verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веста исчезнува кога нема соодветни факти

on 22 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-182-zhduken-kendellat-100-mije-euro-nga-ura-n_-http___www-zhurnal-mk_content_

Напис: Исчезнаа канделабрите од 100 илјади евра од мостот „Мајка Тереза“

Скопје, 20 декември – Канделабрите на мостот Мајка Тереза кај Академијата за образование и наука, кои беа поставени на почетокот од оваа година, исчезнале, според тоа што може да се види на фотографиите, информира „Журнал“.

Во јануари оваа година, кога се менуваа старите канделабри, од Град Скопје беше дадено објаснување дека постојните не се ниту расипани, ниту уништени, туку, едноставно за да се постигне еден поосветлен амбиент, тие се сменети.

Медиумите тогаш известија дека за новите канделабри се дадени 100 илјади евра како што беше наведено во огласот за тендер за јавно осветлување.

 

[Рецензија: Исчезнаа канделабрите од 100 илјади евра од мостот „Мајка Тереза“]

Да се рече „опа“ без да се направи – скок! Или, пак, од новинарска гледна точка, да се напише вест без да се соберат сите информации и да се проверат засегнатите страни. Текстот што го рецензираме можеби е од јавен интерес, но не е напишан за целосно информирање на јавноста. Ова го кажуваме имајќи предвид дека не е испочитувано начелото за балансирано информирање, односно не е побаран став од надлежните страни. Поради ова, сметаме дека оваа вест е некомплетна.

„Канделабрите на мостот Мајка Тереза кај Академијата за образование и наука, кои беа поставени на почетокот од оваа година, исчезнале, според тоа што може да се види на фотографиите, информира ’Журнал’“.

 

zhduken-kendellat-100-mije-euro-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Исчезнаа канделабрите од 100 илјади евра од мостот „Мајка Тереза“

Датум и време на објавување: 20.12.2016

Датум на рецензирање: 21.12.2016

Рецензент: Адриан Керими

Веста е напишана врз основа на само една фотографија која го нема потребниот квалитет и не дава точно објаснување за местото за кое се зборува во текстот. Оваа аматерска снимка е употребена колку да се состават неколку реченици, во овој случај – да се напише една вест, која не информира на правилен начин.

„Во јануари оваа година, кога се менуваа старите канделабри, од Град Скопје беше дадено објаснување дека постојните не се ниту расипани, ниту уништени, туку, едноставно за да се постигне еден поосветлен амбиент, тие се сменети“.

Во текстот е спомнат и Град Скопје, но, за жал, новинарот не се потрудил да пренесе и став од надлежните лица на Град Скопје за да објаснат или, пак, да изнесат свои ставови за спомнатите проблеми. Во ниеден дел од текстот не се покажува дали новинарот бил на местото на настанот или, пак, веста ја напишал без да го посети теренот, туку едноставно зел фотографија направена од некој читател или обичен граѓанин кој побарал помош за овој проблем. Со овој текст редакцијата не ја завршила докрај својата задача и улога.

„Медиумите тогаш известија дека за новите канделабри се дадени 100 илјади евра како што беше наведено во огласот за тендер за јавно осветлување“.

Од овој пасус се гледа дека текстот има и заднина во врска со темата за која се пишува, но нема содржина. Се спомнува цената на осветлувањето на мостот Мајка Тереза, но не се дадени детали околу тоа кога е завршено осветлувањето на овој мост и дали во буџетот за 2016 година се предвидени средства за негово одржување.

Освен од професионален аспект, текстот изобилува со бројни други големи грешки. Македонската академија на науките и уметностите е наречена Академија за образование и наука, а во текстот се употребени и поими кои се вметнати како последица на технички грешки и правописни грешки, било да се тоа од аспект на структурата на речениците или, пак, од стилски аспект.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести