verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Еден тон обвинувања без ниту една изјава

on 7 - 11 - 2016       

zurnal

[Рецензија: СТРУМИЦА БАРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК: Кучиња ги напаѓаат луѓето, градот пропаѓа, Заев си го тера „ќејфот“]

 

Ова е еден коментаторски и едностран текст кој не евидентира присуство на извори, поради што се доведува во прашање веродостојноста на информацијата. Написот на читателите не им нуди никакви докази и аргументи за напишаното.

strumica-bara-nov-gradonachalnik-kuchinja-gi-napagjaat-lugjeto-gradot-propagja-zaev-si-go-tera-kjejfot-zurnal-netЛинк на оригиналниот напис: СТРУМИЦА БАРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК: Кучиња ги напаѓаат луѓето, градот пропаѓа, Заев си го тера „ќејфот“

Датум и време на објавување: 01.11.2016

Датум на рецензирање: 07.11.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НИТУ ФАКТИ, НИТУ ИЗВОРИ

Насловот на текстот е бомбастичен и веднаш на читателот му создава слика која тој треба да ја прифати како вистинита и страшна.

„Повеќе од две години, од моментот на почнувањето на деструктивниот поход на струмичкиот градоначалник низ Македонија, градот е оставен на милост и немилост да пропаѓа и деградира додека струмичката администрација безмилосно ги троши народните пари“.

На почетокот од текстот се наведува дека Струмица пропаѓа како град и се обвинува струмичката администрација дека безмилосно ги трошела народните пари. Ова е тезата на текстот која им се пласира на читателите. Подолу, ваквата теза треба да биде поткрепена со факти, доколку станува збор за професионален новинарски производ. Но, во случајов тоа не е така.

„Кучиња скитници кои напаѓаат луѓе, катастрофално ниво на јавна чистота, неуредени зелени површини, осветлување кое откажува, улици полни со дупки се само дел од катастрофалната слика за Струмица која западна во немилост на времето да пропаѓа благодарение на негрижата на градоначалникот“.

 

ЛИЧНО ВИДУВАЊЕ

Катастофалната слика за градот се претставува преку низа информации за кои немаме потврда од ниту еден жител на Струмица, туку станува збор за лично видување и толкување, а за тоа нема место во новинарски текст. Лошата слика во градот, за која се пишува, можела да се претстави преку изјави на струмичани, кои би го потврдиле тоа.

„Додека градот пропаѓа, градската администрација продолжува безмилосно да ги троши народните пари, делејќи тендери на лица блиски до кланот Заеви. Последен во низата беше тендерот за справување со кучињата скитници, тендер во вредност од речиси милион и половина илјади денари доделен на ветеринарна станица од Богданиц, кои со прст немаат мрднато да се справат со проблемот“.

Тука имаме директно обвинување за луѓе од општинската администрација кои делеле тендери на луѓе блиски до Заев. Не е наведено за кои административци станува збор, кои се луѓето блиски до градоначалникот. Лесно е да се користат општи формулации и врз основа на нив да се напише текст. Но, кога имаме сериозни обвинувања, ваквите општи формулации се недозволиви.

Во текстот се прави манипулација и со една фотографија од плакат на кој е испишано „Оглас – Се бара нов градоначалник на Струмица“ и од неа се изведува генерален заклучок дека струмичани бараат нов татко на градот. Тука станува збор за спин, бидејќи плакатот можел да го закачи еден човек кој е незадоволен од работата на Заев. Тоа не значи дека сите струмичани се незадоволни.

Целиот текст е фактички  коментар. Написот нема извори, нема втора страна, нема ништо и поради тоа може да се изведе заклучок дека е политички мотивиран и дека има цел да го дискредитира градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, кој е и лидер на најголемата опозициска партија, СДСМ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести