verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вистината избркана, спинот „дивее“

on 16 - 11 - 2016       

sitel

 [Рецензија: Висок функционер на СДСМ направи сообраќајна несреќа, партиски активисти и полицијата попречуваа и малтретираа снимател на ТВ СИТЕЛ]

 

Написот што го рецензираме се издвојува меѓу десетината објавени информации за сообраќајната незгода во која учествувала Мила Царовска, функционер на Социјалдемократскиот сојуз. Она по што тој се издвојува е исклучително необјективниот пристап, претераните и навредливи квалификации и коментирањето на кое не му е место во една информација – вест за настан. Целиот напис има исклучително силна политичка обоеност, која е неприлична за репортерско известување.

Рецензија: Спинот „дивее“, вистината избрканаЛинк до оригиналниот напис: Висок функционер на СДСМ направи сообраќајна несреќа, партиски активисти и полицијата попречуваа и малтретираа снимател на ТВ СИТЕЛ

Датум и време на објавување:12.11.2016, 16:59

Датум на рецензирање: 15.11.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

Пред сè, за фактите кои се основа на една информација… Во овој напис тие се застапени, но прашањето како потоа тие се искоментирани и спинувани, го прави проблематичен од аспект на новинарски стандарди.

 

ЦАРОВСКА „ДИВЕЕЛА“ – ДРУГ ЈА ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈКАТА?!

Самата снимка од настанот за кој се зборува, може да се посведочи дека се работи за судар од мошне скромни размери, судејќи според видливите оштетувања на возилата (вдлабена совозачка врата, оштетен браник). Уште понекоректно е што веќе во првата реченица директно се дезинформира јавноста и се навредува апострофираната Мила Царовска од СДСМ дека „дивеела“ по улиците иако потоа никаде во прилогот не се презентирани факти кои би го оправдале зборот „дивеење“. Читателите/гледачите не добија појаснување како тоа Царовска „дивеела“ низ скопските улици, односно што точно сторила за да ја „заслужи“ ваквата квалификација. Неофицијалните информации зборуваат за тоа дека на возилото на Царовска налетало друго возило. Така што, очигледно е дека претерувањето во прилогот е директно насочено кон дискредитирање на конкретна личност.

Но, сообраќајката на Царовска од СДСМ е само повод да се конструира ваков материјал кој, всушност, се занимава со тоа како телевизиската екипа на „Сител“ била третирана кога се појавиле на местото на настанот од страна на полицијата, на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, и од „група граѓани“, за на крајот  да упати критики кон министерот за внатрешни работи:

„Ваквото однесување на полицијата доаѓа откако Оливер Спасовски ја презема функцијата министер во полицијата. Јавно го прашуваме Спасовски дали интервенцијата на полицијата врз нашата екипа беше со цел да се сокрие од граѓаните дека високиот функционер на СДСМ учествувал во сообраќајна несреќа“.

 

 

СЛУЧАЈОТ НА СПАСОВ СЕ „ПОКРИВА“ СО СЛУЧАЈОТ НА ЦАРОВСКА?

Познати се само оние детали околу инцидентот со екипата на „Сител“ кои се наведени во овој и во неколкуте други написи и прилози на медиуми блиски до власта, бидејќи нема официјален извештај од МВР, па затоа не е познато зошто полицијата ги спречила да снимаат, но тешко е да се поверува дека се обидувала да спречи јавноста да дознае за „учество на функционер на СДСМ во сообраќајна несреќа“, кога според неофицијалните информации, вината е на страната на возачот на другото возило, а тоа во изјава за медиумите го потврди самата Царовска. Ако се покажат точни шпекулациите дека возачот од другото возило навистина бил под дејство на алкохол, тогаш инсинуациите во овој напис, дека се заташкува „учество во сообраќајна несреќа“ на функционер на СДСМ, се сосем без основа.

Тешко дека можат да се одбегнат споредбите на овој случај со неодамнешниот во кој беше инволвиран заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој одекна во јавноста, фрлајќи сериозна дамка врз неговиот углед и позиција, како и тоа дека овој напис претставува некаков обид за изедначување на вината на двајца функционери од партии-опоненти, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во првиот случај, според МВР, Спасов под дејство на алкохол предизвикал сообраќајки и избегал од полицијата, па сообраќајката на Царовска изгледа како добредојдена шанса на јавноста да ѝ се прикаже дека и „другата страна“ умее да дивее по скопските улици. Сепак, ниту познатите факти, па ниту фактите со кои оперира овој напис, не можат да одат во прилог на оваа невистинита конструкција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести