Рецензии

Кога новинарството ја злоупотребува верата во политички контекст

на 27. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Муки без комплекси го цитира Куранот – (Другите албански политичари „поголеми католици од папата“)!

Најновиот албански политичар (член на СДСМ), Мухамед Зекири, продолжува одвреме-навреме, како и секогаш, да објавува ајети од Куранот на социјалната мрежа „Фејсбук“ и ова изгледа не им пречи на неговите сопартијци од СДСМ, за разлика од партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ, на која токму овие исламски изреки од Мухамед Зекири секогаш ѝ биле трн во око. Додека другите политичари Aлбанци во повеќето случаи ги гледаме како „поголеми католици од папата“, еве го статусот на Мухамет Зекири во целост: „Вистинската правда, опишана во Куранот, го упатува човекот да се однесува праведно, без да прави разлика меѓу луѓето, да ги штити човековите права, да не го дозволи

Еден „лајк“, една вест

на 26. 10. 2016 | | sq

 

 

Напис: На Ермира ѝ се допаѓа видеоснимката на Елизабета Канческа, еве зошто! (Видео)

Пратеничката Ермира Мехмети ставила „лајк“ на видеоснимката на фејсбук-страницата „Странски служби“, каде што е објавен скандалот на министерката Елизабета Канческа-Милевска со микрофоните, но и поранешни скандали на оваа министерка, пишува „Лајм“. Kако пратеничка, Мехмети неколкупати ја критикувала работата на оваа министерка. Ова е видеоснимката на која ставила „лајк“ Ермира Мехмети. /Лајм/  

[Рецензија: „На Ермира ѝ се допаѓа видеоснимката на Елизабета Канческа, еве зошто! (Видео)“]

Веќе некое време статусите на „Фејсбук“ почнаа да стануваат вести за порталите. Полека, се наметнува едно непишано правило секој статус од некоја јавна личност да може да се употреби како изјава или службен став, без да се земе потврдa од лицето

Не Јанева, туку текстот има двојни аршини

на 26. 10. 2016 | | sq
  [Рецензија: Двојните аршини на Јанева: Срамно лаже дека е против притвор за да го оправда Верушевски, а инсистира за притвор на Талевски]   Деновиве сме сведоци на силни спинови кои имаат само една цел – да се омаловажи Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Катица Јанева. Таков е и овој текст. Со делови извадени од контекст, како што е и парчето од видеозапис, се спинува за наводни двојни аршини на Јанева. Наспроти тоа, пак, двојни аршини има текстот.     Линк до оригиналниот напис: Двојните аршини на Јанева: Срамно лаже дека е против притвор за да го оправда Верушевски, а инсистира за притвор на Талевски Датум и време на објавување: 22.10.2016, 10:38 Датум на рецензирање: 26.10.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

Заговорничко сценарио или страв за „престолот“?

на 26. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: НЕКОЈ САКА ДА ПОСТАВИ ТАРАБУКА НА ЧЕЛО НА ВМРО-ДПМНЕ: Опозициски новинар и амбасадорот на ЕУ ги откриваат намерите!]

  Ексклузивен текст  –  разоткривање на наводен заговор против лидерот на владејачката партија за негова смена, при што како главни темели за тезата се користат прашања на новинари, а за извори на информации се земаат луѓе од општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Професионално, нема што!!! Линк до оригиналниот напис: НЕКОЈ САКА ДА ПОСТАВИ ТАРАБУКА НА ЧЕЛО НА ВМРО-ДПМНЕ: Опозициски новинар и амбасадорот на ЕУ ги откриваат намерите! Датум и време на објавување: 24.10.2016 Датум на рецензирање: 25.10.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

  ТЕЗИ НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ  

Текст со сериозно „заговорничко“ сценарио за наметнување друг лидер на владејачката партија – однадвор. Но, по читањето на

Текст што коректно информира за јавниот интерес

на 25. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Кочници за СЈО: Телеком дава отпор, ВИП и ОНЕ соработувале]

  Сериозните медиуми секогаш водат сметка за јавниот интерес и врз основа на тоа ги определуваат темите. Затоа и овој текст, кој по сите критериуми заслужува позитивна рецензија, придонесува за создавање критичко мислење во општеството, поттикнува јавна дебата за прашања од општ интерес и, едноставно, е совест на заедницата.   Линк до оригиналниот напис: Кочници за СЈО: Телеком дава отпор, ВИП и ОНЕ соработувале Датум на објавување: 20.10.2016, 14:49 Датум на рецензирање: 25.10.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Испочитуван е еден од основните принципи на однесување на новинарите, кој произлегува од Кодексот на новинарите на Македонија, а тоа е дека треба да се почитува вистината и дека јавноста треба да

Коментари наместо факти

на 25. 10. 2016 | |

[Рецензија: Партиите од третиот блок се инструирани од СДСМ да направат збрка во политичкиот живот]

  Произволно четиво кое, наместо на факти, се темели на импровизации и на коментари. Понудениот материјал има повеќе слаби алки, како, на пример, тенденциозниот пристап, отсуство на реални извори на информации, пристрасност…  Линк до оригиналниот напис: Партиите од третиот блок се инструирани од СДСМ да направат збрка во политичкиот живот Датум и време на објавување: 21.10.2106, 18:54 Датум на рецензирање: 23.10.2016 Рецензент: Владимир Мирчески    

СЕРИОЗНИ ПРОПУСТИ

Во демократиите, улогата на новинарите треба да биде информирање на јавноста за таа да може да носи едуцирани одлуки.   Улогата на политичарите треба да биде да ги претставуваат оние кои ги избрале и обезбедување дека грижата на

Кога се нема аргументи, се „пука“ со невистини

на 21. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски-објавени носителите на листите на СДСМ]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија содржи невистина уште во насловот. Написот, покрај тоа, е полн со коментари, навреди и со етикети за одредени функционери на СДСМ.   Линкуван наслов на оригиналниот напис: И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски – објавени носителите на листите на СДСМ Датум и време на објавување: 21.10.2016 Датум на рецензирање: 21.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска Насловот на написот „И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски – објавени носителите на листите на СДСМ“, е чиста невистина и манипулација. Најголемата опозициска партија сè уште ги нема официјално објавено носителите на кандидатските листи за пратеници, туку тоа што деновиве се вртеше во дел

„Трендови“ на коментаторски пофалби

на 21. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Отчетноста, сидро на ВМРО ДПМНЕ]

  Пропагандистички текст објавен како директна поддршка на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, еден ден пред одржувањето на нивниот народен собир. Напис кој покажува целосна наклонетост кон еден политички субјект за мобилизација на гласачкото тело.   Линк до оригиналниот напис: ОТЧЕТНОСТА, СИДРО НА ВМРО ДПМНЕ
Датум и време на објавување: 15.10.2016, 07:29
Датум на рецензирање: 21.10.2016
Рецензент: Симона Атанасова   МАСКИРАН КОМЕНТАР Текстот е полн со коментаторски забелешки, непотврдени констатации и со неосновани пофалби. Напишаното ја манипулира јавноста затоа што не е соодветно визуелно одвоено од другите вести. Иако е коментаторски текст, не се наоѓа во категорија „Коментари“ или „Уреднички коментар“, туку е во категоријата за вести од Македонија. „ВМРО ДПМНЕ одново промовира трендови во водењето

Без дополнителни факти, анонимните извори се неверодостојни

на 21. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Кенан Хасип го разрешува Фуркан Чако затоа што бил проалбански ориентиран?

Како што дознава „Флака“ од извори блиски на Демократската партија на Турците, разрешувањето на министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Фуркан Чако, се случило поради тоа што тој побарал коалиција со некоја партија на Aлбанците, било тоа да е предизборна или, пак, коалиција по изборите. Истиот извор за „Флака“ изјави дека веќе извесно време на Чако му се врши притисок по ова негово барање и дека партијата сака да го разреши и од позицијата на претседател на разгранокот на ДПТ во Гостивар. За чудо, одлуката за неговото разрешување е донесена во време кога тој бил во Турција, односно без негово знаење. Неофицијално, „Флака“ дознава дека

Не Јанева, други го прават медиумскиот циркус

на 21. 10. 2016 | | sq
[Рецензија: СЈО повторно во Холивуд: Филмско сценарио во УБК за кампањата на СДСМ]   Уште во првата реченица на оваа медиумска содржина се соочуваме со прекршување на Кодексот на новинарите. „Наместо правна постапка согласно законот, Катица Јанева уште еднаш се обиде да направи медиумски циркус, овој пат во Министерството за внатрешни работи“. Коментаторските елементи во оваа реченица се во спротивност со членот 13 од Кодексот, кој бара од новинарите да прават разлика меѓу вест и коментар: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Оваа реченица, практично, го дава тонот на целиот извештај, иако со ваквата постапка веќе се целосно разнишани и изрелативизирани критериумите според кои треба да се утврди за каков новинарски жанр овде