Новинарство што директно ја урива новинарската етика!
Објавено во Рецензии
on 4 - 11 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис – „Журнал“ дознава: Али Ахмети лично ја урнал еднојазичната табела на Стража
Гостивар, 2 ноември – Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лично ја урнал еднојазичната табела поставена на Стража, дознава ексклузивно новинаската агенција „Журнал“.
Договорот меѓу двата коалициски партнери според кој новите табли на автопатиштата треба да бидат двојазични, по сè изгледа не е почитуван за таа на Стража.
При негово движење по тој патен правец, штом забележал дека поставената табла не е двојазична и дека не е напишана и на албански јазик, Ахмети се симнал од автомобилот и лично ги сопрел работите.
„Журнал“ дознава дека за оваа проблематика тој итно ги повикал министрите од владиниот кабинет кои го прекинале состанокот и веднаш се упатиле кон местото на настанот, за веднаш да се отстрани еднојазичната табела и да се постави таа на албански јазик и сега на Стража стои табла на два јазика, пренесува „Журнал“.
Освен тој „инцидент“, сите други табли поставени по автопатиштата се двојазични и договорот се почитува.
[Рецензија: „Журнал дознава: Али Ахмети лично ја урнал еднојазичната табела во Стража“]
На некои вработени по медиумите по сè изгледа им паѓа многу тешко да го почитуват етичкиот кодекс на новинарите. Често се случува тоа непочитување да се прави со леснотија и да биде многу очигледно и јасно, како што е примерот со написот што го рецензираме. Кога станува збор за едно од основните начела, точноста на информацијата, тоа што треба да се запамти е следново: пишувај за тоа што можеш да го докажеш, а не тоа што го знаеш и, пред сè, цитирај ги изворите. Ниту еден од овие елементи не е испочитуван. Веста е хипотетичка, пропагандистичка и неактуелна.
„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лично ја урнал еднојазичната табла поставена на Стража, дознава ексклузивно новинската агенција „Журнал“. Договорот меѓу двата коалициски партнери според кој новите табли на автопатиштата треба да бидат двојазични, по сè изгледа не е почитуван за таа на Стража. При негово движење по тој патен правец, штом забележал дека поставената табла не е двојазична и дека не е напишана и на албански јазик, Ахмети се симнал од автомобилот и лично ги сопрел работите“.
Во текстот авторот зборува како самиот да бил на местото на настанот, а ова не се потврдува во ниту еден дел од текстот. Освен тоа, текстот ја манипулира јавноста и преку фотографијата која е ставена како илустрација и која е монтирана. Манипулацијата со мултимедијалните елементи претставува прекршување на етичкиот кодекс и може да се земе како основа за клевета и за соочување со законот.
Линк до оригиналниот напис: „Журнал дознава: Али Ахмети лично ја урнал еднојазичната табела во Стража”
Датум и време на објавување: 02.11.2016
Датум на рецензирање: 02.11.2016
Рецензент: Адриан Керими
„Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“ вели едно од упатствата запишани во Етички кодекс на новинарите.
Кога се чита текстот, добиваме впечаток дека лично Ахмети ја урнал таблата. Барем вака пишува во третиот пасус. Но, веќе при следниот пасус напишано е спротивното, односно дека Ахмети побарал помош од министрите.
„’Журнал’ дознава дека за оваа проблематика тој итно ги повикал министрите од владиниот кабинет кои го прекинале состанокот и веднаш се упатиле кон местото на настанот, за веднаш да се отстрани еднојазичната табела и да се постави таа на албански јазик и сега на Стража стои табла на два јазика, пренесува „Журнал“. Освен тој „инцидент“, сите други табли поставени по автопатиштата се двојазични и договорот се почитува“.
„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“, е уште едоно етичко правило запишано во кодексот на новинарите.
Иако во текстот се спомнати повеќе страни, веста почнува и завршува со восхит кон лидерот на ДУИ. Не е побаран став од јавното претпријатие надлежно за поставување патна сигнализација, не е контактирано ниту соодветното министерство ниту, пак, е направена споредба со слики, односно како било и како е сега.
„Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“ , е уште едно правило запишано во етичкиот кодекс на новинарите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови