Рецензии

Новинарство киднапирано од сензационализмот

на 15. 08. 2016 | | sq

 

 

 Напис: Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија?

Гостивар, 3 август – 31-годишниот Ќ.Х. и 21-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар во вторникот, околу 7.30 часот, киднапирале две деца на 15 и на 16-годишна возраст. Случајот се случил во планината над гостиварското село Врањовце, пренесува весникот „Лајм“. Едно од децата било врзано со јаже од страна на Ќ.Х., додека другото дете го држел Ќ.Џ. Случајот се случил поради тоа што тие ги обвинувале двете деца дека им ги украле нивните коњи. Исто така, на двете деца им упатиле закани по животот. Случајот бил пријавен во полиција, а против Ќ.Х. и Ќ.Џ. е поднесена кривична пријава. Инаку, граѓаните на Гостивар се жалат дека градот станал опасен за

Политичка парола има, информација нема!

на 15. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: ВИДЕО:Зоран Заев , денес им оддржа лекција на напудрените министерчина и на Груевски како се помага во настраданите подрачја]

Актуелен настан, исклучителни околности во кои се случува, со актер кој е високопрофилна политичка фигура, а веста која им се соопштува на читателите – нула. Се работи за веста дека претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, ги посетил поплавените делови на Скопје, донел помош и дури се фатил и самиот да помага во некои од куќите кои ги посетил со својата делегација. Веста, со сите детали, ја пренесоа бројни медиуми во земјата, но, за разлика од нив, ова писание се состои само од една единствена реченица, која е всушност став, односно мислење и не ги содржи потребните елементи што сочинуваат

Анонимна „ѕвезда“ употребена за новинарско-политичко гранатирање

на 15. 08. 2016 | | sq
   

[Рецензија: ФОТО: Наместо да се солидаризираат, бистрат политика- ова е Јапонија после поплава]

    Текст темелен на „анонимка“. Некој нешто напишал за поплавите на социјалните мрежи и од тоа е креиран напис. Неразбирливо е како некому му се дава врвен легитимитет пред публиката, а притоа не се соопштува кој е тој т.н. авторитет.     Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Наместо да се солидаризираат, бистрат политика- ова е Јапонија после поплава  Датум и време на објавување: 09.08.2016 10:59  Датум на рецензирање: 11.08.2106  Рецензент: Владимир Мирчески   МЕДИУМСКА РЕЛАТИВИЗАЦИЈА Ова е производ со неколку „вродени мани“. Прва на листата е фактот дека станува збор за нечиј коментар на социјалните мрежи во врска со дебатата дали и како можела да се

Напад сведен на нивото на нападнатиот

на 12. 08. 2016 | | sq
    [Рецензија: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАДЕ ОДИ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ПЉАЧКА НА БУЏЕТОТ ОД СТРАНА НА ГРУЈО И САШО МИЈАЛКОВ, МИЛЕНКО ГО ШИРИ СВОЕТО ЛЕГЛО НА ШАРПЛАНИНЦИ, СЕГА ОСТАНУВА УШТЕ ДА ПРОВЕРИМЕ КОЛКАВО ЛИ Е ЛЕГЛОТО СО КОЗИТЕ ПА ДАЛИ И ТОА СЕ ПРОШИРИЛО ЗА НЕКОЈА КОЗА ПЛУС И МЕТАР КВАДРАТЕН ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ]   Објавава не заслужува да се нарече напис, а уште помалку новинарски. Во неа се изнесени бројни навреди, податоци без поткрепа, а единствената цел е да го нападне Миленко Неделковски.   Линк до оригиналниот напис: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАДЕ ОДИ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ПЉАЧКА НА БУЏЕТОТ ОД СТРАНА НА ГРУЈО И САШО МИЈАЛКОВ, МИЛЕНКО ГО ШИРИ СВОЕТО ЛЕГЛО НА ШАРПЛАНИНЦИ, СЕГА ОСТАНУВА УШТЕ ДА ПРОВЕРИМЕ КОЛКАВО

Мешање баби и жаби за оправдување насилство

на 12. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: ВИДЕО: Еве како западните земји се справуваат со уфрлените провокатори како оние на Заев]

  Насловот, но и текстот што е предмет на рецензија, поттикнуваат на насилство, бидејќи на одреден начин се става во одбрана на придружникот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој физички нападна и удри лице кое му искажа забелешка на поранешниот премиер околу санирањето на штетите од невремето. Индиректно, текстот го поддржува ваквото однесување, бидејќи, од друга страна, не го ни осудува. Примерите од другите странски држави што се наведени во текстот се однесуваат на упади на лица на прес-конференции или јавни говори на светските политичари, што е сосема поинаков случај од примерот со Никола Груевски и неговата посета на поплавените подрачја. Притоа,

По секоја цена до свој јунак на денот!

на 12. 08. 2016 | |
   

Напис: Мајка и ќерка пронајдени живи среде остатоците од поплавата

Мајка и ќерка беа пронајдени вчера во поплавено поле во близина на обиколницата во Скопје. Бесим Весели од Хасанбег е човекот што им пружил помош. Тој раскажува за „Алсат М“ дека застанал на автопатот за да ги види штетите од поплавата, кога забележал во калта една човечка рака како бара помош. Тој објаснува дека кога се доближил, видел рака на жена од четириесетина години со нејзината мала ќерка покриени со кал. Откако ги извадил од калта, ги качил во неговиот автомобил и ги предал на Брза помош, која ја сретнал во населбата Маџари. Не ги прашал за нивните имиња, бидејќи, како што вели тој, тие биле многу уморни.“

Вест не се гради од гласини

на 12. 08. 2016 | | sq

 

Напис: Кој пукаше синоќа со „калашников “ во Тетово?

Пукотници од „калашников“ во Тетово синоќа ги вознемирија граѓаните. Пукотниците се слушнаа околу 20.50 часот и доаѓаа од Мала Речица. Според гласините, од еден автомобил БМВ со скопска регистрација е пукано близу еден локал во оваа населба. Се вели дека станува збор за израмнување сметки меѓу банди. Од полицијата нема ништо официјално до овие моменти./ Шќипмедиа.  

[Рецензија: „Кој пукаше синоќа со „калашников“  во Тетово?”]

Сериозноста на веста зависи од изворите врз кои таа почива. Доколку веста има цел да биде сериозна и во рамките на професиоалните стандарди, таа не може да се заснова на гласини. Линк до оригиналниот напис: „Кој пукаше синоќа со калашников  во Тетово?” Датум и време

Пропаганда во несреќа

на 12. 08. 2016 | | sq

 

Напис: Цела ДУИ во Хасанбег

По поплавите во Хасанбег, претседателот на ДУИ наредил цела ДУИ, пратеници, министри, градоначалници и многу други функционери да бидат денеска во служба на народот во населените места допрени од поплавите во град Скопје, известува „Тетова сот“. Во моментот на терен се Изет Меџити, Артан Груби, Беким Незири, Рафиз Адили, Арбер Адеми, Дритон Кучи, Беким Максути, Беким Мурати, Реџаил Исмаили, како и ветерани на ОНА. Како што велат за порталот „Тетова сот“, функционерите на ДУИ цело време ќе бидат до семејствата што ги загубиле своите блиски и тие семејства што имаат материјална штета. /Тетова сот/  

[Рецензија: Цела ДУИ во Хасанбег]

Новинарите знаат да им даваат разни конотации на дневните настани, уште повеќе кога станува

Кога новинарството удира по себе

на 11. 08. 2016 | | sq

 

Напис: „Полуде“ Теута Арифи, удри по себе и по Али Ахмети

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, направи една „лудост“, досега невидена на политичката сцена во Македонија. Таа си удри една „шлаканица“ себеси и на лидерот на нејзината партија, Али Ахмети, не двоумејќи се да зборува со остри тонови за посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Шипковица, иако тој ѝ беше шеф додека беше заменик-премиерка и со него ДУИ веќе осум години е во коалиција. Оваа „лудост“ на Арифи е забележана на годишнината на несреќата од поплавите од 3 август. На новинарските прашања за посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Арифи одговори кратко: „Еден бронзен коњ помалку на скопскиот плоштад, може да ја среди целата инфраструктура во селото

Кој е мајка, а кој маќеа на граѓаните во поплавените подрачја?

на 11. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: СДСМ со црна кампања против Груевски зошто е на терен и се труди да помогне во организирање со справувањето со поплавите и помага на погоденото население]

Текстот што е предмет на рецензија е коментаторски, едностран и политички пристрасен. Целта е на опозициската партија СДСМ да ѝ се припише негативен однос кон граѓаните од поплавените подрачја и политички да се поентира за владејачката партија. СДСМ се обвинува за наводна црна кампања која ја води против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, иако материјалот не нуди никакви докази за тоа. Насловот е тенденциозен и шири дезинформации.   Линк до оригиналниот напис: СДСМ со црна кампања против Груевски зошто е на терен и се труди да помогне во организирање со справувањето
СТРАНА 50 of 324« ПРВА...102030...4849505152...607080...ПОСЛЕДНА »