е ова медиумско писание или стилизирана веризја на прогласот на ВМРО-ДПМНЕ. Сите политички фрустрации и стравови од исходот на прегласувањето во Теарце се како од синџир пуштени, целосно е изгубена границата меѓу тоа што е напис, а што партиски памфлет со пропагандистичка мисија. Ова е материјал што ги урива безмалку сите критериуми и стандарди на професијата како да се кугларски кегли. Со други зборови, станува збор за партиско-медиумски „булдожер“.  Линк до оригиналниот напис: МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ПОРАЗИ СДСМ: Не можете да ја украдете волјата на народот –

Прераскажувањето на невистините не е новинарство!

на 29. 12. 2016 | | sq

 

Напис – Курир: Мухамед Зекири и Петар Шилегов сакале да предизвикаат проблеми во Теарце

„Курир“ пишува дека Петар Шилегов придружуван од членови на извршниот комитет на СДСМ, Мухамед Зекири и Едмонд Адеми, денеска престојувал во Теарце, во делот од селото каде што живеат мнозинство Албанци, во обид да предизвикаат инциденти поради кои би се нарушил изборниот процес, пишува „Курир“, а пренесува „Флака инфо“. Понатаму, порталот пишува дека откако не успеале да го расипат изборниот процес, Шилегов си заминал, а во селото останал Мухамед Зекири, кој е виден како зборува со Џабир Дерала од „Цивил“, кој во 19 часот изјави дека имало нерегуларности, пишува „Курир“/Флака инфо/  

[Рецензија – Курир: Мухамед Зекири и Петар Шилегов сакале да предизвикаат проблеми во