Рецензии

Лични навреди и вулгарности за Ахмети претставени како вест!

на 21. 11. 2016 | | sq
 

Напис: По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница

Откако кумановчани не го примија во својот град, г. Али Ахмети завршил во психијатриската болница „Бардовци“ во Скопје!
Жал ми е за него, но него ќе го фатат клетвите на албанските мајки, крајот ти се ближи и се надевам дека си свесен за ова.  

[Рецензија: По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница]

Aко се разбира суштината на веста, тогаш и ќе се знае да се напише вест. Секој коментар, лично мислење или, пак, неконструктивна критика, не може да се категоризира како вест. Сепак, другите жанрови овозможуваат вашето мислење да се пренесе и без да биде вест, туку критика, било површна или, пак, професионална и подлабока –

Новинарски спакувано со сите нишани

на 21. 11. 2016 | |

[Рецензија: Бунтот во Кривичен: Судска пролет или лицемерие на судиите]

  Сè е како што треба, стокмено со ред, новинарски спакувано како што доликува, со сите нишани: извори, именувани соговорници, релевантна тема, сериозна ангажираност, начнување нови прашања…  Линк до оригиналниот напис: Бунтот во Кривичен: Судска пролет или лицемерие на судиите Датум и време на објавување: 16.11.2016, 16:01 Датум на рецензирање: 18.11.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Добро е што новинарскиот пост како да заврши, како зад нас да останаа „средновековните времиња“ во кои на прсти се броеја асли текстовите кои со мерак се читаа. Во последната година и пол – две има промена и тоа на подобро. Сè повеќе и повеќе се наоѓаат квалитетни написи со сè на

Добро истражен и јасно визуелизиран прилог

на 21. 11. 2016 | |

[Рецензија: Колку „тежи“ заменик-министерот за наворешни работи?]

  Прилогот е изработен професионално, поткрепен е со изјави, релеавнтни бројки и со конкретни факти. Новинарот ги контактирал засегантите страни и се држел до сигурните факти без притоа да заземе коментаторски пристап. Изнесените податоци и дилемите што произлегуваат од нив, се визуелно реализирани, односно буквално нацртани на интересен начин кој истовремено е и јасен за публиката. Сторијата е направена максимално професионално и е поткрепена со документи што ѝ даваат поголема тежина и ја прават веродостојна. Линк до оригиналниот напис: Колку „тежи“ заменик министерот за наворешни работи? Датум и време на објавување: 14.11.2016 Датум на рецензирање: 18.11.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

УБАВО СРАБОТЕНА ВИДЕОСТОРИЈА

Новинарот извршил целосна и темелна анализа на анкетните листови

Новинарство со политички погледи за посетата на Ахмети на Куманово

на 21. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Полна сала за Али Ахмети во Куманово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска е со кумановчани каде ја открива платформата на ДУИ за изборите што ќе се одржат на 11 декември годинава. Освен ова, лидерот на ДУИ се очекува да ги промовира и кандидатите за пратеници на ДУИ за изборната единица број два, каде годинава има мали измени во нивните имиња. Али Ахмети ќе ја открие и идејата на слободната економска зона што се очекува да се отвори во Општина Липково и ќе овозможи отварање на нови работни места за жителите на Општина Липково и на Куманово. Инаку, една мала група жители на Куманово протестирале против доаѓањето на лидерот на ДУИ во Куманово.  

[Рецензија: „Полна сала за

Ќе се плаќа за влез во ЕУ, но од 2021 година

на 18. 11. 2016 | | sq

[Рецензија:БРИСЕЛ ОДЛУЧИ: За влез во ЕУ ќе плаќаме пет евра]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија има сензационален наслов, но информациите што ги нуди не се прецизизно објаснети, па создаваат забуна во јавноста. Линк до оригиналниот написБРИСЕЛ ОДЛУЧИ: За влез во ЕУ ќе плаќаме пет евра Датум и време на објавување: 16.11.2016 Датум на рецензирање: 18.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕ „ОДЛУЧИ“, ТУКУ ДОПРВА „ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА“

Во насловот и во текстот се вели дека Брисел одлучил за влез во ЕУ да се плаќаат пет евра. „За влез во земјите од шенген-зоната македонските граѓани ќе плаќаат пет евра. Европската комисија одлучи дека земјите што не се дел од ЕУ, а кои имаат безвизен режим,

Бомбастична информација без извор

на 17. 11. 2016 | |

[Рецензија: (ВИДЕО) АВТОМОБИЛЧЕТО НА ИГОР ГИЕВСКИ ОД 130.000 ЕВРА]

  Текстот што го рецензираме во самата глава содржи бомбастична информација која подолу во написот не е обработена според професионалните новинарски стандарди. Не е познат изворот на информaцијата ниту, пак, таа е проверена од сите засегнати страни. Линк до оригиналниот напис(ВИДЕО) АВТОМОБИЛЧЕТО НА ИГОР ГИЕВСКИ ОД 130.000 ЕВРА Датум и време на објавување: 15.11.2016 Датум на рецензирање: 17.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

МНОГУ НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА

„Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија и поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Игор Гиевски заедно со својата сопруга, Слободанка Гошева Гиевска која е ќерка на екс претседателката на Уставен суд, Елена Гошева, ќе се возат во ултра луксузен џип Масерати Леванте

Двојни аршини: Тарчуловски претставен како херој, Зекири како вахабист!

на 17. 11. 2016 | |

[Рецензија: ЈОХАН БИЛ ВОЕН ЗЛОСТОРНИК: Ама затоа, Адем Јашари и Џемо Хаса се идеалните херои на Зоран Заев и вахабистот Зекири!]

  Текстот што го рецензираме врши политичка, национална и верска дискриминација на членот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е на листата на социјалдемократите во втората изборна единица, нарекувајќи го „исламски радикал и вахабист“. Повод за овој напис, во кој се забележува и  говор на омраза кон Зекири, е неговиот статус на „Фејсбук“  во врска со изборот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски да биде на кандидатска листа во истата изборна единица, при што тој коментира: „не само криминалци туку и воени злосторници на листата на ВМРО-ДПМНЕ, партнерите на ДУИ, Тарчуловски…“. Линк до оригиналниот напис: ЈОХАН БИЛ ВОЕН ЗЛОСТОРНИК: Ама затоа,

„Гинисов рекорд“ за непрофесионализам за текст за Џеват Адеми

на 17. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Џеват Адеми влегува во „Гинисовата книга на рекорди“!

Поранешниот пратеник кој најдолго бил на оваа функција, Џеват Адеми, повторно е на пратеничката листа и може да влезе во „Гинисовата книга на рекорди“. Не се знае зошто Џеват Адеми е недопирлив и привилегиран во ДУИ и продолжува да биде на пратеничката листа каде што можноста да биде избран е 99,99 отсто. Како што и самиот Џеват Адеми рекол, неговата куќа и седиштето на ДУИ се наоѓаат на 500 метри растојание и можеби ова влијае тој да е секогаш сè повисоко на пратеничката листа. Години по ред, тој е номиниран од разгранокот во Желино, бидејќи Речица, неговото родно место, никогаш не го предложила за пратеник и, како што кажуваат неколку

Фотографија од Косово, вест за избирачкиот список од Македонија

на 17. 11. 2016 | | sq

 

Напис – „Ние одлучуваме“: Избирачкиот список во Македонија поплавен од фантомски гласачи

И граѓанската иницијатива „Ние одлучуваме“ предупредува дека избирачкиот список не е прочистен и дека сè уште има лажни гласачи, пренесува „Телеграфи Македонија“. „Имаме информации дека граѓаните кои пријавуваат нерегистрирани гласачи ДИК ги насочува да се обратат до Министерството за внатрешни работи.  МВР од граѓаните бара да поднесуваат барање во писмена форма за измените во личните податоци и истите да ги докажат со факти, како што е купопродажен договор или, пак, имотен лист со кој се докажува сопственикот на објектот/имотот на чија адреса се регистрирани лица без адреса на живеење или, пак, кои немаат право да гласаат“, се вели меѓу другото во реакцијата на „Ние одлучуваме“. За овие

Вистината избркана, спинот „дивее“

на 16. 11. 2016 | |

 [Рецензија: Висок функционер на СДСМ направи сообраќајна несреќа, партиски активисти и полицијата попречуваа и малтретираа снимател на ТВ СИТЕЛ]

  Написот што го рецензираме се издвојува меѓу десетината објавени информации за сообраќајната незгода во која учествувала Мила Царовска, функционер на Социјалдемократскиот сојуз. Она по што тој се издвојува е исклучително необјективниот пристап, претераните и навредливи квалификации и коментирањето на кое не му е место во една информација – вест за настан. Целиот напис има исклучително силна политичка обоеност, која е неприлична за репортерско известување. Линк до оригиналниот напис: Висок функционер на СДСМ направи сообраќајна несреќа, партиски активисти и полицијата попречуваа и малтретираа снимател на ТВ СИТЕЛ Датум и време на објавување:12.11.2016, 16:59 Датум на рецензирање: 15.11.2016 Рецензент: Југослава Дуковска