Само да се нападне Заев
Објавено во Рецензии
on 9 - 11 - 2016 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: Заев убеден во поразот, си обезбедува пратеничко место и имунитет!]
Текстот што е предмет на рецензија е коментаторски и најмалку може да се најде во рубриката „вести“. Во насловот се констатира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е „убеден во поразот“, што е спротивно на изјавите што тој ги дава за изборите на 11 декември, во кои кажува дека е убеден во победа. Ваквиот наслов го наметнува прашањето зошто некој би учествувал на избори ако се знае дека тоа е однапред изгубена битка?!
Линк до оригиналниот наслов: Заев убеден во поразот, си обезбедува пратеничко место и имунитет!
Датум и време на објавување: 07.11.2016
Датум на рецензија: 09.11.2016
Рецензент: Силвана Жежова
ДА СЕ ПРИКАЖЕ ЗАЕВ КАКО ГУБИТНИК
Во насловната конструкција се вели дека Заев преку пратеничко место, наводно, сака да си обезбеди имунитет, но текстот не нуди факти и аргументација за тоа.
Критикувајќи ја определбата на Заев да биде носител на листа во четвртата изборна единица за вонредните парламентарни избори на 11 декември, написот потсетува на неговата одлука да не се кандидира за пратеник на изборите во 2014 година.
„Имено, пред само две години на предвремените парламентарни избори кои се одржаа во 2014 година, Зоран Заев и СДСМ на големо го претставија таканаречениот Нов партиски концепт и стратегија, каде што тогашното највисоко партиско раководство каде покрај Зоран Заев, беа и РадмилаШекеринска, СтевоПендаровски и Фросина Ременски, донесоа одлука да не се кандидараат за пратеници, наводно убедени дека ќе бидат дел од следната извршна власт која ќе добие мандат да ја состави идната влада во Република Македонија“.
Но, во текстот не се земени предвид политичките околности за одржување на изборите тогаш и сега. За разлика од пред две години, изборите на 11 декември, меѓу другото, се последица на „бомбите“ што ги објави Заев. Целиот политички амбиент се промени токму поради тие „бомби“, па оттука е можеби и одлуката на лидерот на опозицијата да биде носител на листа на изборна единица.
Одлуката за тоа дали еден лидер на партија ќе биде носител на листа или не, не може да се доведе во корелација со неговата убеденост за победа на изборите, како што тоа го прави оваа објава:
„Оттука останува дилемата во јавноста, зошто и каде исчезнаа убеденоста и сигурноста на Зоран Заев и СДСМ во победата на престојните парламентарни избори како што беше случајот и во 2014 година кога не се кандидираа за пратеници и очекуваа тие да бидат победници на тогашните парламентари избори“.
Текстот со ништо не ги поткрепува тврдењата дека „исчезнале убеденоста и сигурноста на Заев“ дека неговата партија ќе победи на изборите. Самата кандидатура за пратеник не е гаранција ниту дека некој ќе победи, ниту дека ќе изгуби.
Гледано во целина, написот е штур, едностран и по секоја секоја цена сака да ги прикаже СДСМ и Заев како сигурни губитници на изборите на 11 декември.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови