verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулативен наслов

on 26 - 12 - 2016       

 

republika

[Рецензија: ДИК ја продолжи фарсата на Управниот суд, во Теарце ќе се прегласува]

 

Наслов извлечен од најтемните сокачиња на партискиот спин-ум задолжен да манипулира, а не да информира. Притоа, не само што ги занемарува основните еснафски принципи на однесување, туку и ги заташкува правните односи во државата и значењето на одлуките на Управниот суд и нивното евентуално неспроведување.

1111Линк до оригиналниот напис: ДИК ја продолжи фарсата на Управниот суд, во Теарце ќе се прегласува

Датум и време на објавување: 21.12.2016 15:00

Датум на рецензирање: 24.12.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

КОРЕНТЕН ТЕКСТ – НЕКОРЕКТЕН НАСЛОВ

Накусо, имаме коректен текст со ептен некоректна насловна конструкција. Една маана, ама вредна, зашто знаеме дека насловот е тоа што го „продава“ написот кај публиката. Веројатно, затоа и така е „искована“ формулацијата – за да привлече повеќе читатели и да им продаде наменски „ветер и магла“, форсирајќи политика наместо правни факти. Работата е, демек Управниот суд со тоа што прифатил една тужба на опозицијата направил фарса која, пак, ја продолжува Државната изборна комисија со тоа што решила да се прегласува на едно изборно место во Теарце?!

„ДИК ја продолжи фарсата на Управниот суд, во Теарце ќе се прегласува“

Вакво нешто може да се каже поради незнаење или доколку намерно да се занемари фактот дека  одлуките на Управниот суд се конечни и дека ДИК треба да ги спроведе.

Државната изборна комисија по службена должност или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место во случаите од член 151 став (1) алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 6. Државната изборна комисија во случаите од став (1) алинеи 1, 2, 5 и 6 од член 151, при одлучување по приговори ако фактите на кои се упатува во нив се внесени во записникот, е должна да изврши увид во целокупниот изборен материјал. Државната изборна комисија со решение ќе го повтори гласањето на гласачките места каде што гласањето е поништено, само ако вкупниот број на запишани избирачи на тие избирачки места на ниво на изборна единица влијае врз вкупните резултати. Против решението од член 151 ставови (1) и (2) може, во рок од 24 часа од приемот на решението, да се поднесе тужба до Управниот суд преку Државната изборна комисија. Управниот суд е должен да постапи по тужба во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Гласањето на гласачкото место кое е поништено ќе се повтори по 14 дена од денот на гласањето –  член 151 од Изборниот законик.

Управниот суд донесе одлука по тужбата на опозицијата и таа одлука ДИК мора да ја спроведе. Значи правната процедура е запазена.

А тоа што насловот сугерира мислење дека ДИК на „своја рака“ да си продолжува нечија фарса, е чиста манипулација.

Колку за споредба, ќе наведеме што, според светски стандарди (Универзитет „Колумбија“), треба да поседува еден наслов за да биде како што треба:

  • да биде точен;
  • да биде лесно разбирлив;
  • да привлекува вимание;
  • да соодветствува на тонот во написот.

Во кокретниот случај, насловната конструкција не е ниту точна, ниту соодветствува на текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

во насловот

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести