Рецензии

Шпекулативен, тенденциозен и оцрнувачки текст

на 9. 01. 2017 | |
 

[Рецензија: ДНО ОД ЧОВЕК: Маричиќ на платен список на Сорос, заработува милиони и излегува да го критикува интервјуто на Груевски во улога на експерт!]

  Во текстот што го рецензираме се изнесуваат лични навреди и обвинувања за директорот на Центарот за европско образование (МЦЕО), Бојан Маричиќ, без да бидат понудени факти за тоа. Насловот е тенденциозен и ја дезинформира јавноста во однос на заработките на Маричиќ бидејќи за „милионските суми“ нема докази, туку само бројки, податок за кој не се знае од каде потекнува. Директорот на МЦЕО е претставен и како критичар на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, што, всушност, е поводот и за овој дискредитирачки напис. Кон Маричиќ се упатуваат и лични навреди, при што во насловната конструкција

Вест „стопена“ во коментари со тенденциозен пристап

на 9. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Дали се „топи“ движењето Беса во Дебар

Новиот политички субјект, движењето Беса, кој изненади со својот резултат на изборите во Македонија, немаше ист резултат и во Дебар, каде што се нареди како четврта сила пред која се СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ. Во разгранокот на движењето Беса во Дебар се појавило незадоволство меѓу членовите на раководството и на нејзините основачи кон актуелниот претседател на разгранокот, кого го обвинуваат дека дејствува диригиран од некој друг, „претседателот во сенка“, за кого велат дека игра двојна улога, а диригираниот претседател, кога станува збор за лични прашања, позицијата на претседател ја меша со диктаторските системи, „не прашувајќи за ничие мислење“. За подетални информации и текот на настаните ќе бидете информирани

На лагата ѝ се кратки нозете!

на 9. 01. 2017 | | sq
 

[Рецензија: Соросовиот „Либертас“ со уште една тешка лага: Книгата на Трамп јавно достапна, ја има во „Сити мол“ во Скопје]

Написот што го рецензираме, брзајќи да го одбрани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и да нападне друг медиум, нагласувајќи дека е „Соросов“, не обрнал внимание на тоа што го пишува и на фактите што им ги нуди на читателите. Линк до оригиналниот напис: Соросовиот „Либертас“ со уште една тешка лага: Книгата на Трамп јавно достапна, ја има во „Сити мол“ во Скопје Датум и време на објавување: 05.01.2017 Датум на рецензирање: 08.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска   Сакајќи да побие еден напис, текстот самиот напаравил голема грешка. Имено, тенденцијата на написот се гледа уште во самиот наслов во кој

Текст граден како куќа без темели

на 9. 01. 2017 | |

[Рецензија: Струмица нема мерна станица за загаден воздух, Заев на чист воздух на Халкидики]

  Овој текст е поставен како куќа без темели. Чиниш, имаме градба почната од покривот надолу, оставена без фундаменти. Спротивно на стандардите на професијата, четивото е пишувано наопаку – удрена е теза како покрив на куќа, а откако ќе се прочита написот, се гледа дека аргументите – темелите за тврдењата, кои се обвинувања – едноставно ги нема.  Линк до оригиналниот напис: Струмица нема мерна станица за загаден воздух, Заев на чист воздух на Халкидики  Датум и време на објавување: 04.01.2017,   10:22  Датум на рецензирање: 07.01.2017  Рецензент: Владимир Мирчески    

ПАРТИСКА РАВЕНКА СО ПРОМАШЕНИ (НЕ)ПОЗНАТИ

 Равенката што ни се нуди е следнава: (Струмица+загаденост) х (немање мерна станица)

„Кардашијанизација“ на медиумите во служба на политиката

на 9. 01. 2017 | | sq

Напис: “Ким Кардашијан” и неговите медиуми!?

  Скопје 25 декември – Обединувањето на албанските лидери на средбата што ја одржаа денеска изгледа некому му пречи многу, па дури и се заложиле многу за оваа средба воопшто да не се случи, известува „Журнал“. Медиумите на „Ким Кардашијан“ денеска отидоа толку далеку со написи од лидерската средба која беше за добра цел за Албанците, но сето ова и не некакво чудо што порталите за кои се знае дека се под влијание на „Ким Кардашијан“, намерно креваат толкава  врева за Албанците никогаш да не можат да се обединат, иако сега имаат историска шанса да се појават пред македонскиот блок за остварување на барањата за добро на Албанците. Од написите што сме ги читале

Иконите „плачат“ или се прават сензации?

на 5. 01. 2017 | |

[Рецензија: Се повтори чудото во Трубарево, солзи од иконата на Богородица]

  Опис на чудо или подлегнување на сензационализам според принципот на помал отпор? Ова е дилемата што се наметнува на прв поглед кога ќе се прочита написот што го рецензираме. Се работи за релативно познат тип на сензационалистички написи, кој зачестено се повторува последниве десетина години, а тоа се религиски чуда од разни видови. Притоа, доминираат таканаречените чудотворни икони, кои носат среќа, лекуваат болести, се чистат самите или лачат непозната течност, која православната црква ја нарекува „миро“, како што е во случајот што се опишува во овој текст. Линк до оригиналниот напис: Се повтори чудото во Трубарево, солзи од иконата на Богородица Датум и време на објавување: 2.01.2017 Датум

Накалемен сензационален наслов за повеќе кликнувања

на 5. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Шокирани: Еве кој го издаде семејството Шумахер!]

  Наш читател ни предложи да направиме рецензија на овој текст, бидејќи, како што посочува самиот: „Насловот имплицира дека во текстот ќе се открие личност, додека во текстот пишува дека станува збор за непознато лице. Очигледно наслов за лов на кликнувања и ништо повеќе“. Линк до оригиналниот написШокирани: Еве кој го издаде семејството Шумахер! Датум и време на објавување: 22.12.2016 Датум на рецензирање: 05.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска  

„ШОКОТ“ ОД НАСЛОВОТ ГО НЕМА ВО ТЕКСТОТ

Неговата забелешка е на место и токму затоа го прифативме неговиот предлог. Имено, насловот на текстот е сензационален и навестува дека е познато лицето што на медиумите им нуди фотографии од Шумахер како лежи во

Извртена изјава од Фрчкоски, претставена како став на СДСМ

на 5. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: „План за живот“ на СДСМ: Затворање на факултети, бркање на студенти и професори на улица]

  Манипулативен и едностран текст кој преку испревртување на фактите и додавање неточни информации, конструира една лажна слика преку која се наведува читателот да оформи негативен став за СДСМ. Линк до оригиналниот напис: „План за живот“ на СДСМ: Затворање на факултети, бркање на студенти и професори на улица Датум и време на објавување: 02.01.2017, 10:44 Датум на рецензирање: 04.01.2017 Рецензент: Симона Атанасова  

МАНИПУЛАЦИЈА

Текстот свесно ја манипулира јавноста дека СДСМ, доколку дојде на власт, ќе ги затвори дисперзираните факултети, ќе ги избрка студентите и сите професори на улица: „Илјадници семејства сè уште се сеќаваат на отказите и мачниот живот кој им го сервира

Спинување со „искасапени“ изјави

на 4. 01. 2017 | |

[Рецензија: Екологистите со низа навреди и небулозни тврдења во етерот]

Непрофесионален напис кој се базира на неиздржани тврдења и на коментари, а главниот напад кон прозваните еколози се базира на „искасапени“ сегменти од една емисија емитувана на друг медиум. И наместо на забелешките на еколозите изнесени во делови од преземената емисија да се понудат реакции – изјави  од компетентни соговорници, се изнесуваат тенденциозни коментаторски реплики, при што клучниот „аргумент“ е дека прозваните еколози не се од Охрид! Линк до оригиналниот напис: Екологистите со низа навреди и небулозни тврдења во етерот Датум и време на објавување: 27.12.2016 Датум на рецензирање: 03.01.2017 Рецензент:Александар Пешев

 

ЕДНОСТРАНОСТ И ПРИСТРСНОСТ

На самиот почеток на текстот се нижат тврдења за кои нема аргументи или барем

Кармакаша со „аналитичарите“

на 4. 01. 2017 | |

[Рецензија: Планот за живот во Македонија на СДСМ со украдени и веќе реализирани проекти]

  Медиумската содржина што ја рецензираме, можеби, имала убава идеја: да направи споредбена анализа на изборните политички програми на двете најголеми партии, претенденти на „престолот“. Убаво е и тоа што во најавата се кажува дека анализата се потпира на мислења и на оценки на аналитичари. Тоа, вообичаено, на ваков тип новинарски текстови им дава веродостојност. Но, првиот пропуст, а некој тоа може да го нарече и измама, е фактот што кога ќе го прочитате текстот сфаќате дека наместо „аналитичари“ во множина, текстот се повикува само на една „аналитичарка“, која со повеќегодишните и многубројни медиумски и јавни настапи, не отстапува од трендот да ги поддржува владините политики.