Рецензии

Место новинарство – невистини, шпекулации и политичка пристрасност

на 9. 11. 2016 | | sq

 

Напис – Ексклузивно: По 11 декември, ДУИ го зазема местото на претседателот на Собранието, а СДСМ Министерството за надворешни работи?

Скопје, 5 ноември – Вчера, новинската aгенција „Журнал“ пренесе неофицијална информација според која раководењето на МВР ќе го преземат Aлбанците, сега новинската aгенција „Журнал“ ексклузивно (неофицијално) дознава дека по 11 декември Собранието на Македонија ќе премине во рацете на Aлбанците и ова место ќе ѝ припадне на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Според наши сигурни извори, вака се договориле четирите најголеми партии во Македонија и на оваа одлука ѝ претходела една голема битка од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), дознава „Журнал“. Како што информираше претходно за формирање на техничка влада по 11 декември, деновиве новинската агенција „Журнал“

Само да се нападне Заев

на 9. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев убеден во поразот, си обезбедува пратеничко место и имунитет!]

Текстот што е предмет на рецензија е коментаторски и најмалку може да се најде во рубриката „вести“. Во насловот  се констатира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е „убеден во поразот“, што е спротивно на  изјавите што тој ги дава за  изборите на 11 декември, во кои кажува дека е убеден во победа. Ваквиот наслов  го наметнува прашањето зошто некој би учествувал на избори ако се знае дека тоа е однапред изгубена битка?! Линк до оригиналниот наслов: Заев убеден во поразот, си обезбедува пратеничко место и имунитет! Датум и време на објавување: 07.11.2016 Датум на рецензија: 09.11.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ДА СЕ ПРИКАЖЕ ЗАЕВ КАКО ГУБИТНИК

Во насловната

По секоја цена да се оцрни владиката

на 9. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Пимен- веселиот владика со идна кариера на „Пинк ѕвезди“]

  Имаме јасен обид за лична дискредитација преку слободно толкување на статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Самата оправданост на ваков текст се става под знак прашалник кога ќе се постави прашањето околу нејзината релевантност и задоволувањето на јавниот интерес. Линк до оригиналниот напис: Пимен- веселиот владика со идна кариера на „Пинк ѕвезди“ Датум и време на објавување: 7.11.2016, 15:53 Датум на рецензирање: 08.11.2016 Рецензент: Александар Пешев  

СПИНЕРСКА КОНСТРУКЦИЈА

Насловот е тенденциозен и на читателите им навестува содржина за оцрнување на владиката Пимен, што, впрочем, се прави уште во самиот вовед на текстот во кој се спинува вистината: „Владиката чии настапи со години повеќе наликуваат на политички отколку на онакви

Наместо информации за граѓаните, партиска пропаганда

на 8. 11. 2016 | | sq

 

Напис:  Патот во Диво Насеље се привршува и е стандардизиран (ФОТО)

Еден сериозен проект почнат од Општина Куманово во Диво Насеље привршува со успех и тоа благодарение на советниците на ДУИ, на чело со Ридван Асани, известува „Илирија њуз“ (Ilirianews.mk). Патот сега веќе е завршен и изгледа доста стандардизиран, со што се олеснува движењето на жителите на Диво Насеље. Поставена е канализација според сите потребни стандарди за еден модерен пат, сега веќе може да се видат финалните резултати и веќе е дел од завршените проекти за кои Демократската унија за интеграција и нејзините општински советници се бореле да ги остварат во Куманово. „Илирија њуз“ ви носи повеќе детали за овој проект:  

[Рецензија: Патот во Диво Насеље се привршува

Ништо не е очигледно без факти

на 8. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Кој друг се следи од полицијата на СДСМ?]

  Евидентираните извори во написот застапуваат иста страна, а воведот кон нив е изведен со серија коментари. Направен е политички спин за да се испере образот на политичар од власта  кој беше инволвиран во инцидент низ скопските улици. Линк до оригиналниот напис: Кој друг се следи од полицијата на СДСМ? Датум и време на објавување: 04.11.2016 15:21 Датум на рецензирање: 07.11.2016 Рецензент: Александар Пешев  

СПАСОВ КАКО „ЖРТВА“

Прашањето што се поставува во насловот, во содржинскиот дел од текстот се одговара со коментари, а самиот вовед наликува на партиско соопштение: „СДСМ целосно го стави МВР во своја служба само за да оствари партиски поен плус и да се пресмета со неистомислениците“.

Етноцентризам и провокации, наместо факти и сеопфатност

на 8. 11. 2016 | | sq

 

Напис – Скандал: Хирургот Македонец ѝ ги фрла в лице документите на мајката Албанка

Скандал: Хирургот Македонец ѝ ги фрла документите в лице на мајката Албанка
Скандал ја тресе државната болница во Скопје. Еден ортопед Македонец на демонстративен начин ѝ ги фрлил в лице сите документи на една мајка Албанка од Прилеп, која дошла во болницата за да ја прегледаат нејзината 16-годишна ќерка Е.И., која боледува од тешка болест на ’рбетниот столб (сколиоза). Ортопедот Македонец е со иницијали М.П. и на демонстративен начин вербално се конфронтирал со мајката на пациентката Албанка од Прилеп. „Ни ги фрли документите в лице и ни рече одете си од болницата. Ако одите некаде, јас ќе кажам дека не ве познавам како пациент, но

„Delete“ е копчето што ви треба

на 8. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: Видео: Верушевски лично му ги пуштал снимките на Заев за да не се збуни и самиот да не се сними] Несериозно! Многу несериозно! Од цела емисија на една, иако бајата, релативно атрактивна тема, како што се достапните технички можности за прислушување, да изберете „парче“ во кое протагонистите на таа емисија се потсмеваат и импутираат на сметка на одредени јавни личности. Таа постапка не ја става на увид целината, контекстот, од кој е извадена оваа „поента“. Вака издвоена, таа, сама за себе, оддава пристрасност и намера да се дискредитира одредена или повеќе личности. Линк до оригиналниот напис: Видео: Верушевски лично му ги пуштал снимките на Заев за да не се збуни и самиот да не се сними Датум и време

Шпекулативен и навредлив материјал

на 8. 11. 2016 | | sq

[ЕКСКЛУЗИВНО: Грујо наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!]

  Станува збор за тенденциозен материјал со премногу шпекулации и без веродостојни извори. Понудените „сигурни“ информации за тоа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, наводно, „наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!“, кои се пласираат уште во насловот, не се поткрепени со факти. Можеби Грувески навистина бил лут поради сообраќајниот инцидентот на Спасов, но овој едностран и навредливо интониран текст не нуди докази и прецизни извори на информации, за да може читателите да веруваат дека приказната што им се сервира е

Чудна анализа – без извори, факти, бројки и брз експертиза

на 7. 11. 2016 | | sq

 

Напис: АНАЛИЗА – Ако дојдат од ЕВН да ви ја исклучат струјата, повикајте полиција!

Обично доаѓаат да ви ја исклучат струјата со некој вид налог од компанијата што нема никаква вредност. Не претставува никаков законски документ! Тоа што можете да го направите доколку ви тропнат на врата е да повикате полиција и да им побарате да се претстават. Потоа да ги предупредите за членот од Кривичниот законик, дека доколку ви ја допрат инсталацијата, може да ги тужите, вака гласаат законите консултирани од агенцијата за вести „Флака“. Интересно е како е можно луѓето уште да не знаат дека никој нема право да им ја исклучи струјата. Можеби оваа одлука од Уставниот суд од 2007 година, со која тоа строго се

Удри по СДСМ макар и со тоалетна хартија!

на 7. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: ЌЕ СЕ ПО**РАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ: СДСМ Кратово најспремни за избори – набавиле цел куп тоалетна хартија и салфети]

  Недоличен коментаторски текст, полн со шпекулации, кој еднострано напаѓа и дискредитира една политичка партија. Згора на сè, се става во улога на предвидувач на крајниот исход на изборите. Линк до оригиналниот напис: ЌЕ СЕ П**ЕРАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ: СДСМ Кратово најспремни за избори – набавиле цел куп тоалетна хартија и салфети Датум и време на објавување: о2.11.2016, 20:13 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова    

МАНИПУЛАТИВНА И НАВРЕДЛИВА ОБЈАВА

Манипулацијата, едностраноста и сензационализмот се главните одлики на овој текст, кој повеќепати ги прекршува принципите пропишани во Кодексот на новинари, особено членот 15, кој вели дека „новинарот мора