Во трка за уривање на професионалните принципи
Објавено во Рецензии
on 7 - 11 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Пимен е нереализиран политичар кој се “ували“ во МПЦ како владика]
Од каков јавен интерес е да се повикате на целосно безначаен извор, да копате по социјалните мрежи за да најдете содржина за која однапред знаете што треба да барате? Од никаков!
Згора на тоа, една таква „собрана“ информација да им ја понудите на читателите во рубриката „Македонија – вести“. Ви се молам, каква вест има тука?!
Да, навистина, од некое мислење понекогаш може да се изведе вест, но тоа, по правило, се случува кога тоа мислење го изнесуваат проминентни личности, „трендмејкери“. Тука за такво нешто воопшто не станува збор.
Освен тоа, кога од некој анонимус се пренесува мислење, тоа останува мислење на анонимус. Во таква ситуација мора да укажеме на една од препораките на Кодексот на новинарите, членот 13, кој укажува:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Линк до оригиналниот напис: Пимен е нереализиран политичар кој се “ували“ во МПЦ како владика
Датум и време на објавување: 02.11.2016
Датум на рецензирање: 06.11.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ПРЕКРШЕНИ ПЕТ ЧЛЕНА ОД КОДЕКСОТ
Освен претходно споменатиот, тринаесетти член од новинарскиот кодекс, со оваа медиумска содржина се прекршени уште 4 други членови. Значи, вкупно – 5. Машала!
Како прво, со овој текст е занемарен целосно членот 10, кој инсистира дека новинарите „нема свесно да создаваат, ниту да преработуваат информации што ги загрозуваат човековите права и слободи“. Ова го истакнуваме зашто личноста врз која се „нафрла“ оваа медиумска информација, всушност, само ги практикувала тие права и слободи.
Понатаму, со оглед на тоа што текстот што го рецензираме искористил еден фејсбук-статус за да се дискредитира една личност која, пак, изразила мислење за еден министер, се „обоил“ во пристрасна содржина, а членот 14 од Кодексот наложува:
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
И тоа не било доволно, па во оваа трка на куси патеки со скокање на новинаските принципи, е прескокнат и членот 15, кој сугерира дека е „новинарите мора да ја негуваат културата на говорот и етиката и дека е неспојлива со новинарската професија непримерната комуникација со јавноста“.
Дури и тогаш кога се пренесува некоја изјава, колку и да е таа личен израз на „простаклук“, новинарот е должен да ја „стави во рамката на културен дијалог“.
Во завршницата на оваа рецензија, всушност е мотивацијата за се преземе и да се објави ова мислење на некој апсолутно неважен, кој „фрла дрвја и камења“. Таа мотивација се гледа во намерата за пресметка со инакумислечка личност, што е во судир со членот 16 од Кодексот на новинарите, кој укажува дека:
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови