verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ништо од објективноста кога се манипулира со фотографијата

on 11 - 11 - 2016       

http___vistina-mk_

[Рецензија: Кај ВМРО-ДПМНЕ во „Борис Трајковски“ оптимизам и еуфорија, кај СДСМ расправии и разочараност]

 

Овој текст се обидува да прави паралела помеѓу два концепциски сосема различни настани и тоа го прави со жар на навивач за омилениот фудбалски тим, пристрасно и некритички, заборавајќи на основните новинарски правила за објективност и за вистинитост. Кога се известува од настани на кои го гледаш само тоа што сакаш да го видиш, резултатот е некаде на пола пат помеѓу вовед во репортажа од времето на соц-реализмот и проширена вест полна со почетнички грешки, скуден стил и вокабулар. Вистината е избркана, спинот царува.

Рецензија: Кога место настан гледаш празни столчиња-ништо од објективноста!Линк до оригиналниот напис: Кај ВМРО-ДПМНЕ во „Борис Трајковски“ оптимизам и еуфорија, кај СДСМ расправии и разочараност

Датум и време на објавување: 6.11.2016, 16:20

Датум на рецензирање: 10.11.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

Пред воопшто да се анализира написот од аспект на вистинитоста на содржината, доволно е само да се прочита насловот, кој речито зборува за тоа каков приод кон известувањето од тековни настани е одбран. На настанот на ВМРО-ДПМНЕ забележан „отимизам и еуфорија“, додека, пак, на настанот на СДСМ – „расправии и разочараност“. Сето тоа илустрирано со две индикативни фотографии – едната од преполната сала „Борис Трајковски“ во која конгрес одржуваше Унијата на жени на владејачката партија, а другата од полупразната сала во хотелот „Александар палас“, во која требаше да се одржи предизборен конгрес на СДСМ, сликано пред да почне настанот. Разбирливо, и двете фотографии го илустрираат тврдењето од насловот, во наивен обид да се протне и да се забошоти манипулацијата со сликата на која нема никој во салата во „Александар палас“ токму затоа што таа е сликана пред официјалниот почеток на конгресот.

 

ДВА НАСТАНА – ДВЕ ВИСТИНИ

Поради ова, воопшто и не е за чудење што самиот текст нуди и вакви „примери на објективно и непристрасно известување“:

„Се пејат македонски песни, се испраќаат македонски национални пораки. Огромен број на граѓани сплотени. Ваква е атмосферата на СЦ „Борис Трајковски“ каде свој конгрес одржува Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Владее оптимизам и еуфорија“

Она што во написот не се кажува е дека салата во која треба да се одржи конгресот на СДСМ е празна бидејќи конгресот сè уште не почнал и, разбирливо, во неа нема ниту луѓе ниту еуфорија, па ниту „македонски национални пораки“, што и да значи тоа. Она што, исто така, не е кажано е дека е во прашање работен конгрес на кој требаше да се дефинираат кандидатските листи на партијата за претстојните предвремени парламентарни избори, па место песни и еуфорија, логично е да се очекува работна атмосфера и сериозност.

 „На само 50 метри од овој настан, сосема поинаква слика. Во хотелот Александар Палас настан одржува СДСМ. Таму владее раздор, расправии. Видлива е разочараноста кај членовите на партијата и несогласувањата околу изборните листи“,

стои во написот. Ама, каде  ја виделе разочараноста на членовите на партијата, бидејќи во салата, очигледно, немало ниту разочарани ниту расположени членови на СДСМ, а секако не можело да има сплотени граѓани какви што, според написот, имало на настанот на ВМРО-ДПМНЕ?

 

СПОРЕДБА МЕЃУ БАБИ И ЖАБИ

Конгресот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, е настан главно од пропагандно-протоколарна природа, кој вообичаено е можност партискиот врв да упати политички пораки до јавноста и до членството. На вакви настани секогаш доминира партиска иконографија и аудио-визуелни ефекти наменети за подгревање еуфорија кај партиското членство и проекција на партиска сплотеност кон јавноста, па, според тоа, разбирливо е дека тој се разликува од партискиот конгрес на СДСМ.

„Поради видливата негативна атмосфера, СДСМ дури и го презакажа својот настан“.

Написот манипулира со она што на јавноста веќе ѝ е познато, а тоа е дека имаше бурни реакции по објавувањето на неофицијалните кандидатски листи на Социјалдемократскиот сојуз (кои требаа да се „испеглаат“ и верификуваат токму на овој конгрес). Но, конгресот на СДСМ, покрај критиките и несогласувањата, сепак помина во работна и во позитивна атмосфера, што може да се види и од снимките од настанот.

 

СПИН МЕСТО ОБЈЕКТИВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Известувањето во овој напис требаше да пренесува атмосфера од двата настани, а наместо тоа тој известува само за оној на ВМРО-ДПМНЕ, на кој владее еуфорија, додека кај другиот, оној на СДСМ, гледа празни столчиња и детектира „разочараност, раздор, несогласувања“ уште пред настанот официјално да почне. Настанот на СДСМ навистина почна подоцна од планираното, но тоа не беше резултат на „видливата негативна атмосфера“ туку од организациски причини.

Овој неизбалансиран третман, подобро речено мамење на читателите, доведува до тоа сликата за двата настана да биде онаква каква овој напис ја претставува – мед и млеко што тече на едната страна и црнила – на другата. Неизбалансираниот приод е само дел од проблемите што ги има овој текст. Ако новинарот не ја пренесува вистината, кому да му веруваат читателите? Поради тоа, оценката за запазување на новинарските стандарди во него е негативна.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести