verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема „манипулации“, има само следење на однесувањето на лица во и околу ВМРО-ДПМНЕ

on 28 - 12 - 2016       

meta

 

[Рецензија: Дали странците треба да се загрижени кога ВМРО им се заканува]

 

Она што ја поттикна оваа рецензија е соопштението до јавноста од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во кое е изразена „остра осуда на манипулаците“ објавени во текстот „Дали странците треба да се загрижени кога ВМРО им се заканува“, на новинската агенција „Мета“.

„Остра осуда на манипулациите“ е сериозна квалификација која не може да се пренебрегне, па оттаму „Сервис за проверка на фактите во медиумите“ (СПФМ) пристапи кон внимателна рецензија на агенциската анализа, која се потпира на повеќе индикативни случки, настапи и изјави од поблиското минато, а кои ја доведуваа во прашање безбедноста на странските дипломати и нивните претставништва во Република Македонија.

Медиумската содржина што ја рецензираме е најблиску до анализата како новинарски жанр. Една од карактеристиките на тој новинарски формат им овозможува на новинарите, со помош на архивските записи и со помош на новинарското искуство, да создадат слика која се избиструва благодарение на поврзувањето на индикативните точки од записите и од искуството, за да се откријат трендови или одредени обрасци на однесување од кои можат да се извлечат одредени заклучоци.

Таа постапка е применета и во оваа анализа и во неа треба да се побараат евентуалните „манипулации“ на кои се повикува партијата во својата реакција до јавноста.

Во текстот се посочени дузина настани и политички настапи од 1999 година до денес и првиот индикатор што ги поврзува е дека сите тие се случиле или се случуваат во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Особено драматичен е нападот врз американската амбасада во 1999 година, кој во анализата на агенцијата „Мета“ е илустриран со извадок од мемоарите на тогашниот американски амбасадор Кристофер Хил. Само реторичко е прашањето за одговорноста на тогаш владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ), со оглед на тоа дека за безбедноста на странските амбасади во нивниот надворешен периметар, треба да се грижат надлежните институции на земјата домаќин. Што чекаше, или, што очекуваше тогашното раководство на Минстерството за внатрешни работи да се случи, за да интервенира дури откако беше скршена оградата на американската амбасада и дури откако толпата со јарболот за знаме ја пробиваше вратата на дипломатското претставништво, додека на 30 километри одалеченост, во базата Петровец, 75 маринци во полна борбена готовност, чекаа одобрување за интервенција?

http___meta-mk_dali-strantsite-treЛинк до оригиналниот напис: Дали странците треба да се загрижени кога ВМРО им се заканува

Датум и време на објавување: 23.12.2016, 16:40

Датум на рецензирање: 27.12.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ФАКТИ И НАСТАНИ

Дали е „манипулативно информирање на јавноста“, како што се оценува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ анализата на „Мета“, кога таа укажува дека, освен овој, екстремен случај, во годините што следуваа сите запаметени испади и напади врз претставници на меѓународната заедница главно доаѓаа од поддржувачи на политиките на партијата, како што се некои новинари или аналитичари. Како факти во анализата се наведени само некои од продуцираните говори на омраза кои поттикнуваат нетрпеливост, а, исто така, како факти се наведени и неколку случки и настапи што произлегоа и непосредно од дел од членови на партијата.

Анализата на агенцијата упатува, освен на настаните и на пројавите од поблиското минато, и на настапите на одделни претставници на партиската елита, како и од самото лидерство на партијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред насобраните партиски приврзаници пред ДИК соопшти дека „има информации за вмешување на некои странски претставници во правец на постизборен инженеринг“, порача дека нема да дозволи дипломати повеќе да се мешаат во внатрешните работи на Македонија и најави дека во иднина нема да учествува во преговорите помеѓу партиите доколку во нив се вклучени странски претставници. По овој настап, на интернет се појави „задушницата“ за странските дипломати во земјата во форма на посмртен некоролог.

Не постои правило кое одредува прецизно колку индикатори се потребни за да се формира однесување или тренд. Сепак, анализата на агенцијата укажува на сериозна низа од настани, настапи и од изјави на кои најмал заеднички именител им е – ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што партијата во соопштението, како аргумент на својата страна, наведува дека е единствената од партиите што јавно го осуди инцидентот кога на интернет осамнаа некролозите за десетина сегашни и поранешни странски амбасадори и дипломати, воопшто не ја порекнува насоката, однесувањето, од кои произлегува трендот, што е сосема легитимна новинарска постапка за една новинарска анализа, каква што е оваа што ја рецензираме.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести