Фејсбук-статус за Али Ахмети не е вест
Објавено во Рецензии
on 15 - 11 - 2016 Автор: Agron Vrangalla
Напис – Вест: Видео што ја запали мрежата: Ахмети се прашува себеси дали е Aлбанец? Му одговара Муса Џафери!
Ме информираа дека вечерва на еден собир, Али Ахмети изјавил дека кога ги слуша многуте критики од опозициските партии, алудирајќи на Беса, се прашува себеси дали е Aлбанец што живее во Македонија или не? Добро направил што си го поставил ова прашање, на кое најдобро одговорил не многу одамна неговиот најблизок пријател, Муса Џафери од ДУИ, кога велеше: „Сме станале поголеми каури од каурите!“ Не ви рековме ние, вие сами си рековте. Ние зборуваме со аргументи, а вие клеветите. Ова е разликата! Време за #РЕДЕФИНИРАЊЕ. (Преземено од статусот на Емад Мехмеди на „Фејсбук“).
[Рецензија: „Вест: Видео што ја запали мрежата: Ахмети се прашува себеси дали е Албанец? Му одговара Муса Џафери!“]
Со функционирањето на социјалните медиуми и нивната популаризација во 21 век, сите имаат можност за објавување видеозаписи, фотографии или и пренесување ставови на нивните електронски сметки. Оваа крајна демократизација на информацијата, изгледа дека еден дел од медиумите и општеството ги фатила неподготвени.
Линк до оригиналниот напис: „Вест: Видео што ја запали мрежата: Ахмети се прашува себеси дали е Албанец? Му одговара Муса Џафери!“
Датум и време на објавување: 08.11.2016
Датум на рецензирање: 10.11.2016
Рецензент: Агрон Врангала
Во оваа рецензија ќе бидат опфатени две главни компоненти што изгледаат попроблематични, насловот и текстот на веста, значи сé.
Како прво, насловот на веста е скандалозен, неточен, измислен, пропаганден и не ја отсликува содржината. Барем да имаше некое старо правило за главата на веста, да се знае што е што (подмет, прирок, предмет), но и тоа го нема. Добро, ова последново беше повеќе како шега, бидејќи ова правило веќе никој не го почитува, иако е многу функционално, особено за тие што се почетници во новинарството. Но, зошто не ги поштедивме малку зборовите што се кажани за насловот на веста: „Вест: Видео што ја запали мрежата: Ахмети се прашува себеси дали е Албанец? Му одговара Муса Џафери!”? Има неколку причини:
- Конкретната вест нема видеозапис, а тука се спомнува некое „видео“;
- Можеби е точно дека Али Ахмети се запрашал дали е Албанец, но не добил никаков одговор од Муса Џафери, значи оваа игра на зборови „не држи вода“;
- Веста е преземена од „Лајмпрес“, додека од „Ина-онлајн“ го презеле без да изменат ништо, што произлегува дека двата портали грешат;
- Овој наслов нема врска со содржината.
Второ, содржината. Не прашувајте, што да кажеме… Нема содржина, има само еден статус преземен од „Фејсбук“, измешан со подбивни коментари и со навредливи проценки. Ќе речете, „добро де, сите сега цитираат статуси од „Фејсбук, што има лошо во тоа“? Еве неколку причини:
- Статусите од социјалните мрежи не се вести. Може да се индикации за вести;
- Доколку сакате да направите вести со ставовите од лицата што објавуваат на социјални мрежи, редно е да земете дозвола од нив. Не дозвола само за почит, туку да се праша лицето дали ова е став што може да се објави во медиуми, или треба малку и да се модифицира;
- И да сте добиле дозвола, статусите од „Фејсбук“ не се објавуваат сами, значи, целата вест да биде само еден статус или став од едно лице. Не. Мора, најмалку да се земаат два-три статуси од различни страни, за да се „покрие“ една вест. Не е најдобрата вест што си ја направил во твојот живот, но може да си завршиш работа за дента;
- Конкретниот статус што е објавен изгледа има врска со политичко ривалство. Многу добро. Но, што му требаше на авторот да направи вест со овој статус? Или бидејќи само редакцијата и конкретната личност што го напишал овој статус го делат истото мислење? Доколку ова е причината, тогаш со оваа содржина работите не се одвиле како што треба.
Може да се наредат серија други причини зошто овие текстови се недозволиви за да се постават во категоријата вести, но доволно е толку, колку да се даде до знаење на најпријателски можен начин, дека овие објави не треба да се практикуваат во професионалното новинарство.
Во многу од интернет-медиумите недостигаат тие што се викаат портири (гејткиперс) или филтри што ги контролираат повторно вестите пред да се објават. Но, доколку порталите се политизирани, не се доволно ни илјада чувари на портата низ која содржината излегува до јавноста.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови