„Delete“ е копчето што ви треба
Објавено во Рецензии
on 8 - 11 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Видео: Верушевски лично му ги пуштал снимките на Заев за да не се збуни и самиот да не се сними]
Несериозно! Многу несериозно! Од цела емисија на една, иако бајата, релативно атрактивна тема, како што се достапните технички можности за прислушување, да изберете „парче“ во кое протагонистите на таа емисија се потсмеваат и импутираат на сметка на одредени јавни личности.
Таа постапка не ја става на увид целината, контекстот, од кој е извадена оваа „поента“. Вака издвоена, таа, сама за себе, оддава пристрасност и намера да се дискредитира одредена или повеќе личности.
Линк до оригиналниот напис: Видео: Верушевски лично му ги пуштал снимките на Заев за да не се збуни и самиот да не се сними
Датум и време на објавување: 07.11.2016, 14:23
Датум на рецензирање: 08.11.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
БЕЗ ПРОФЕСИОНАЛНА ДИСТАНЦА
Наменското селектирање и креирање содржини ставени во функција за оцрнување на неистомилсници, не е постапка својствена на професионалното новинарство. Така вели членот 16 од Кодексот на новинарите:
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
И кога веќе имате нарушено еден новинарски принцип, како по правило, тој повлекува и други отстапувања.
На пример: Издвоената поента од целината на емисијата не е соочена со втора страна или второ мислење. Но, кога се „исмевате“ недостојно со некоја личност, бесмислено е да побарате второ мислење. Тоа само ја потврдува „евтината“, непрофесионална суштина на медиумската содржина и директно доведува во судир со членот 14 од Кодексот кој им наложува на новинарите да известуваат непристрасно и избалансирано и да обезбедат професионална дистанца од политичките субјекти.
А, токму тоа ѝ недостига на оваа медиумска содржина.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови