verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напади врз неистомислениците на најниско ниво

on 15 - 11 - 2016       

infomax-za-policajci

 

[Рецензија: ЉУБЕ И КРИМИНАЛНАТА БАНДА: Се проширува списокот на лица кои на 12-ти декември ќе добијат отказни решенија од МВР!]

 

 

Насловот на текстот што го рецензираме, а впрочем и целиот текст, упатуваат навреди, но и закани за луѓето кои се во друштво на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, а кои наводно се вработени во МВР. Тие се квалификуваат како криминалци на кои им се заканува отказ по изборите. Притоа не може да се утврди точно зошто овие луѓе би добиле отказни решенија, но од фотографијата која е ставена како поткрепа на текстот,  може да се изведе заклучок дека тоа е само затоа што се во друштво на политички опонент на власта. Имено, неодамна партијата на Љубе Бошкоски потпиша договор со уште две партии и ја формираа коалицијата „ВМРО за Македонија“, која најави дека ќе го „врати достоинството на старото ВМРО, што било згазено од членството на ДПМНЕ.

Се наметнува прашањето: дали сите политички опоненти на власта ќе бидат избркани од работа од државните институции ако актуелната владејачка гарнитура повторно победи на изборите на 11 декември?

 

ljubeЛинк до оригиналниот напис: ЉУБЕ И КРИМИНАЛНАТА БАНДА: Се проширува списокот на лица кои на 12-ти декември ќе добијат отказни решенија од МВР!

Датум и време на објавување: 13.11.2016

Датум на рецензирање: 15.11.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ФОТОГРАФИЈА КАКО „ДОКАЗ“

На луѓето што на фотографијата се со Љубе Бошкоски, им се припишува дека се партиски кадри на СДСМ, иако подолу во текстот се истакнува дека се вработени во времето кога Бошкоски бил министер за внатрешни работи. Притоа, од фотографијата како единствен доказ за „дружбата“ меѓу овие луѓе со Бошкоски, не може да се утврди дали станува збор за извршување на партиски активности или, пак, станува збор за приватна средба надвор од работното време на вработените во МВР.

„Продолжува да се зголемува списокот на партиски кадри на СДСМ во МВР кои на 12-ти декември уредно ќе бидат повикани од нивните претпоставени и ќе им биде врачено отказно решение, со образложение дека го прекршиле законот за полиција но и професионалната заклетва за немешање во активностите на политичките партии“.

Понатаму во написот продолжуваат личните навреди кон Бошкоски и дружината и тие се нарекуваат „бандити“ и „криминалци“. Со тоа се прави обид за дискредитација на политички опонент на власта, што беше практика и досега. Како што е познато во јавноста, Специјалното јавно обвинителство го истражуваше случајот „Тортура“ за начинот на кој беше уапсен Љубе Бошкоски во 2011 година, при што беше утврдено дека припадници на единицата „Алфи“ нечовечки постапувале при неговото апсењето и употребиле прекумерна сила. Тоа доволно силно илустрира како власта се пресметува со својот неистомисленик Бошкоски.

„Освен што самиот Бошкоски е осомничен за нарачување на убиството на Орце Коруновски, сеуште недорачистениот случај „Раштански лозја“ но и со намерно заташканиот случај „Јама“ со киднапираните Македонци од с.Непроштено тетовско во време на воениот конфликт 2001 година, тој со себе ги води и своите бандити кои како и во криминална склопка останале лојални на криминалецот кој со нешто ги задолжил“.

 

ШПЕКУЛАЦИИ И НАВРЕДИ

За тврдењето дека едeн од луѓето на фотографијата е сопственик на кафуле нема никакви докази. Исто така, се нарушува угледот на споменатото кафуле, што би можело да биде индиректна навреда за неговите гости. Обвинувањата дека е „дувло на криминалци и проституција“ остануваат во сферата на шпекулациите. Ниту има факти дека наводно братот на сопственикот на кафулето ја спречувал инспекцијата да влегува за да не пишува казни, што, од друга страна, може да се протолкува како неефикасност на работата на службите.

И, иронично, како сè друго да е поткрепено со факти, за кривичната пријава за сопственикот која се спомнува на крајот на текстот се вели дека е неофицијална информација која не може да се потврди…

„Боби Димчевски е сопственик на кафулето „Ган“ во Аеродром кое важи за дувло на криминалци и проституција, а бидејќи се наоѓа во реонот на неговиот брат Зоран, него најчесто можете да го видите пред влезот на кафулето каде како службено лице го штити од инспекции и изнудува да не му се пишуваат казни на неговиот брат.Неофицијално Боби Димчевски исто така има и една кривична пријава за насилство, која до моментов не можевме да ја потврдиме“.

Текстот што го рецензираме нема факти и не може да се утврди веродостојноста на она што се наведува. Станува збор за еден несеопфатен и несодржаен текст, во кој се врши политичка дискредитација и во кој, исто така, се провлекува и говор и на омраза. Насловот е дезинформирачки, сензационален и тенденциозен и има цел да наштети на угледот на Бошкоски и на луѓето околку него на приложената фотографија, која е единствен „извор“ од кој произлегува еден пропагандистички текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

текстот е со непоткрепени напади

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

Претплатете се за најнови вести