verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Актуелно и аргументирано, рецепт за добро новинарство

on 7 - 11 - 2016       

prizma

 

[Рецензија: Како жолтата зграда прерасна во неокласичен дворец]

 

Пред нас е текст кој претставува пријатно изненадување кога се во прашање новинарските стандарди – тој, главно, има сè што е потребно да биде оценет како објективен, содржаен и веродостоен, а згора на тоа, обработува една мошне актуелна тема – богатството на партија на власт, олицетворено во речиси завршеното велелепно партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Овој објект стана симбол и е незаобиколен дел од имиџот на партијата како субјект на моќ во македонското општество, а јавноста има мали или никакви сознанија како се случи тој да стане реалност. Пред фактите и боговите молчат, а во овој напис од нив едноставно не може да се избега!

Рецензија: Факти и извори, рецепт за добро новинарствоЛинк до оригиналниот напис: Како жолтата зграда прерасна во неокласичен дворец

Датум и време на објавување: 1.11.2016

Датум на рецензирање: 4.11.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

Оваа сторија е добар пример за тоа како треба да се истражува и да се реализира една тема која е од јавно значење, а тоа е имотот на политичките партии, особено на партиите од власта. Написот врие од податоци, кои не се само нафрлени, туку се поткрепени со докази што ја потврдуваат нивната веродостојност. На читателите им е презентирана хронологијата на настаните поврзани со трансформацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, поточно на нивното партиско седиште – од скромна трикатница со површина од 200 квадртни метри, до огромното раскошно неокласично здание на површина од 1.200 квадратни метри, факсимилот од договорот за купување на парцелата од Владата на РМ преку принцип на непосредна спогодба и по симболична цена, во исто време кога слични парцели со сличен ексклузивитет на локација се продавале по огромни суми, документираните внесени измени во деталниот урбанистички план за Мал ринг (во кој се наоѓа локацијата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ) од страна на поранешното раководство на Општина Центар и трката сето тоа да биде завршено пред опозицијата да ја преземе локалната самоуправа во таа општина, по победата на локалните избори во 2013 година.

 

ФАКТИ И ИЗВОРИ – НОВИНАРСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗАДОВОЛЕНИ

Како дополнителен прилог во аргументацијата на наводите е даден илустративен исечок од прислушуваните разговори, во кој тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, и тогашниот премиер, Никола Груевски, договараат на кој начин ќе се врши одолжувањето на признавањето на изборните резултати додека не се завршат „работите“ на партијата.

Читателот е соочен со бројни извори, кои се релевантни (истражувањето на ПРИЗМА за проектот „Скопје 2014“, новинарски извештај за постигната цена на јавна лицитација на земјиште во Скопје), актуелни (снимки од прислушувани разговори на двајцата клучни партиски претставници – Јанакиески и Груевски), официјални (факсимил на оригинален договор, детал од скица на ДУП и сл.), па затоа нема сомневање дека се присутни основните премиси на професионално новинарство – факти и извори.

 

И ГЛАВНИТЕ АКТЕРИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРАШАНИ

Единствено што недостига се изјави од главните актери – лидерот на партијата и личностите одговорни за начинот на кој еден скромен објект на седиште на партијата, на нетранспарентен начин се трансформираше во вистинска палата, без јавноста да добие одговори како и од каде пари за тоа. Дури и одбивањето на овие личности да одговорат на овие прашања би биле информација сама за себе.

Без оглед што обработува тема со силен политички набој, овој текст не може да се смета за пристрасен, односно неизбалансиран. Тој е објавен во време кога се актуелизира прашањето како и на која основа владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ стана најбогата политичка партија не само во Македонија, туку дури и на Балканот и една од побогатите во Европа. Поради тоа, фокусот на новинарот неминовно се задржал само на оваа партија, но тоа не укажува на политичка пристрасност.

Иако контроверзен, проектот „Скопје 2014“ е недоволно третиран во домашните медиуми на начин кој излегува од рамките на дневно-актуелното следење на темата, вообичаено за дневните весници и за телевизиите. Во овој случај, приодот е поинаков – се анализира поединечен сегмент од проектот, објект кој е партиско седиште и претставува симбол на политичка моќ, за да се изнесат на површина политичките злоупотреби кои создадоа услови за негова изградба. Прашањата се отворени, потребно е само да им се упатат на одговорните личности, за целосно да се одбрани интересот на јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести