Рецензии

Не се огласил Шумахер, туку е активиран неговиот ФБ-профил

на 16. 11. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Шумахер се огласи по долго време – фановите пресреќни]

  Сензационализам, невистина и непрецизност. А зошто е тоа така? Па, секако, заради повеќе публика.  Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Шумахер се огласи по долго време – фановите пресреќни  Датум и време на објавување: 15.11.2016,  10:13  Датум на рецензирање: 15.11.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ПРЕД СÈ!

Преземен текст, ама ептен сензационалистички преработен за да „навлече“ повеќе кликнувања.  Во насловот бомбастично се соопштува: „Фото: Шумахер се огласи по долго време…“, но, вистината е поинаква. Шумахер не се огласил, туку станува збор за активирање на негови профили на дел од социјалните мрежи за што е одговорен тимот за односи со јавноста на семејството Шумахер. Прва сервис-грешка. Споменатото ФОТО е, всушност,

Политички напад „без оружје“ против првиот човек на „Мост“

на 15. 11. 2016 | |
  [Рецензија: Одработувањето за СДСМ го направи Алексов милионер, а МОСТ продолжена рака на Заев (ФОТО)]     Имаме серија тврдења „накитени“ со коментари, но ниту едно од нив не е поддржано со докази и со факти. Фотографиите што се презентираат во објавата не се доволна потврда за имотната состојба на Дарко Алексов, а нападите кон него, јасно насочени кон лична дискредитација, се шират и кон други субјекти и невладини организации.   Линк до оригиналниот напис: Одработувањето за СДСМ го направи Алексов милионер, а МОСТ продолжена рака на Заев (ФОТО) Датум и време на објавување: 14.11.2016 Датум на рецензирање: 14.11.2016 Рецензент: Александар Пешев   ЈУРИШ – БЕЗ ОРУЖЈЕ В РАКА Што би спречило новинар да фотографира објект

Напади врз неистомислениците на најниско ниво

на 15. 11. 2016 | |
  [Рецензија: ЉУБЕ И КРИМИНАЛНАТА БАНДА: Се проширува списокот на лица кои на 12-ти декември ќе добијат отказни решенија од МВР!]     Насловот на текстот што го рецензираме, а впрочем и целиот текст, упатуваат навреди, но и закани за луѓето кои се во друштво на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, а кои наводно се вработени во МВР. Тие се квалификуваат како криминалци на кои им се заканува отказ по изборите. Притоа не може да се утврди точно зошто овие луѓе би добиле отказни решенија, но од фотографијата која е ставена како поткрепа на текстот,  може да се изведе заклучок дека тоа е само затоа што се во друштво на политички опонент на власта. Имено, неодамна партијата на

Коментирање маскирано во вест заради политички напад

на 15. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Груевски избега од Пендаровски: Еве кои се носителите во ВМРО-ДПМНЕ]

  Текстот коментира, а тврдењата не ги поткрепува со податоци што би ги оправдале изнесените ставови. Вака конципиран, остава впечаток дека има цел да направи спин во полза на опозицијата и да создаде поинаква перцепција кај читателите.   Линк до оригиналниот напис: ГРУЕВСКИ ИЗБЕГА ОД ПЕНДАРОВСКИ: ЕВЕ КОИ СЕ НОСИТЕЛИТЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ  Датум и време на објавување: 11.11. 2016 Датум на рецензирање: 14. 11. 2016 Рецензент: Димитар Тануров   КОМЕНТАР УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ Самиот наслов навестува за каков вид текст ќе стане збор, односно уште во него може да се забележи присуство на коментар. Тоа се гледа и во првиот дел од текстот, во кој е изнесено тврдење. „Груевски

Спинувана изјава на Шекеринска

на 15. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Шеќеринска разочарана од изборот на Американците – Поразот на Клинтон значи и пораз на Сорос]

  Ова е политички мотивиран и спинуван текст, кој нема објаснување и потврда за тезите што ги нуди. Неговата цел е да ја изврти изјавата на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, дадена по повод изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и таа, односно партијата, по секоја цена да се доведе во корелација со Сорос. Линк до оригиналниот написШеќеринска разочарана од изборот на Американците – Поразот на Клинтон значи и пораз на Сорос Датум и време на објавување: 09.11.2016 Датум на рецензирање: 15.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

МНОГУ ПРАШАЊА, НИТУ ЕДЕН ОДГОВОР

Насловот на текстот веднаш отвора многу прашања за

Фејсбук-статус за Али Ахмети не е вест

на 15. 11. 2016 | | sq

 

Напис – Вест: Видео што ја запали мрежата: Ахмети се прашува себеси дали е Aлбанец? Му одговара Муса Џафери!

Ме информираа дека вечерва на еден собир, Али Ахмети изјавил дека кога ги слуша многуте критики од опозициските партии, алудирајќи на Беса, се прашува себеси дали е Aлбанец што живее во Македонија или не? Добро направил што си го поставил ова прашање, на кое најдобро одговорил не многу одамна неговиот најблизок пријател, Муса Џафери од ДУИ, кога велеше: „Сме станале поголеми каури од каурите!“ Не ви рековме ние, вие сами си рековте. Ние зборуваме со аргументи, а вие клеветите. Ова е разликата! Време за #РЕДЕФИНИРАЊЕ. (Преземено од статусот на Емад Мехмеди на „Фејсбук“).  

[Рецензија: „Вест: Видео што ја запали

Еднострана објава без новинарска диоптрија

на 15. 11. 2016 | |

[Рецензија: Никој не верува дека Црпко може да биде премиер: И самиот Заев знае дека ќе загуби, затоа што нема што да понуди]

  Имаме едноставно копирање на говорот на лидерот на владејачката партија, без суштинска новинарска интеревнција, а тоа е работа што може да ја заврши кој било „копирач“, дали од обична копирница, дали од центарот за комуникации со јавноста на партијата. Единственото, еве, да го наречеме, некакво ангажирање околу текстот, е во насловната конструкција и тоа е многу лошо сторено.  Линк до оригиналниот напис: Никој не верува дека Црпко може да биде премиер: И самиот Заев знае дека ќе загуби, затоа што нема што да понуди  Датум и време на објавување: 06.11.2016, 19:52  Датум на рецензирање: 12.11.2016  Рецензент:

Непрофесионално и незаконско е објавување анкета без сите релевантни податоци

на 14. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Нова анкета: ДУИ 9, БЕСА, 7, ДПА 4 %

Како што се приближуваат изборите, продолжува да се стеснува разликата меѓу партиите на власт и опозицијата. Според последната анкета објавена на македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ останува во водство со само 2 отсто во споредба со СДСМ. Реализираната анкета со 1.600 анкетирани, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ сега има рејтинг од 27 отсто, додека СДСМ има 25 проценти, пренесува весникот „Лајм“. Исто таква мала разлика има и меѓу ДУИ и движењето Беса. ДУИ сега има 9 отсто рејтинг, Беса 7 отсто, додека ДПА има 4 проценти.  

[Рецензија: „Нова анкета: ДУИ 9, БЕСА, 7, ДПА 4 %“]

Се претпоставува дека од анкетите треба да произлегуваат бројки и статистики, кои ќе го направат написот

Непрофесионално против непрофесионалноста

на 14. 11. 2016 | |

[Рецензија: „Тази дупка не е дупка“: Блам бр. 217 на Геро, Фокус, Доказ и другите медиумски јуришници на СДСМ/Сорос]

   Медиумите чии написи се анализираат во текстот навистина објавија погрешна информација и тука постои оправданост за критика. Спорниот елемент е начинот на кој се пристапува во критиката. Написот што е пред нас тоа го прави со видлива тенденцозност, притоа употребува  неосновани квалификации и дискредитира личности, невалдини организации и медиуми. И токму ваквиот пристап говори за (не)професионалноста на тие што критикуваат други медиуми за непрофесионално однесување. Овој материјал како да ја потврдува народната поговорка „Магарето му се смеело на зајакот бидејки имал големи уши“! Линк до оригиналниот наслов: „Тази дупка не е дупка“: Блам бр. 217 на Геро, Фокус, Доказ и

Извртување тези и манипулација со изјави

на 14. 11. 2016 | |

[Рецензија: Едно тресе Рада, друго лупа Црпко: Во СДСМ шокирани од поразот на Клинтон меѓусебно се демантираат]

  Недоличен  речник за комуникација со јавноста и извртување тези се главните одлики на овој текст. Написот свесно манипулира со изјавата на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, дадена по повод резултатите од претседателските избори во САД. Линк до оригиналниот напис: Едно тресе Рада, друго лупа Црпко: Во СДСМ шокирани од поразот на Клинтон меѓусебно се демантираат Датум и време на објавување: 09.11.2016, 20:45 Датум на рецензирање: 11.11.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

НЕТОЧНА КОНСТАТАЦИЈА

„Заменичката на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, со цел да го мотивира разлутеното членство, се служи со пример на изборите во САД и прави споредба со претстојните избори во Македонија.