verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумска содржина за „отстрел“ на Јанева

on 3 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

vecer

[Рецензија: Ќе одговара ли Катица за помагање и прикривање на кривични дела?]

Дури и да сакате, и да исконструирате теза во медиумска содржина, таа мора да биде поткпрепена и одработена според новинарските стандарди и правила.

Еве, дури некој и да препознае цврсти индиции за дело какво што е „помагање и прикривање кривични дела“, па уште наводно сторени од специјално јавно обвинителство, аргументацијата на тие индиции не може да се земе за сериозно, ако тоа се прави само врз основа на бајати соопштенија, членови од Кривичниот закон и со исполитизирани, исто така стари, изјави на лути политички противници.

Како прво, тоа оддава еден површен, несериозен, новинарски пристап, во најблага смисла на зборот. Најлошата, пак, смисла на една таква постапка, е дека се работи за злоупотреба на новинарската позиција и за креирање содржина која треба да послужи како муниција за отстрел на тергетираната личност.

11032016-vecer-katicaЛинк до оригиналниот напис: Ќе одговара ли Катица за помагање и прикривање на кривични дела?

Датум и време на објавување: 01.11.2016, 17:10

Датум на рецензирање: 03.11.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

 

ОБВИНУВА И СУДИ

Уште еднаш да повториме: И да прифатиме дека има индиции за вакви дела, не е етички да седнеме на компјутер и да пишуваме, а пред тоа да не сме си ја завршиле новинарската задача да ги провериме наводите кај другата страна и кај експертите.

Во случајот на оваа медиумска содржина, тоа не е направено и затоа пред нас имаме новинарски текст кој обвинува и суди во исто време. Останува уште казната да биде одредена! Тоа не го прави новинар. Тоа е во спротивност со многу принципи на новинарскиот Кодекс, но тука ќе издвоиме само три. Првиот, членот 8, кој бара од новинарите да известуваат без сензационализам и налага да се запази презумцијата на невиност:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.
Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

Ако, пак, станува збор за известување за политички процеси, а ја нема рамнотежата што треба да ја направат сите засегнати страни, и од едната и од другата политичка опција, тогаш на површина се појавува пристрасноста. Членот 14 од Кодексот, предупредува токму на оваа погрешна практика:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

И на крајот, само за да ја потркрепиме нашата оценка од воведот дека се работи за злоупотреба на новинарската позиција и за креирање содржина која треба да послужи како муниција за отстрел на тергетираната личност, ќе се повикаме на членот 16 од Кодексот. Во него се вели дека:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести