verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Погрешно толкување и тенденциозен пристап за изјавите на Рауфи!

on 3 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-102-avokati-naser-raufi-pranon-se-grupi-i_-http___www-tetova1-mk_2016_10_29_a

 

Напис: Адвокатот Насер Рауфи признава дека групата од Диво Насеље можеби зела 2 милиони евра!?

До пред некое време сè беше енигматично во врска со лицата што го почнаа инцидентот од 9 и 10 мај минатата година во Диво Насеље во Куманово, кој заврши со неколку жртви од двете страни, вооружената група и полициските сили, известува „Журнал“.

Во последното интервју дадено за „Макфакс“, адвокатот на групата од Диво Насеље, Насер Рауфи, меѓу другото, одговара и за тоа како вооружената група можеби зела пари за организирање на оваа акција.

Дали има докази дека, како што се зборува, на групата ѝ се исплатени два милиони евра за акцијата?

Како материјален доказ нема ништо, но се зборува дека, да, сме предложиле и сведоци, но јас не мислам дека акцијата е извршена поради материјални интереси, не ја исклучувам можноста Командант Нато и Бег Ризај да зеле пари додека за другите не сме слушнале да се зборува дека зеле пари, изјави адвокатот Рауфи во неговото последно интервју, пренесува „Журнал“.

 

[Рецензија: Адвокатот Насер Рауфи признава дека групата од Диво Насеље можеби зела 2 милиони евра!?]

Енигмите не се решаваат со претпоставки или со погрешно толкување на изјави. Такво нешто е уште помалку дозволено во новинарството, ако изворите и цитатите не се ексклузивни за редакцијата, туку се преземаат, се преведуваат и се усогласуваат од друг медиум и на друг јазик.

Веста што ја рецензираме не е вистинита. Авторот, толкувајќи ја погрешно изјавата на адвокатот Насер Рауфи, клевети на негова сметка – за неговите клиенти.

„До пред некое време сè беше енигматично во врска со лицата што го почнаа инцидентот од 9 и 10 мај минатата година во Диво Насеље во Куманово, кој заврши со неколку жртви од двете страни, вооружената група и полициските сили, известува „Журнал“.

Во последното интервју, дадено за „Макфакс“, адвокатот на групата од Диво Насеље, Насер Рауфи, меѓу другото, одговара и за тоа како вооружената група можеби зела пари за организирање на оваа акција“.

raufi_tetova1_lagja-e-trimave2Линк до оригиналниот напис: Адвокатот Насер Рауфи признава дека групата од Диво Насеље можеби зела 2 милиони евра!?”

Датум и време на објавување: 29.10.2016

Датум на рецензирање: 30.10.2016

Рецензент: Адриан Керими

Иако во текстот нема новинарски стил и професионално поставување на веста, најдена е можност да се клевети и да се толкува погрешно прашањето кое е предмет на информацијата. Всушност, адвокатот Рауфи се изјаснува за милионските суми, но ниту потврдил, ниту негирал такво нешто. Ова се гледа и во неговиот одговор, но и од ставот за медиумот што ја обезбедил ексклузивната изјава на Рауфи. Рауфи, потпирајќи се на материјалите што ги поседува како бранител, изјавил:

 

„Не верувам дека акцијата е извршена поради материјални интереси“.

Во следниот пасус се пренесува ставот на Рауфи, кој додава дека не ја исклучува можноста двајца од најпопуларните главни членови на кумановската група да имале интерес, но ова не подразбира дека тој признал дека неговите клиенти зеле два милиони евра, како што тврди авторот.

„Дали има докази дека, како што се зборува, на групата ѝ се исплатени два милиони евра за акцијата?

Како материјален доказ нема ништо, но се зборува дека, да, сме предложиле и сведоци, но јас не мислам дека акцијата е извршена поради материјални интереси, не ја исклучувам можноста Командант Нато и Бег Ризај да зеле пари, додека за другите не сме слушнале да се зборува дека зеле пари, изјави адвокатот Рауфи во неговото последно интервју…“

Во такви случаи, новинарот е обврзан да го има предвид настанот и да биде во тек. Лицата што се спомнуваат од страна на Рауфи, не се дел од предметот и сега веќе се покојни. Врз основа на оваа реалност, не може да се направи вест која вели дека истите биле платени без да се има никаков силен доказ, но и да беше така, ставот на Рауфи без докази претставува само една претпоставка или став од една страна, бидејќи сега веќе нема логика жртвите да се претставуваат од страна на Рауфи во судска постапка.

Како и да е, тоа што веста нема структура, официјални ставови, автентични извори и заднина, докажува дека во текстот не е водено сметка за настаните, фактите и за актуелноста. Настрана од тоа, за еден текст за да биде комплетен, потребно е наведување на заднински информации, што би ги објасниле главните информации околу судирот на кумановската група со македонската полиција, жртвите, уапсените и материјалната штета.   

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести