verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Еднострана објава без новинарска диоптрија

on 15 - 11 - 2016       

zurnal

[Рецензија: Никој не верува дека Црпко може да биде премиер: И самиот Заев знае дека ќе загуби, затоа што нема што да понуди]

 

Имаме едноставно копирање на говорот на лидерот на владејачката партија, без суштинска новинарска интеревнција, а тоа е работа што може да ја заврши кој било „копирач“, дали од обична копирница, дали од центарот за комуникации со јавноста на партијата. Единственото, еве, да го наречеме, некакво ангажирање околу текстот, е во насловната конструкција и тоа е многу лошо сторено.

 111Линк до оригиналниот напис: Никој не верува дека Црпко може да биде премиер: И самиот Заев знае дека ќе загуби, затоа што нема што да понуди

 Датум и време на објавување: 06.11.2016, 19:52

 Датум на рецензирање: 12.11.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

  

ГОВОРОТ НА ЛИДЕРОТ ОД А ДО Ш

Ова би го нареклe „новинарство“ без ангажман. Што друго да се каже за напис што нема речиси никаква оригинална реченица од тоа што ни го нуди како легитимно новинарско четиво. Попрецизно, имаме четири мошне долги цитати од Никола Груевски и помеѓу нив само три реченици, кои, пак, се парафраза на настапот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Ептен ангажирано, навистина, нема што. Па зошто воопшто и се мачеле да „интервенираат“ со тие три реченици. Се можело и без нив, пуштете го лидерот интегрално, од А до Ш, нека се доискаже човекот. За ваков производ не треба новинар, може кој било да го сработи, со насоки можеби од штабот за тоа кои се најударните парчиња од говорот кои треба да добијат посебен третман.

Насловната конструкција, мора да признаеме, сепак е со авторски печат. Каков, тоа е друго прашање.

„Никој не верува дека Црпко може да биде премиер: И самиот Заев знае дека ќе загуби, затоа што нема што да понуди“

Наслов надвор од сите стандарди. Прво, нејасно е кој го вели тоа, дали е сегмент од говорот на Груевски или, пак, е заклучок на тој што го пишувал текстот? Второ, несоодветен е вокабуларот што се користи зашто е јасна навреда за лидерот на опозицијата. Ова е во спротивност со  членот 15 од Кодексот на новинарите:

„Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката“

Насловот сосе содржината јасно укажува на едностраноста што ја носи материјалот. Не се ни направил обид за балансиран приод што, пак, се коси со членот 14 од новинарскиот Кодекс:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. 

Заклучокот сам се наметнува, зашто кога ќе отсуствува минимална новинарска диоптрија, а притоа отворено ќе се заземе политичка страна и ќе се користат навреди, јасно е дека се добива конечен производ кој е навистина лош.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести