verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Извртување тези и манипулација со изјави

on 14 - 11 - 2016       

zurnal

[Рецензија: Едно тресе Рада, друго лупа Црпко: Во СДСМ шокирани од поразот на Клинтон меѓусебно се демантираат]

 

Недоличен  речник за комуникација со јавноста и извртување тези се главните одлики на овој текст. Написот свесно манипулира со изјавата на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, дадена по повод резултатите од претседателските избори во САД.

edno-trese-rada-drugo-lupa-crpko-vo-sdsm-shokirani-od-porazot-na-klinton-megjusebno-se-demantiraat-zurnal-netЛинк до оригиналниот напис: Едно тресе Рада, друго лупа Црпко: Во СДСМ шокирани од поразот на Клинтон меѓусебно се демантираат

Датум и време на објавување: 09.11.2016, 20:45

Датум на рецензирање: 11.11.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

НЕТОЧНА КОНСТАТАЦИЈА

„Заменичката на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, со цел да го мотивира разлутеното членство, се служи со пример на изборите во САД и прави споредба со претстојните избори во Македонија. Заменичката на СДСМ направила и споредба со анкетите во Македонија, па се надева дека иако ВМРО-ДПМНЕ со години ужива далеку поголема доверба кај граѓаните, сепак е можно СДСМ да излезе како победник“.

Ова е неточна констатација затоа што Шекеринска во својата изјава воопшто не прави споредба на анкетите во САД со анкетите во Македонија. Освен тоа, текстот тенденциозно тврди дека изјавата на заменичката претседател на СДСМ била со цел да го мотивира разлутеното членство.

Оваа констатација не е потврдена туку е дадена за да се манипулира јавноста. Текстот не дава каков било доказ дека членството на СДСМ навистина е разлутено ниту, пак, дава објаснување зошто би било разлутено.

Наспроти тврдењата во текстот, Шекеринска во изјавата вели дека жали што САД не добиле жена претседател, а единствената паралела со Македонија ѝ е ставот дека и македонските граѓани бараат промени. Во ниеден момент не вели дека „ВМРО-ДПМНЕ со години уживале далеку поголема доверба од СДСМ“.

„Како жена не можам да кажам дека не жалам што една од најмоќните држави во светот не ја доби првата жена претседател. Но, американските избори покажаа две важни работи, а тоа е дека дури и големата медиумска поддршка на одредени кандидати и одредена политичка партија не е доволна доколку граѓаните бараат промена. Јас сум убедена дека таа порака ќе ја испратат македонските граѓани и на 11 декември“.

 

НАВРЕДЛИВ НАСЛОВ

Насловот е особено проблематичен затоа што е сензационалистички, тенденциозен и има навредлива нота.

Непримерно е заменик-претседателка на најголемата опозициска партија, поранешна министерка и пратеничка да се нарекува со скратеница од нејзиното име и да се тврди дека таа „тресе“, а за лидерот на опозицијата вулгарно да се реферира со изразот „Црпко“.

„Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е двојна во корист на владејачката партија. Згора на тоа, Никола Груевски има над три пати поголема доверба кај граѓаните од Зоран Заев“.

Во овој дел од текстот недостига прецизен извор на информацијата. Не е јасно кој тврди дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е двојна и дека Груевски има трипати поголема доверба кај граѓаните од Заев.

Последното истражување на релевантниот меѓународен републикански институт ИРИ покажа дека паѓаат рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски. Според анкетата, 27 отсто од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 18 отсто за СДСМ, што не е двојна разлика. Груевски, од 66 отсто поддршка во јуни 2008 година, падна на само 33 отсто.

Написот е едностран, пристрасен, пласира неточни информации и ја манипулира јавноста со намерно нарушување на угледот на двајца политичари.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести