Флертување со партиите преку мамење на читателите
Објавено во Рецензии
on 21 - 12 - 2016 Автор: Xhenis Sulimani
Напис: Кој повеќе флертува со Али Ахмети, Весел Мемеди или Билал Касами?
Дваесет и двегодишнината на ДУТ ги соедини лидерите на партиите. На една манифестација на доделување на наградата „Doktor Honoris Causa“, претседателот на Косово, Хашим Тачи, Али Ахмети и Мендух Тачи седнаа еден до друг, како што ретко може да се видат заедно лидерите на албанските политички партии.
На оваа годишнина на ДУТ по парламентарните избори може да ги видиме Али Ахмети , лидер на ДУИ, Билал Касами, лидер на Беса, и лидерот на НДП, Весел Мемеди.
По објавувањето на оваа слика, по социјалните мрежи почна на големо да се дискутира и да се коментира околу тоа кој повеќе флертува со Али Ахмети, Весел Мемеди или, пак, Билал Касами?
За Весел Мемеди отсекогаш се зборувало дека е продолжена рака на ДУИ, додека за Касами се зборува дека на овие избори бил ривал на Ахмети.
Инаку, лидерот на ДУИ, иако на овие избори освои помал број гласови и доби помал број на пратеници, се смета за клучен фактор за формирање на владата, при што Груевски и Заев на него гледаат како на спасител на оваа влада.
На овие избори и Беса освои голем број гласови и успеа да добие пет мандати во Собранието, а од оваа партија изјавија дека нема да го поддржуваат Никола Груевски, туку ќе му дадат подршка на ДУИ и на СДСМ ако тие се договорат за формирање на новата влада./Тетова сот/
[Рецензија: Кој повеќе флертува со Али Ахмети, Весел Мемеди или Билал Касами?]
Зошто е потребно на еден текст секогаш да му се даде партиска конотација или партиски бои? Ова прашање треба да се постави секогаш кога наидуваме на текстови кои со секој свој дел се обидуваат да шират партиска пропаганда. Текстот што го рецензираме, иако се однесува на годишнината на Државниот универзитет Тетово, не е фокусиран да информира за тоа, туку за нешто сосема друго.
Линк до оригиналниот напис: „Кој повеќе флертува со Али Ахмети, Весел Мемеди или Билал Касами?“
Датум и време на објавување: 17.12.2016
Датум на рецензирање: 20.12.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Авторот го почнал текстот со насловот „Кој повеќе „флертува“ со Али Ахмети, Весел Мемеди или Билал Касами?“ Меѓутоа, ова е само еден трик за да се привлечат читатели, затоа што насловот нема никаква врска со информацијата што се пренесува во содржината и е тенденциозен.
„Дваесет и двегодишнината од основањето на ДУТ ги собра лидерите на политичките партии. На една манифестација на доделување на наградата „Doktor Honoris Causa“, претседателот на Косово, Хашим Тачи, Али Ахмети и Мендух Тачи седнаа еден до друг, како што ретко може да се видат заедно лидерите на албанските политички партии“.
Насловот на текстот се демантира уште со првата реченица. Лидерите на партиите на оваа церемонија се во својство на гости, а не се дојдени да „флертуваат“ со Али Ахмети, како што се тврди во насловот.
„По објавувањето на оваа слика, по социјалните мрежи почна на големо да се дискутира и да се коментира околу тоа кој повеќе флертува со Али Ахмети, Весел Мемеди или, пак, Билал Касами?“
Во отсуство на информации за можната соработка и за разговорите за можна предизборна коалиција, се настојува да се добие информација преку фотографијата. Во конкретниот случај, мисијата на новинарот не е пренесување на неговите лични впечатоци од снимката на која има бројни политичари, туку да пренесе вест од настанот која би била во интерес на јавноста.
Ако целта била да се обелоденат сомневањата за можните коалиции, тогаш во најмала рака требало да се контактираат протагонистите и да се прашаат дали тие се подготвени да коалицираат со албанската партија што има најмногу пратеници во Собранието на Република Македонија. На овој начин немаше да се остави простор за лични коментари, туку тој простор ќе беше наменет за изјавите на споменатите лидери, со што и самата јавност ќе беше подобро информирана преку еден пообјективен, поточен и нетенденциозен текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови