Рецензии

Брутален обид за оцрнување неистомисленици

на 12. 11. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Цел свет разбра дека ќе има промени во меѓународните односи, само Соросоидите никако да разберат]

  Насловот на текстот што го рецензираме е тенденциозен и дезинформирачки, бидејќи лепи етикети на луѓе, означувајќи ги како „соросоиди“, затоа што не им се допаднал изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Но, текстот не дава одговор зошто овие луѓе се „соросоиди“ и кој е критериумот за да се заработи таква етикета. Второ, тоа што ним не им се допаѓа кого граѓаните на САД избраа за претседател, не ги става автоматски во категоријата „соросоиди“.   Линк до оригиналниот напис: Цел свет разбра дека ќе има промени во меѓународните односи, само Соросоидите никако да разберат Датум и време на објавување: 09.11.2016, 22:25

Преземен текст упропастен со вулгарен наслов

на 11. 11. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Aрсенчо е тежок лажго и лопов без карактер: Ништо од најавата за затворен базен во Крива Паланка]

  Направен е пристоен обид за известување за градска тема (иако, всушност, станува збор за пренесување текст од друг медиум), но насловот го дискредитира ваквиот обид со термини кои придонесуваат за лична дискредитација, зајакнувајки го сомнежот за политичка пристрасност.   Линк до оригиналниот наслов: Aрсенчо е тежок лажго и лопов без карактер: Ништо од најавата за затворен базен во Крива Паланка Датум и време на објавување: 10.11.2016 Датум на рецензија: 10.11.2016 Рецензент: Александар Пешев   Употребата на термини како „лажго“ вообичаено се избегнува во професионални новинарски објави, бидејќи покажува непочитување на културата на израз. Во ретките случаи кога се пишува за

Фото-вест без вест

на 11. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Ексклузивно: Членовите на ДУИ видени како купуваат ѓевреци во една фурна (ФОТО)

Денеска, при доаѓањето на Али Ахмети во Тетово на Форумот на жените од ДУИ, видено е едно комби со знамиња на ДУИ пред пекарницата „Паштрику“, што го тера народот да помисли уште подлабоко за случајот на Абдилаќим Адеми што потрошил пари за бифтек, а сега јаде ѓеврек! Ова е малку смешно, но доаѓаме до заклучок со една изрека:„Некогаш бифтек, сега ѓеврек!“ Поконкретно, сликата зборува сама за себе.  

[Рецензија – Ексклузивно: Членовите на ДУИ видени како купуваат ѓевреци во една фурна (ФОТО)]

Фото-веста е еден многу пријатен жанр, кој што преку слика известува за некое одредено прашање, што во повеќето случаи е невообичаено.  Изгледа како нешто

Убава репортажа за Македонците на Малта

на 11. 11. 2016 | |

[Рецензија: Во Буџиба може и кафе да се нарача на македонски]

  Текстот што е предмет на рецензија дава интересен приказ за животот на Македонците што работат во Малта. Во него се користат бројки, релевантни извори, изјави од луѓето што работат таму, така што тврдењата во него се поткрепени со факти. Освен светлата страна, текстот ги прикажува и проблемите со кои се соочуваат Македонците за добивање работна дозвола. Приказната е раскажана убаво и збогатена со соодветни податоци, а резултатот е информативен новинарски текст кој лесно се чита и е доста приемчив за пошироката публика. Истовремено, фрла светло врз реалниот проблем што Македонија го има, а тоа е иселување на младото работоспособно население, на кое Малта му е една од дестинациите

Насловот краси, насловот гнаси!

на 11. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: Благодарение на хаосот што го направи СДСМ, за Македонија условена препорака] Каква бесмислена постапка: да накалемите наслов кој со ништо не произлегува од содржината на новинарскиот извештај, кој е, ралативно, коректен!? За ова – „релативно“, малку подолу во рецензијата, а пред тоа уште малку за непотребната и неаргументирана поента во насловот. Така импутиран наслов, бидејќи нема ништо заедничко со информациите во извештајот е, вусшност, коментар. Силно изразено политичко мислење кое е во спротивност со стандардите за професионално и етичко работење препорачани во Кодексот на новинарите, поточно во членот 13: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Еден така изнесен коментар во насловот уште на почетокот создава искривена слика. Дури и тоа е предвидено

