verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мегашпекулација претставена како мегаскандал

on 22 - 12 - 2016       

infomax

[Рецензија: МЕГА-СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Една судијка од Управен суд искеширана со 400.000 евра од СДСМ?]

 

Манипулативна шпекулација без докази и потврдени информации. Едностран и коментаторски текст, пласиран под превезот „мега скандал“. Напис кој без ниту еден извор, а уште помалку доказ, тврди и обвинува дека судијка на Управен суд примила поткуп од 400.000 евра, ни помалку ни повеќе туку од СДСМ.

mega-skandal-na-povidok-edna-sudijka-od-upraven-sud-iskeshirana-so-400-000-evra-od-sdsm-infomax-mkЛинк до оригиналниот напис: МЕГА-СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Една судијка од Управен суд искеширана со 400.000 евра од СДСМ?

Датум и време на објавување: 20.12.2016

Датум на рецензирање: 22.12.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НЕДОСТИГААТ ДОКАЗИ

Текстот тенденциозно го нарушува угледот на судијката без притоа да понуди докази. Со вакви изнесени обвинувања не постигнува ништо друго освен што ја дискредитира судијката и притоа го намалува значењето на нејзината работа и одлуките што се донесуваат во судот.

„Снежана Трповска е судијката за која се зборува дека била искеширана со 400 илјади евра за да гласа за приговорот на СДСМ за прегласување во Теарце на ИМ 2011. Парите биле дадени во текот на минатата вечер во црна вреќа, посредник бил Вице Заев, а конекцијата бил сопругот на Трповска“.

Се спомнуваат кеш пари, црни вреќи и братот на Заев, Вице Заев. За ова нема апсолутно никаков доказ. Ниту слика од црната вреќа со парите, ниту од Вице Заев со судијката Снежана Трповска или, пак, нејзиниот сопруг. Се вели дека објавеното е „мега скандал“, а текстот нема ниту еден извор кој го потврдува оваа обвинување ниту, пак, има каков било конкретен доказ.

„Во Куманово, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во кабинет на директорката Марина Манојловска, еден од ново избраните пратеници од СДСМ Максим Димитриевски, искоментирал дека успеале СДСМ да завршат работа на Управен Суд“.

Целиот текст е базиран на некакво озборување, дека некој некого, наводно, некаде слушнал дека некој нешто искоментирал. Сето ова е можеби целосно измислено и намерно конструирано за да се манипулира јавноста. Никој со изјава не потврдува дека Димитриевски кажал вакво нешто и што, всушност, мислел со тоа што го кажал, ако навистина го кажал.

Текстот е целосно едностран. Воопшто не е застапена другата страна. Нема изјава од судијката Снежана Трпевска, која текстот веќе ја осуди за поткуп, нема изјава од СДСМ ниту, пак, од Зоран Заев или неговиот брат Вице Заев. Освен што нема нивни изјави, во текстот не е посочено дека медиумот воопшто стапил во контакт со нив и се обидел да ја чуе втората страна. Во написот воопшто не се запазени принципите што ги предвидува новинарскиот кодекс туку, напротив, грубо се прекршуваат за да се манипулира јавноста и да се деградира одредена личност.

Овој материјал, инаку, е преземен од друг интернет-портал, соодветно е атрибуиран, но не е соодветно линкуван. Оригиналниот текст, исто како овој, не нуди ниту еден единствен доказ за обвинувањето ниту, пак, е наведен авторот на текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести