verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Интервју на Зекири извадено од контекст

on 22 - 12 - 2016       

republika

[Рецензија: Зекири отворено му се закани на Заев: Не се ангажирав за да не се спроведе двојазичноста!]

 

Текстот е класичен пример за вадење изјави од контекст  и за правење спин кој има цел да прикаже слика што кореспондира со перцепцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во него се грубо прекршени  стандардите на професионално исправното новинарство, кои подразбираат дека основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и при пренесувањето на информациите да бидат чесни, објективни и точни.

zekiri-otvoreno-mu-se-zakani-na-zaevЛинк до оригиналниот напис: Зекири отворено му се закани на Заев: Не се ангажирав за да не се спроведе двојазичноста! 

Датум и време на објавување: 13.12. 2016

Датум на рецензирање: 21. 12. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

МАНИПУЛИРАЊЕ

Насловот: „Зекири отворено му се закани на Заев: Не се ангажирав за да не се спроведе двојазичноста!“, е сензационален и претставува слободно толкување на делови од интервјуто на поранешниот новинар и иден пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири, за агенцијата „Анадолија“.  Уште тука се наѕираат спинувачките елементи што следуваат во текстот.

„Членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, вели дека двојазичноста што ја ветува опозицискиот лидер Зоран Заев не е трик за привлекување на гласовите на Албанците“.

Во главата на веста се манипулира со изјава од споменатото интервју на Зекири, која е извадена од контекст за да се поентира дека тврдењата на владејачката партија за време на предизборната кампања (дека Заев, наводно, се залагал за „двојазичност на цела територија“) се вистинити. Всушност, овој фрагмент од интервјуто на Зекири следува по неговиот исказ дека станува збор за права кои се загарантирани со Уставот, а не некои нови права, како што алудира спинуваниот текст.

„Во однос на предизборните ветувања на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за фер земја каде што Албанците ќе ги имаат правата загарантирани со Устав, како што е употребата на јазикот, Зекири е убеден дека тие не се трик за привлекување на гласовите и дека тој ќе биде силен глас на Албанците во СДСМ“.

 

ВИРТУЕЛНИ АНАЛИТИЧАРИ

На крајот на текстот се вели дека „аналитичарите коментираат“, но никаде не се посочува кои се тие аналитичари, ниту со име и презиме или барем нивно професионално лоцирање. Ваквите фрази најчесто се користат за затскривање лични ставови и за поентирање. Тоа може да се заклучи и од последната реченица, во која се вели дека партијата „давала“ донации по џамии, но за ваквите тврдења нема изнесено ниту извор, ниту потврда, туку се затскрива под терминот „неофицијални“. И во вакви случаи, изворот мора да биде барем лоциран, доколку сака да биде анонимен или, пак, не сака официјално да ги презентира податоците. Во вакви случаи неофицијалните информации мора да се истражат и да се докажат пред да бидат објавени.

Вака составениот напис е во спротивност со принципите утврдени во Кодексот на новинарите кој, меѓу другото, налага дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации и да не прикрива суштински податоци, да го назначи изворот на информациите, да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести