Етноцентризам и провокации, наместо факти и сеопфатност
Објавено во Рецензии
on 8 - 11 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис – Скандал: Хирургот Македонец ѝ ги фрла в лице документите на мајката Албанка
Скандал: Хирургот Македонец ѝ ги фрла документите в лице на мајката Албанка
Скандал ја тресе државната болница во Скопје. Еден ортопед Македонец на демонстративен начин ѝ ги фрлил в лице сите документи на една мајка Албанка од Прилеп, која дошла во болницата за да ја прегледаат нејзината 16-годишна ќерка Е.И., која боледува од тешка болест на ’рбетниот столб (сколиоза). Ортопедот Македонец е со иницијали М.П. и на демонстративен начин вербално се конфронтирал со мајката на пациентката Албанка од Прилеп.
„Ни ги фрли документите в лице и ни рече одете си од болницата. Ако одите некаде, јас ќе кажам дека не ве познавам како пациент, но немојте да ме спомнете мене бидејќи лошо ќе поминете“, кажува со солзи во очите мајката Албанка Д.И.
Малото девојче продолжува да ги прави последните напори за живот, таа едвај дише поради болеста на рбетниот столб. Оваа болест прави притисок на белите дробови и ова девојче едвај се снабдува со воздух. Меѓутоа, лекарите дијагностицирале дека освен оваа болест, ова мало девојче од Прилеп има и мал тумор во главата. „Девојчето боледува од рбетниот столб и има тумор и во главата“, нагласила за „Журнал“ мајката на малата пациентка.
Од друга страна оваа пациентка Албанка би можела да ја има судбината на малата Тамара од Велес, која почина откако Фондот за здравство не ѝ дозволи навремено лекување надвор од државата. Меѓутоа, сега, кога на чело на Фондот за здравство е директорот Орхан Рамадани, се очекува итно да ѝ се излезе барем малку во пресрет на оваа мајка Албанка.
Но, јасно е дека во Клиниката за ортопедија и трауматологија во Државната болница во Скопје има и хирурзи Албанци, кои сигурно треба да ги насочат родителите на оваа пациентка за да се најде најдобро решение за лекување на оваа болест.
Инаку, во Министерството за здравство државен секретар е Насуф Ипче. Сите заинтересирани кои сакаат да му помогнат на оваа албанско семејство од Прилеп, може да се јават на бројот 070391850.
[Рецензија – Скандал: Хирургот Македонец ѝ ги фрла в лице документите на мајката Албанка]
Деликатните информации што можат емоционално да допрат до јавноста, бараат посветување и максимално професионално внимание. Нема теорија што гарантира дека вести како оваа што ја рецензираме може да се направат како што треба без да се направат на сеопфатен начин, за да завршат со професионален (новинарски) завршеток.
Од насловот, првиот пасус па сè до крајот, се справуваме со тенденциозен пристап и со провоцирачки меѓуетнички подтекст. Од сите спомнати во текстот, веста ја „покрива“ само еден став. Во професионалното новинарство, кога станува збор за непристрасност и за сеопфатност, обезбедување втора страна е главна одлика на веста. Во овој текст, независно што се информира за еден скандалозен случај, за потенцијална дискриминација и непочитување на работните задачи, авторот на текстот не побарал став од сите инволвирани страни. Освен тоа, во содржината нема знак дали пробал да стапи во контакт со нив, како, на пример: министерството за здравство, раководителот на одделението или на клиниката, дежурниот лекар, итн.
„Скандал ја тресе државната болница во Скопје. Еден ортопед Македонец на демонстративен начин ѝ ги фрлил в лице сите документи на една мајка Албанка од Прилеп, која дошла во болницата за да ја прегледаат нејзината 16-годишна ќерка Е.И. која боледува од тешка болест на ’рбетниот столб (сколиоза). Ортопедот Македонец со иницијали М.П., на демонстративен начин вербално се конфронтирал со мајката на пациентката Албанка од Прилеп.
„Ни ги фрли документите в лице и ни рече одете си од болницата. Ако одите некаде, јас ќе кажам дека не ве познавам како пациент, но немојте да ме спомнете мене бидејќи лошо ќе поминете“, кажува со солзи во очите мајката Албанка Д.И.“
Една изјава не може да ја одреди автентичноста на настанот. Уште помалку една позајмена фотографија која не открива дополнителни информации. За да се докаже случајот, во текстот, на пример, требало да има фотографија што би го потврдила тоа што се вели во текстот или некој документ или, пак, некој друг доказ. Информацијата можел да ја пополни и еден анонимен извор од одделението, но зошто да не и некој друг сведок на неетичкото однесување на лекарот.
Линк до оригиналниот напис: „Скандал: Хирургот Македонец и ги фрла в лице документите на мајката Албанка”
Датум и време на објавување: 01.11.2016
Датум на рецензирање: 03.11.2016
Рецензент: Адриан Керими
„Малото девојче продолжува да ги прави последните напори за живот, таа едвај дише поради болеста на ’рбетниот столб. Оваа болест прави притисок на белите дробови и ова девојче едвај се снабдува со воздух. Меѓутоа, лекарите дијагностицирале дека освен оваа болест, ова мало девојче од Прилеп има и мал тумор во главата. „Девојчето боледува од рбетниот столб и има тумор и во главата“, нагласила за „Журнал“ мајката на малата пациентка“.
Многу е тешко јавноста да поверува во една таква информација кога недостигаат потребните извори, но и другите елементи за една сигурна медиумска содржина. Новинарот во овој случај може да обезбеди фотографии од детето, секако покривајќи му го лицето доколку е малолетно, но зошто да не и од родителот, кој го пријавил однесувањето на лекарот.
„Од друга страна, оваа пациентка Албанка би можела да ја има судбината на малата Тамара од Велес, која почина откако Фондот за здравство не ѝ дозволи навремено лекување надвор од државата. Меѓутоа, сега, кога на чело на Фондот за здравство е директорот Орхан Рамадани, се очекува итно да ѝ се помогне барем малку на оваа мајка Албанка.
Но, јасно е дека во Клиниката за ортопедија и трауматологија во Државната болница во Скопје има и хирурзи Албанци, кои сигурно треба да ги насочат родителите на оваа пациентка за да се најде најдобро решение за лекување на оваа болест. Инаку, во Министерството за здравство државен секретар е Насуф Ипче. Сите заинтересирани кои сакаат да му помогнат на оваа албанско семејство од Прилеп, може да се јават на бројот 070391850“.
Текстот поседува една доза етноцентризам и провокативна реторика. Авторот се обидел преку аголот што го фатил да го истакне етничкиот елемент, покажувајќи кон лекарот, кој во овој случај, преку целиот текст, е обвинет како „лекар Македонец“ кој покажува невнимателност кон пациентите Албанци, а не само како лекар кој го крши законот и етичките правила на медицината. Во такви случаи, треба да се биде многу внимателен. Новинарот не треба да се повикува или да имплицира етничка омраза или дискриминација, сè додека такво нешто не биде докажано.
Текстот би бил многу блиску до правилата доколку главен лик со негови ставови би бил и споменатиот лекар. Според тоа што го гледаме во содржината, авторот не се обидел да стапи во контакт со него и токму ова е главниот елемент што го прави едностран. Независно од тоа за каков случај станува збор, новинарот е обврзан да го сврти микрофонот кон сите засегнати страни во овој случај.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
поттикнувачки
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
поттикнувачки говор
Може да поттикне
етноцентризам
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови