verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Глорификација на Груевски!

on 21 - 12 - 2016       

alfa

[Рецензија: Аналитичари – Синоќешниот говор на Груевски беше храбар, моќен и одлучен]

 

Материјал со серија фабрички грешки: што суштински, што граматички. Текст кој едноставно е навреда за интелегенцијата на публиката. Ај што еден човек ни се претставува во множина, демек станува збор за аналитичари, a всушност тој самиот  го брани воинствениот проглас на ВМРО-ДПМНЕ, туку е експерт вдомен во државна институција, благодарение токму на пратеничките гласови на таа иста ВМРО-ДПМНЕ. Како велат? „Едната рака ја чеша другата“?

 1111Линк до оригиналниот напис: Аналитичари – Синоќешниот говор на Груевски беше храбар, моќен и одлучен

 Датум и време на објавување: 18.12.2016,  17:39

 Датум на рецензирање: 20.12.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

АНАЛИТИЧАР: „БРАВО ШЕФЕ“!

Навистина иритира кога некој се обидува преку вакви медиумски производи јавноста при очи да ја направи слепа. Недозволиво е да се „продава“ прозивод кој алудира дека нуди повеќе ставови, а всушност се темели само на мислењето на еден човек. Значи имаме граматичка недоследност, ако може така благо да ја карактеризираме. Како тоа „еден“ станува множина?

Кај именките разликуваме два броја: еднина и множина.

Со еднина се означува еден предмет (суштество, појава), а со множина – повеќе од именуваните предмети.

Откако ова го расчистивме, да преминеме на суштинските маани. Човекот што ни се презентира како експерт е исклучително тесно поврзан со ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, Александар Даштевски бил во таа партија, па сменил неколку други, меѓу кои и ВМРО-Народна, па Обединети за Македонија, па конечно со Филип Петровски, по катастрофалнитре резултати на нивната „Демократска десница“ на изборите во 2011 година, пак си се претопија со ВМРО-ДПМНЕ. Значи, си се вратиле онаму од каде што тргнале.

Истиот експерт Даштевски, најверојатно благодарение на таквите фалби за власта, на почетокот на годинава со гласовите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беше изгласан за член на Комисијата за заштита од дискриминација. Потоа следуваше негова канонада од говори во заштита на партиски ставови и позиции преку движењето ГДОМ. За каква негова експертиза и евентуална независност станува збор? Дали тој низ критичка призма ќе го опсервира говорот на Никола Груевски? Ајде, па не се ова приказни за мали деца. Што би можел овој човек да каже за настапот на Груевски освен „Браво шефе, убаво им кажа“!

„Крајно време беше да се направи овој чекор. Даштевски смета дека овој потег ќе му донесе поени на Груевски надвор од партиското членство“.

Тука доаѓаме и до наредната фалинка. Наликува дека експертизата на експертот е само налепена, колку да се рече, на основната идеја, а тоа е за пак да се повтори дел од говорот на партискиот шеф на протестот пред Државната изборна комисија, во кој тој ги нападна и ДИК и меѓународната заедница и невладините организации.

Не може да се избегне впечатокот на глорификација. Храбар, одлучен, суверени одлуки, без мешање на странски центри

Секој политичар носи одлуки за кои самиот е одговорен, исто како што секој новинар е одговорен за текстовите што ги потпишува.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

во насловот

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести