Рецензии

Невистинита и тенденциозна насловна конструкција

на 29. 12. 2016 | |

[Рецензија: Последен работен ден за Спасовски и Ременски – Владата се чисти од пржинските пучистички натрапници]

  Имаме четиво кое сака да долови ефект на некаква си узурпација во Владата, предизвикана од присуството на министрите и на дополнителните заменици-министри – мерка предвидена со низа меѓупартиски договори. Текстот целосно ја занемарува реалната ситуација, како и неспорниот факт дека ВМРО-ДПМНЕ се согласи со таквиот чекор и дека самиот Никола Груевски се потпиша на документот. Оттука, за какви натрапници се зборува, какви тоа шарени приказни ѝ се сервираат на јавноста?!  Линк до оригиналниот напис: Последен работен ден за Спасовски и Ременски – Владата се чисти од пржинските пучистички натрапници Датум и време на објавување: 27.12.2016, 14:10 Датум на рецензирање: 28.12.2016 Рецензент: Владимир Мирчески    

Нема „манипулации“, има само следење на однесувањето на лица во и околу ВМРО-ДПМНЕ

на 28. 12. 2016 | |
  [Рецензија: Дали странците треба да се загрижени кога ВМРО им се заканува]   Она што ја поттикна оваа рецензија е соопштението до јавноста од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во кое е изразена „остра осуда на манипулаците“ објавени во текстот „Дали странците треба да се загрижени кога ВМРО им се заканува“, на новинската агенција „Мета“. „Остра осуда на манипулациите“ е сериозна квалификација која не може да се пренебрегне, па оттаму „Сервис за проверка на фактите во медиумите“ (СПФМ) пристапи кон внимателна рецензија на агенциската анализа, која се потпира на повеќе индикативни случки, настапи и изјави од поблиското минато, а кои ја доведуваа во прашање безбедноста на странските дипломати и нивните претставништва во Република Македонија. Медиумската содржина што ја рецензираме е

Манипулативен наслов

на 26. 12. 2016 | |
 

[Рецензија: ДИК ја продолжи фарсата на Управниот суд, во Теарце ќе се прегласува]

  Наслов извлечен од најтемните сокачиња на партискиот спин-ум задолжен да манипулира, а не да информира. Притоа, не само што ги занемарува основните еснафски принципи на однесување, туку и ги заташкува правните односи во државата и значењето на одлуките на Управниот суд и нивното евентуално неспроведување. Линк до оригиналниот напис: ДИК ја продолжи фарсата на Управниот суд, во Теарце ќе се прегласува Датум и време на објавување: 21.12.2016 15:00 Датум на рецензирање: 24.12.2016 Рецензент: Владимир Мирчески    

КОРЕНТЕН ТЕКСТ – НЕКОРЕКТЕН НАСЛОВ

Накусо, имаме коректен текст со ептен некоректна насловна конструкција. Една маана, ама вредна, зашто знаеме дека насловот е тоа што го „продава“ написот кај публиката.

Професионално недокажана и неадресирана омраза

на 23. 12. 2016 | | sq

 

Напис – „ФОТО: Еве што им посакува Ордановски на граѓаните“

Скопје, 19 декември – Говор на омраза и обиди за поделба на граѓаните на партиска основа. Сето ова ги карактеризира изјавите на експертите и на аналитичарите блиски со Сорос и со опозициските медиуми. Луѓето блиски со Сорос и со СДСМ на активен начин ги употребуваат социјалните мрежи за да ги претстават своите ставови, ако може да се сметаат за такви бројните закани, говорот на омраза кои редовно се  дел од секојдневниот вокабулар на Сорос и на СДСМ. Братот на Сашо Ордановски кој се претставува како аналитичар го употребува „Твитер“ под псевдонимот MindPlumber. Тој редовно ги објавува своите „ставови“ во кои составен дел е говорот на омраза и вулгарноста. Од

Веста исчезнува кога нема соодветни факти

на 22. 12. 2016 | | sq

Напис: Исчезнаа канделабрите од 100 илјади евра од мостот „Мајка Тереза“

Скопје, 20 декември – Канделабрите на мостот Мајка Тереза кај Академијата за образование и наука, кои беа поставени на почетокот од оваа година, исчезнале, според тоа што може да се види на фотографиите, информира „Журнал“. Во јануари оваа година, кога се менуваа старите канделабри, од Град Скопје беше дадено објаснување дека постојните не се ниту расипани, ниту уништени, туку, едноставно за да се постигне еден поосветлен амбиент, тие се сменети. Медиумите тогаш известија дека за новите канделабри се дадени 100 илјади евра како што беше наведено во огласот за тендер за јавно осветлување.  

[Рецензија: Исчезнаа канделабрите од 100 илјади евра од мостот „Мајка Тереза“]

Да се рече „опа“

Мегашпекулација претставена како мегаскандал

на 22. 12. 2016 | |

[Рецензија: МЕГА-СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Една судијка од Управен суд искеширана со 400.000 евра од СДСМ?]

  Манипулативна шпекулација без докази и потврдени информации. Едностран и коментаторски текст, пласиран под превезот „мега скандал“. Напис кој без ниту еден извор, а уште помалку доказ, тврди и обвинува дека судијка на Управен суд примила поткуп од 400.000 евра, ни помалку ни повеќе туку од СДСМ. Линк до оригиналниот напис: МЕГА-СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Една судијка од Управен суд искеширана со 400.000 евра од СДСМ? Датум и време на објавување: 20.12.2016 Датум на рецензирање: 22.12.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НЕДОСТИГААТ ДОКАЗИ

Текстот тенденциозно го нарушува угледот на судијката без притоа да понуди докази. Со вакви изнесени обвинувања не постигнува ништо друго освен што ја дискредитира

Интервју на Зекири извадено од контекст

на 22. 12. 2016 | |

[Рецензија: Зекири отворено му се закани на Заев: Не се ангажирав за да не се спроведе двојазичноста!]

  Текстот е класичен пример за вадење изјави од контекст  и за правење спин кој има цел да прикаже слика што кореспондира со перцепцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во него се грубо прекршени  стандардите на професионално исправното новинарство, кои подразбираат дека основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и при пренесувањето на информациите да бидат чесни, објективни и точни. Линк до оригиналниот напис: Зекири отворено му се закани на Заев: Не се ангажирав за да не се спроведе двојазичноста!  Датум и време на објавување: 13.12. 2016 Датум на рецензирање: 21. 12. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

МАНИПУЛИРАЊЕ

Насловот: „Зекири отворено му се

Демистифицирање на спинот за федерализација

на 22. 12. 2016 | |

[Рецензија: РЕПОРТАЖА: ЗОШТО ДУИ ГО ИЗГУБИ АРАЧИНОВО]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е коректен и професионално сработен. Тој го разбива спинот кој беше во фокусот на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и на медиумите кои ѝ се наклонети, дека Албанците гласале за СДСМ заради тоа што лидерот на партијата, Зоран Заев, наводно, им ветувал федерализација на земјата и двојазичност на ниво на цела држава. Линк до оригиналниот напис: РЕПОРТАЖА: ЗОШТО ДУИ ГО ИЗГУБИ АРАЧИНОВО Датум и време на објавување: 19.12.2016 Датум на рецензирање: 21.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

РЕАЛНА СЛИКА

И сето тоа е направено низ една убаво склопена репортажа од Арачиново, при што на наративен јазик на читателот му е доловена атмосферата во оваа приградска скопска општина

Глорификација на Груевски!

на 21. 12. 2016 | |

[Рецензија: Аналитичари – Синоќешниот говор на Груевски беше храбар, моќен и одлучен]

  Материјал со серија фабрички грешки: што суштински, што граматички. Текст кој едноставно е навреда за интелегенцијата на публиката. Ај што еден човек ни се претставува во множина, демек станува збор за аналитичари, a всушност тој самиот  го брани воинствениот проглас на ВМРО-ДПМНЕ, туку е експерт вдомен во државна институција, благодарение токму на пратеничките гласови на таа иста ВМРО-ДПМНЕ. Како велат? „Едната рака ја чеша другата“?  Линк до оригиналниот напис: Аналитичари – Синоќешниот говор на Груевски беше храбар, моќен и одлучен  Датум и време на објавување: 18.12.2016,  17:39  Датум на рецензирање: 20.12.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

АНАЛИТИЧАР: „БРАВО ШЕФЕ“!

Навистина иритира кога некој се обидува преку вакви медиумски производи

Флертување со партиите преку мамење на читателите

на 21. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Кој повеќе флертува со Али Ахмети, Весел Мемеди или Билал Касами?

Дваесет и двегодишнината на ДУТ ги соедини лидерите на партиите. На една манифестација на доделување на наградата „Doktor Honoris Causa“, претседателот на Косово, Хашим Тачи, Али Ахмети и Мендух Тачи седнаа еден до друг, како што ретко може да се видат заедно лидерите на албанските политички партии. На оваа годишнина на ДУТ по парламентарните избори може да ги видиме Али Ахмети , лидер на ДУИ, Билал Касами, лидер на Беса, и лидерот на НДП, Весел Мемеди. По објавувањето на оваа слика, по социјалните мрежи почна на големо да се дискутира и да се коментира околу тоа кој повеќе флертува со Али Ахмети, Весел Мемеди или, пак, Билал