verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не се огласил Шумахер, туку е активиран неговиот ФБ-профил

on 16 - 11 - 2016       

kurir

[Рецензија: ФОТО: Шумахер се огласи по долго време – фановите пресреќни]

 

Сензационализам, невистина и непрецизност. А зошто е тоа така? Па, секако, заради повеќе публика.

 1111Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Шумахер се огласи по долго време – фановите пресреќни

 Датум и време на објавување: 15.11.2016,  10:13

 Датум на рецензирање: 15.11.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ПРЕД СÈ!

Преземен текст, ама ептен сензационалистички преработен за да „навлече“ повеќе кликнувања.  Во насловот бомбастично се соопштува: „Фото: Шумахер се огласи по долго време…“, но, вистината е поинаква. Шумахер не се огласил, туку станува збор за активирање на негови профили на дел од социјалните мрежи за што е одговорен тимот за односи со јавноста на семејството Шумахер. Прва сервис-грешка. Споменатото ФОТО е, всушност, преобјавување на некои фотографии од неговата богата кариера во Формула 1 и воопшто не станува збор за „фотка“ од самиот Шумахер по несреќата за чија приватност се грижи огромен персонал околу него.

И откако кончено публиката ќе увиди дека била медиумски насамарена, доаѓа завршниот удар во формулацијата:

„Се смета дека зад профилот на Шумахер се крие некој близок…“

Убаво, а зошто тогаш на почетокот се дезинформира јавноста дека „Шумахер се огласил“, кога тоа едноставно не е така. Секако, насловот треба да има одредена доза атрактивност, ама не по цена на квалитетот на веста која во овој случај е еродирана за сметка на сензационализмот и на трката по повеќе кликнувања од кои, пак, зависат рекламите.

А еве како дел од светските медиуми ја соопштија веста за активирањето профили на Шумахер на социјалните мрежи:

Официјален инстаграм профил отворен за Михаел Шумахер (Fox Sports)

 

Михаел Шумахер добива официјални профили на социјалните медиуми (Sport1. de)

Многу коректно и елегантно пренесување на информацијата без сензационализмот што ни го нуди домашниот текст. Лекција како треба и како не треба да се информира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

во насловот

во насловот

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести