Рецензии

Еден тон обвинувања без ниту една изјава

на 7. 11. 2016 | |

[Рецензија: СТРУМИЦА БАРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК: Кучиња ги напаѓаат луѓето, градот пропаѓа, Заев си го тера „ќејфот“]

  Ова е еден коментаторски и едностран текст кој не евидентира присуство на извори, поради што се доведува во прашање веродостојноста на информацијата. Написот на читателите не им нуди никакви докази и аргументи за напишаното. Линк на оригиналниот напис: СТРУМИЦА БАРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК: Кучиња ги напаѓаат луѓето, градот пропаѓа, Заев си го тера „ќејфот“ Датум и време на објавување: 01.11.2016 Датум на рецензирање: 07.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НИТУ ФАКТИ, НИТУ ИЗВОРИ

Насловот на текстот е бомбастичен и веднаш на читателот му создава слика која тој треба да ја прифати како вистинита и страшна. „Повеќе од две години, од моментот на почнувањето на деструктивниот

Тенденциозна и пристрасна „беседа“

на 7. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Експертите порачуваат: СЈО да учи од најдобрите]

  Еден експерт, а не експерти. Поточно, експертка позната по исклучително необјективното бранење на сè што ќе излезе од политичката кујна на ВМРО-ДПМНЕ, дали тоа било предизборен проект, дали тоа било напад врз СЈО, дали тоа било промовирање нова нереална мерка, дали тоа било политичко однесување несвојствено за една демократија. Поточно, таа поддржува сè со предзак ВМРО-ДПМНЕ, макар тоа и била обична запршка!  Линк до оригиналниот напис: Експертите порачуваат: СЈО да учи од најдобрите Датум и време на објавување:  31.10.2016, 18:02 Датум на рецензирање: 02.11.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

И ДА Е ЗАПРШКА, АКО Е ОД ВМРО-ДПМНЕ, МОРА ДА СЕ ФАЛИ

Едностраност и пристрасност се главните карактеристики на овој текст. Одат рака под

Во трка за уривање на професионалните принципи

на 7. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: Пимен е нереализиран политичар кој се “ували“ во МПЦ како владика] Од каков јавен интерес е да се повикате на целосно безначаен извор, да копате по социјалните мрежи за да најдете содржина за која однапред знаете што треба да барате? Од никаков! Згора на тоа, една таква „собрана“ информација да им ја понудите на читателите во рубриката „Македонија – вести“. Ви се молам, каква вест има тука?! Да, навистина, од некое мислење понекогаш може да се изведе вест, но тоа, по правило, се случува кога тоа мислење го изнесуваат проминентни личности, „трендмејкери“. Тука за такво нешто воопшто не станува збор. Освен тоа, кога од некој анонимус се пренесува мислење, тоа останува мислење на анонимус. Во таква ситуација мора да

Актуелно и аргументирано, рецепт за добро новинарство

на 7. 11. 2016 | |

 

[Рецензија: Како жолтата зграда прерасна во неокласичен дворец]

  Пред нас е текст кој претставува пријатно изненадување кога се во прашање новинарските стандарди – тој, главно, има сè што е потребно да биде оценет како објективен, содржаен и веродостоен, а згора на тоа, обработува една мошне актуелна тема – богатството на партија на власт, олицетворено во речиси завршеното велелепно партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Овој објект стана симбол и е незаобиколен дел од имиџот на партијата како субјект на моќ во македонското општество, а јавноста има мали или никакви сознанија како се случи тој да стане реалност. Пред фактите и боговите молчат, а во овој напис од нив едноставно не може да се избега! Линк до оригиналниот напис: Како жолтата

Во новинарството сè уште живее професионализмот

на 4. 11. 2016 | |
 

[Рецензија: Панчевски за НОВАТВ: Не паметам дека сум влијаел на судии]

Ретко во македонските медиуми сме навикнати да читаме текстови кои се направени целосно или приближно целосно, според сите новинарски стандарди. Сепак, дека професионализмот е сè уште жив, покажува и овој текст, кој оправдано заслужува позитивна рецензија. Тоа значи дека написи според професионалните стандарди можат да се пишуваат, ем и притоа да бидат читани. Ова го споменуваме зашто најчеста оправданост за непрофесионалноста во кој било поглед, особено за сензационалистичките наслови или дури и текстови, е токму читаноста – демек тоа било рецептот за успех.   Линк до оригиналниот напис: Панчевски за НОВАТВ: Не паметам дека сум влијаел на судии Датум и време на објавување: 03.11.2016, 8:45 Датум на рецензирање: 

Новинарство што директно ја урива новинарската етика!

на 4. 11. 2016 | | sq

 

Напис – „Журнал“ дознава: Али Ахмети лично ја урнал еднојазичната табела на Стража

Гостивар, 2 ноември – Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лично ја урнал еднојазичната табела поставена на Стража, дознава ексклузивно новинаската агенција „Журнал“. Договорот меѓу двата коалициски партнери според кој новите табли на автопатиштата треба да бидат двојазични, по сè изгледа не е почитуван за таа на Стража. При негово движење по тој патен правец, штом забележал дека поставената табла не е двојазична и дека не е напишана и на албански јазик, Ахмети се симнал од автомобилот и лично ги сопрел работите. „Журнал“ дознава дека за оваа проблематика тој итно ги повикал министрите од владиниот кабинет кои го прекинале состанокот и веднаш се упатиле кон местото на

Со „лепенки“ составуван текст за да се оцрни министер

на 3. 11. 2016 | | sq
   

[Рецензија: (НОВИ ДЕТАЛИ) ДРУГАРОТ НА ТОДОРОВ БИЛ ФАТЕН И СО КОКАИН ПОКРАЈ МАРИХУАНАТА]

  Ова е текст кој е несодржаен, што се гледа уште на прв поглед. Воопшто нема новинарски пристап и не се запазени правилата за подготовка на текст. Некој, наводно, вработен во министерство, наводно, бил фатен со дрога…. Ако идејата била да се омаловажи некој министер со полувистини или целосни невистини, текстот ќе го постигне ефектот, со оглед на тоа што на социјалните мрежи тие имаат голем импакт, па поради тоа и се споделуваат масовно. Ако, пак, од текстот се бара професионалност, што подразбира објективност и вистинитост, тоа нема да го најдеме или, во најмала рака, би се откажале уште на самиот почеток на таквата „истрага“.

Со конструкции и со невистини против граѓанскиот сектор

на 3. 11. 2016 | | sq
 

[Рецензија: 230.000 евра за Шарените, а на нас уништените фасади и улици]

  Ова е  уште еден од  бранот пропагандистички текстови што изобилуваат со конструкции и со невистини против граѓански активисти, Фондацијата „Отворено општество“ Македонија и најголемата опозициска партија. Најдегутантно од сè е што ваквите писанија се нарекуват „истражувања“, иако во суштина претставуваат обична компилација од измислици кои се објавени повеќепати во истиот медиум под разни наслови. Линк до оригиналниот напис: 230.000 евра за Шарените, а на нас уништените фасади и улици Датум и време на објавување:26.10.2016 Датум на рецензирање: 01.11.2016 Рецензент: Александар Писарев  

СЕНЗАЦИОНАЛНА НАМЕНСКА ОБЈАВА

На читателите им е понудена сензационална наменска објава која натежнува од тенденциозност и од навреди кон личности од политичкиот и од

Медиумска содржина за „отстрел“ на Јанева

на 3. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: Ќе одговара ли Катица за помагање и прикривање на кривични дела?] Дури и да сакате, и да исконструирате теза во медиумска содржина, таа мора да биде поткпрепена и одработена според новинарските стандарди и правила. Еве, дури некој и да препознае цврсти индиции за дело какво што е „помагање и прикривање кривични дела“, па уште наводно сторени од специјално јавно обвинителство, аргументацијата на тие индиции не може да се земе за сериозно, ако тоа се прави само врз основа на бајати соопштенија, членови од Кривичниот закон и со исполитизирани, исто така стари, изјави на лути политички противници. Како прво, тоа оддава еден површен, несериозен, новинарски пристап, во најблага смисла на зборот. Најлошата, пак, смисла на една таква постапка, е

Погрешно толкување и тенденциозен пристап за изјавите на Рауфи!

на 3. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Адвокатот Насер Рауфи признава дека групата од Диво Насеље можеби зела 2 милиони евра!?

До пред некое време сè беше енигматично во врска со лицата што го почнаа инцидентот од 9 и 10 мај минатата година во Диво Насеље во Куманово, кој заврши со неколку жртви од двете страни, вооружената група и полициските сили, известува „Журнал“. Во последното интервју дадено за „Макфакс“, адвокатот на групата од Диво Насеље, Насер Рауфи, меѓу другото, одговара и за тоа како вооружената група можеби зела пари за организирање на оваа акција. Дали има докази дека, како што се зборува, на групата ѝ се исплатени два милиони евра за акцијата? Како материјален доказ нема ништо, но се зборува дека, да, сме предложиле и