Ништо од објективноста кога се манипулира со фотографијата

на 11. 11. 2016 | |

[Рецензија: Кај ВМРО-ДПМНЕ во „Борис Трајковски“ оптимизам и еуфорија, кај СДСМ расправии и разочараност]

  Овој текст се обидува да прави паралела помеѓу два концепциски сосема различни настани и тоа го прави со жар на навивач за омилениот фудбалски тим, пристрасно и некритички, заборавајќи на основните новинарски правила за објективност и за вистинитост. Кога се известува од настани на кои го гледаш само тоа што сакаш да го видиш, резултатот е некаде на пола пат помеѓу вовед во репортажа од времето на соц-реализмот и проширена вест полна со почетнички грешки, скуден стил и вокабулар. Вистината е избркана, спинот царува. Линк до оригиналниот напис: Кај ВМРО-ДПМНЕ во „Борис Трајковски“ оптимизам и еуфорија, кај СДСМ расправии и разочараност Датум и време на

Факти удавени во „поплавите“ во Стајковци

на 10. 11. 2016 | |

[Рецензија: „Стајковци пак плива во вода, а власта си свирка и чека избори“]

Насловот на текстот што го рецензираме е тенденциозен и дезинформирачки, бидејќи алудира на тоа дека жителите на Стајковци повторно се поплавени поради врнежите на 8 ноември годинава и дека власта не презела ништо за да им помогне, бидејќи е окупирана со претстојнте избори. Самиот текст е, всушност, нешто што треба да биде вест, базирана единствено врз ФБ-статус на граѓански активист и веќе политичар, без никаков новинарски напор да се проверат фактите за она што се тврди во насловот и во главата од веста. Патем, ваквото тврдење изнесено уште во насловот на текстот, за само еден-два часа за други медиуми го демантираа жителите од Стајковци, кои изјавија дека,

Пример за одличен новинарски текст

на 10. 11. 2016 | |

[Рецензија: Македонија и изборите во САД: Трамп е чуден, но оригинален]

Како солиден новинарски текст изгледа овој што го рецензираме. Односно, секој квалитетен напис има глава и опашка – и секако, месо помеѓу. Се подразбира дека таквиот текст мора да биде објективен, професионален, содржаен, но ништо помалку важно не е ниту доброто и читко пишување, граматички исправните реченици и разбирливото пренесување на работите, за текстот да биде четиво за читателите од 17 до 77 години.   Линк до оригиналниот напис: Македонија и изборите во САД: Трамп е чуден, но оригинален Датум и време на објавување: 08.11.2016 Датум на рецензирање: 10.11.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   ТЕКСТ СПАСТРЕН УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ Текстот почнува според новинарските правила. Има глава во која сублимирано е

Фотографија на „Фејсбук“ злоупотребена за оцрнување

на 10. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Наместо на терен, Николовски од СДСМ тера кампања по кафеани (ФОТО)]

  Тенденциозен и коментаторски текст кој има цел да го дискредитира заменик-министерот за земјоделство од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски, и јавноста да оформи негативен став за него. Ова е еден од написите објавени во медиумите наклонети на владејачката партија, во кои се спроведува негативна кампања за кандидатските пратенички листи на СДСМ (предложени на партискиот конгрес на 6 ноември 2016 г.), особено за носителите на листите. Линк до оригиналниот напис: Наместо на терен, Николовски од СДСМ тера кампања по кафеани (ФОТО) Датум и време на објавување: 06.11.2016, 22:44 Датум на рецензирање: 10.11.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

„КРУНСКИ ДОКАЗ“

Како предмет на оваа анализа имаме материјал кој е

Измисли си изјава и направи си вест!

на 10. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Сугарески до Заев: Нè изневеривте и нè оставивте на цедило!]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е едностран и неоснован бидејќи нема никаков извор и никаков доказ што би го поткрепил напишаното. Во овој напис имаме една непотврдена изјава, која има цел да ги спинува нештата и да ги убеди читателите дека во СДСМ имало некаков раскол и расправии поради пратеничките листи. Линк до оригиналниот напис: Сугарески до Заев: Нè изневеривте и нè оставивте на цедило! Датум и време на објавување: 06.11.2016 Датум на рецензирање: 10.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

НАВОДНА ИЗЈАВА

Во првата реченица од текстот му се сугерира на читателот дека поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Горан Сугарески, отворено изразувал незадоволство од составот