verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политички напад „без оружје“ против првиот човек на „Мост“

on 15 - 11 - 2016       

republika-za-darko-aleksov

 

[Рецензија: Одработувањето за СДСМ го направи Алексов милионер, а МОСТ продолжена рака на Заев (ФОТО)]

 

 

Имаме серија тврдења „накитени“ со коментари, но ниту едно од нив не е поддржано со докази и со факти. Фотографиите што се презентираат во објавата не се доволна потврда за имотната состојба на Дарко Алексов, а нападите кон него, јасно насочени кон лична дискредитација, се шират и кон други субјекти и невладини организации.

 

odrabotuvanjeto-za-sdsm-go-napravi-aleksov-milioner-a-most-prodolzhena-raka-na-zaev-foto-republika-onlineЛинк до оригиналниот напис: Одработувањето за СДСМ го направи Алексов милионер, а МОСТ продолжена рака на Заев (ФОТО)

Датум и време на објавување: 14.11.2016

Датум на рецензирање: 14.11.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

ЈУРИШ – БЕЗ ОРУЖЈЕ В РАКА

Што би спречило новинар да фотографира објект и потоа да тврди дека градбата е во сопственост на некоја личност? Но, професионален новинар со објава со вакви обвинувања би приложил повеќе од фотографија – факти и цврсти докази. Наместо тоа, во непрофесионалната објава која е предмет на оваа рецензија, имаме фотографии од објекти за кои се тврди дека му припаѓаат на првиот човек на невладината „Мост“.

„Дарко Алексов, првиот човек на организацијата МОСТ, за кого и членови на СДСМ признаваат дека е нивна продолжена рака, очигледно одлично му оди во невладиниот сектор, па милионите кои се вртат на сметката на МОСТ, ги пресликува и во приватниот живот и станува инвеститор и подоцна сопственик на дел од двете згради во скопско Бардовци, кои можат да се видат на фотографиите“.

Фотографиите покажуваат згради. Толку. Единствен начин преку фотографиите да се утврди дека зградите се во сопственост на Алексов е неговото име и презиме да се испишани на фасадите со назнака „сопственик“.

 

ПОТРЕБНИ СЕ ДОКУМЕНТИ КАКО ДОКАЗ

Наместо имотен лист кој би послужил како доказ за ваквото тврдење, имаме коментари кои личната дискредитација ја шират кон дискредитација на политички субјект.

„Алексов е пример како преку граѓанскиот сектор, и партнерство со СОРОС Македонија се стига до огромен имот , грантови и милиони евра буџет“.

Тука имаме многу сериозно обвинување, кое е „поткрепено“ само со фотографии од згради. Како извор на информација во написот се посочуваат деловните книги на невладината „Мост“ со тврдење дека во истите „се 4 милиони евра свртени за неколку години, но и имот својствен за некој блискоисточен олигарх во подем, две згради во скопско Бардовци при што еден од инвеститорите и сопственик на недвижен имот е токму Дарко Алексов“.

Неколку спорни прашања произлегуваат од ваквото тврдење:

  • Дали и како е направен увид во деловните книги? Каде се доказите и зошто нема слики од деловните книги?;
  • Дали станува збор за потенцијално прекршување на принципот на деловна тајна?;
  • Дали е пронајден имотен лист за објектите за кои се тврди дека се во сопственост на Алексов?;
  • Како е направена проценката за финансиската состојба на претседателот на „Мост“ и за тековната состојба на организацијата? Дали има документи и од каде потекнуваат? Дали тековната состојба е добиена од Централниот регистар, на пример?

 

ДОКАЗИТЕ „ЗАМЕНЕТИ“ СО НАПАДИ

Наместо на читателот да му се понудат конкретни документи или какви било докази за тврдењата, текстот реди повеќе коментари, ширејќи го фокусот на сторијата од лична дискредитација по принцип на партиска асоцијација, кон коментаторско омаловажување на повеќе личности и организации:

„Тоа може да се забележи и од Платформата за наводна борба против Корупција која е финансирана од СОРОС Македонија, каде освен оваа организација, членки се сите чадор организации на Институт Отворено Општество на Владе Милчин, а меѓу нив е и токму МОСТ на Дарко Алексов“. 

Во написот се редат организации и нивни предводници кои наводно се, како што пишува, дел од „квазиплатформа“.

Тука веќе одново се поставува прашањето околу целта на објавата. Што се обидува написот да му каже на читателот? Дека голем сегмент од граѓанскиот сектор не чини? Токму ваквото ширење на фокусот од неосновани обвинувања кон дискредитација на неколку организации преку нивно асоцирање со Сорос и со СДСМ го допоткрепува впечатокот за политичка пристрасност, а тоа се согледува во следнава формулација:

„Ова е уште еден пример како невладините на СДСМ и СОРОС вртат милиони, нивните први луѓе се богатат, и го злоупотребуваат граѓанскиот сектор“. 

Заклучокот јасно ја дефинира едностраноста на текстот и уште појасно ја идентификува политичката пристрасност:

„Изборите се време кога тој треба да ја покаже својата лојалност и да одработи за СДСМ. Тоа не го криеа ниту членовите на СДСМ кој јавно кажуваат дека сите набљудувачи на МОСТ се и членови на СДСМ“.

Дополнително, вреди да се напомене и дека текстот не го задоволува критериумот на сеопфатност. Нема докази дека е направен обид да се контактира Алексов, ниту кој било од прозваните личности и организации со прашања околу имотната состојба и нивното поврзување со Институтот „Отворено општество“ (Сорос).

Коментарите се неосновани, фотографиите јасно се користат за манипулација во отсуство на факти, а водечката фотографија е монтирана за да го поддржи слабо аргументираното тврдење за политичка асоцијација на Алексов. Сето тоа е спакувано под тенденциозен наслов во форма на крајно непрофесионална објава.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести