Рецензии

И коментарот и иронијата подлежат на новинарски стандарди

на 2. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Дали има 15 илјади „активисти“ на ДУИ, по сите неуспеси на кланот од Зајас?

„15.000 активисти се сосема подготвени да ги следат насоките и препораките на централниот изборен штаб и на лидерот Али Ахмети“, нагласи шефот на изборниот штаб, Беким Незири, за време на откривањето на планот за почнување на предизборната кампања, пренесува „Факте“. Незири истакна дека „судирот меѓу македонските субјекти покажува дека ДУИ води европска политика и тие ќе продолжат во таа насока. Но, дали навистина има 15.000 Албанци што имаат толкава мака да ги слушаат наредбите на Беким Незири и на кланот од Зајас, по сите неуспеси на оваа партија?! Афери, скандали, корупција, организиран криминал, злоупотреба на власта, послушност кон македонскиот партнер, продажба на националната кауза,

Насловот „крвав“, читателот измамен

на 2. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Крв на скопските улици: 35 лица завршија во болница]

  Кога ќе се прочита наслов како овој на прилогот што го рецензираме, прва асоцијација кај секој читател, гледач, би била дека медиумот известува за некоја голема несреќа што се случила во Скопје, факт кој неминовно би вознемирил, загрижил, растажил, односно би предизвикал негативни чувства. Но, кога ќе се прочита целиот напис под ваквиот наслов и ќе се дознае дека, всушност, се работи за прераскажан билтен на сообраќајната полиција на СВР Скопје за изминатиот викенд и дека во него станува збор за збирна информација за сообраќајни инциденти со лесни последици – лица со лесни телесни повреди, помала материјална штета, како и поминувања на црвено светло, неврзан сигурносен појас и користење

Убав пример за професионално сработен новинарски текст

на 2. 11. 2016 | |

[Рецензија:  Девојчиња биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на родителите]

  Овој текст е позитивен пример за тоа како треба да изгледа еден професионален новинарски напис. Текстот содржи вест која е од јавен интерес за граѓаните, не е сензационален и на реален начин ги информира читателите за тоа што се случило. Линк на оригиналниот напис: Девојчиња биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на родителите Датум и време на објавување: 27.10.2016 Датум на рецензирање: 02.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЦЕЛОСНА СЛИКА

Во воведот од написот ја имаме веста, односно уште на самиот почеток читателот добива слика за проблемот што се обработува. „Девојчиња од седмо одделение во основното училиште „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица денеска биле вакцинирани против ХПВ, без знаење

Непотребно и неетичко нагласување на етничкиот идентитет

на 1. 11. 2016 | |
 

[Рецензија: Осудени криминалци го нападнале Диме Спасов]

  Текстот игра на опасна карта преку потенцирање на идентитетот на наводно осомничени Албанци кои го бркале министерот Диме Спасов. Оваа практика, пак, со нагласување на етничкиот идентитет на осомничените, во случајов Албанци беше скоро напуштена во медиумите по 2001 година, но сега, посебно пред изборите, таа се засилува што е доста индикативен момент. Опасноста да се игра на линија на етничка нетрпеливост посебно во состојба која е на работ на ескалација поради политичката криза воопшто не е одговорен чин на еден медиум. Наспроти ова текстот неосновано ги објавува нивните идентитети, притоа смислено нагласувајќи дека се Албанци, без да се почитува пресумција на невиност и без да се почитува нивната приватност, нанесената

Конструкцијата без основа може само да падне

на 1. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: „Журнал“: Падна договор за смена на Заев по изборите (ФОТО)]      Како да верувате во оваа информација, кога нема ниту еден елемент на кој можете да ја изградите довербата. Вакви фотографии има колку што ви душа сака на социјалните мрежи. Си „позајмиле“ и си напишале „вест“. Само уште некој да поверува во една таква вест. Не помага ни тоа што „веста“ е преземена од друг портал. Не само што нема линк до изворната содржина, туку таа со пребарување не може да се најде ниту на порталот од каде што се тврди дека е преземена. Така, единствено што има написот што го рецензираме се многу индиции дека се работи за шпекулација и за конструкција. Линк до оригиналниот напис: „Журнал“: Падна договор

Катица Јанева направила грев и отишла на викенд во Грција!?

на 31. 10. 2016 | | sq

 

[Рецензија: КАТИЦА ВО ГРЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ВМРО: Кате Јанева на прошетка во Грција си го разбиструва умот и размислува кој внук следен да го вработи!]

Текстот што е предмет на оваа рецензија е конструиран врз шпекулации и во него се тврди дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за празникот, по повод 23 Октомври, била на прошетка во Грција. Станува збор за едностран, коментаторски и тенденциозен напис, кој ни малку не ги исполнува основните стандарди во новинарството.   Линк до оригиналниот напис: КАТИЦА ВО ГРЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ВМРО: Кате Јанева на прошетка во Грција си го разбиструва умот и размислува кој внук следен да го вработи! Датум и време на објавување: 25.10.2016 Датум на рецензирање: 30.10.2016 Рецензент: Симона

Текст за внатрепартиска кавга, без внатрепартиски извор!

на 31. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Кавга за место: Платениците на Сорос на листите на СДСМ – членството незадоволно]

  Текст базиран на шпекулации, текст со квалификации, текст со задача што наликува на нарачка…. Имаме напис што се занимава со внатрепартиски процеси, ама без да извади ниту еден внатрепартиски извор. „Партиските членови се разочарани од Зоран Заев бидејќи според нив платениците на Сорос, не само што земаат пари преку невладини организации, туку и ќе влезат во парламентот“. Линк до оригиналниот напис: Кавга за место: Платениците на Сорос на листите на СДСМ – членството незадоволно Датум и време на објавување: 29.10.2016,  15:35 Датум на рецензирање: 29.10.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

„БРАНКОВИСТИТЕ“ КАКО СТРАШИЛО ЗА АКТУЕЛНИОТ СДСМ

Во веродостоен текст би требало да се наведе некоја изјава,

Внимание: вклучен партискиот детектор за небулози!

на 31. 10. 2016 | | sq

 [Рецензија:Уште еден демант за небулозното интервју на Чомовски со Богоевски и лагите искажани на Телма (ФОТО)]

  Една од првите работи што се учат во новинарската практика е дека и „немам што да изјавам“ е – изјава! Од друга страна, пак, изјави, искази на јавни личности, политичари и на припадници на други јавни професии, без оглед колку и да се штури и неодредени, невистинити, груби, се вистинско богатство бидејќи јавно искажаниот збор е еден од темелите на кои треба да се потпира вистинитата информација, како основа на објективно и професионално новинарство. И затоа, насловот „Уште еден демант за небулозното интервју на Чомовски со Богоевски и лагите искажани на Телма“, на написот што го рецензираме е првиот аларм што се вклучува 

Невистинит наслов е неетичко и непрофесионално новинарство

на 28. 10. 2016 | | sq

 

[Рецензија: За два месеци ќе легнат 8.500 денари на сметката на секој вработен во Македонија]

Проблемот со овој текст е најмногу во насловот. Немајќи што да ѝ понудат на јавноста во самата содржина на новинарскиот производ, новинарите често знаат да се обидат да го привлечат читателот со насловот, што е своевидна измама, бидејќи во самиот текст нема потврда на кажаното. Тоа, пак, е целосно непрофесионален и неетички однос во новинарството. Линк до оригиналниот напис: За два месеци ќе легнат 8.500 денари на сметката на секој вработен во Македонија Датум и време на објавување: 26.10.2016, 12:09 Датум на рецензирање: 27.10.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев Новинарскиот производ што го рецензираме почнува со тенденциозен и невистинит наслов. „За два месеци ќе легнат 8.500

Многу слики со малку аргументи

на 27. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Почнува соработката ДУИ и ДПА?! Ахмети и Тачи насмеани (ФОТО)

Долго време беше незамисливо, но во овие моменти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, присуствуваат заедно на една церемонија организирана во ДУТ, на која на претседателот на Косово ќе му биде врачена титулата „Doctor Honoris Causa“. Претходно, весникот „Лајм“ напиша дека Хашим Тачи може да се вклучи во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, подржувајќи го верниот партнер на Груевски, Али Ахмети, со посета на Зајас, каде што се одвиваат работи за откопување на коските од една масовна гробница. По текстот во весникот „Лајм“, дознаваме дека неговите советници му предлагаат на Тачи да не оди во Зајас, поради револтот кој може да се предизвика кај