verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коментирање маскирано во вест заради политички напад

on 15 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

centarnews-za-pendarovski

[Рецензија: Груевски избега од Пендаровски: Еве кои се носителите во ВМРО-ДПМНЕ]

 

Текстот коментира, а тврдењата не ги поткрепува со податоци што би ги оправдале изнесените ставови. Вака конципиран, остава впечаток дека има цел да направи спин во полза на опозицијата и да создаде поинаква перцепција кај читателите.

 

gruevski-izbega-od-pendarovskiЛинк до оригиналниот напис: ГРУЕВСКИ ИЗБЕГА ОД ПЕНДАРОВСКИ: ЕВЕ КОИ СЕ НОСИТЕЛИТЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ 

Датум и време на објавување: 11.11. 2016

Датум на рецензирање: 14. 11. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

КОМЕНТАР УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ

Самиот наслов навестува за каков вид текст ќе стане збор, односно уште во него може да се забележи присуство на коментар. Тоа се гледа и во првиот дел од текстот, во кој е изнесено тврдење.

„Груевски избега од првата изборна единица каде го очекува тежок изборен пораз од Стево Пендаровски. Во било која изборна единица и да отидеше, ќе доживее тежок пораз. Првата изборна единица на најголемата предизборна коалиција досега ќе ја предводи Никола Попоски“.

Според својата форма, написот би требало да претставува вест, односно пренесување информација за одреден настан. Сепак, спротивно на новинарските стандарди, кои налагаат жанрот „вест“ да биде ослободен од коментирање на фактите, туку да се задржи само на нивно пренесување, во самиот влез на информацијата е презентирана констатација, коментар. Изнесените податоци не се поддржани со никакви факти, како, на пример, податоци од анкета на јавното мислење, која би покажала дека Стево Пендаровски има поголем рејтинг од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не само во првата изборна единица, туку во сите други делови на земјата. Таков податок не е наведен, поради што се остава простор да се заклучи дека станува збор за субјективен став.

 

НЕДОСТИГА БИТНА ИНФОРМАЦИЈА

Истовремено, во текстот не е наведено која е причината за одлуката лидерот на владејачката партија Никола Груевски да ја предводи листата во четвртата изборна единица. Овој податок беше изнесен заедно со имињата на носителите на кандидатските листи, а Груевски дури и ја објави причината на својата официјална фејсбук-страница. Изоставањето на овој податок, овозможува да се прави спин.

Остатокот од написот е коректно пренесување на информација за носителите на листите и нема ништо спорно во однос на пренесувањето на податоците.

Влезот на написот, односно наводната глава на веста, му дава политичка обоеност на написот, што е спротивно на Кодексот на новинарите, кој налага новинарот да први разлика меѓу вест и коментар, да биде непристрасен и објективен при информирање.

13.
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

дел од фактите се точни, со другото се прави спин.

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести