Добро истражен и јасно визуелизиран прилог
Објавено во Рецензии
on 21 - 11 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: Колку „тежи“ заменик-министерот за наворешни работи?]
Прилогот е изработен професионално, поткрепен е со изјави, релеавнтни бројки и со конкретни факти. Новинарот ги контактирал засегантите страни и се држел до сигурните факти без притоа да заземе коментаторски пристап.
Изнесените податоци и дилемите што произлегуваат од нив, се визуелно реализирани, односно буквално нацртани на интересен начин кој истовремено е и јасен за публиката.
Сторијата е направена максимално професионално и е поткрепена со документи што ѝ даваат поголема тежина и ја прават веродостојна.
Линк до оригиналниот напис: Колку „тежи“ заменик министерот за наворешни работи?
Датум и време на објавување: 14.11.2016
Датум на рецензирање: 18.11.2016
Рецензент: Симона Атанасова
УБАВО СРАБОТЕНА ВИДЕОСТОРИЈА
Новинарот извршил целосна и темелна анализа на анкетните листови на заменик – министерот за надворешни работи, Илија Исајловски, и на неговата сопруга Анита Тополова-Исајловска, која е заменик на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, при што открил низа нелогичности и контроверзии.
Прилогот вади одлична поента дека заедничката основна нето-плата на двојката Исајловски изнесува вкупно 2.300 евра, што е речиси идентично со нивната месечна рата за кредитите, која изнесува околу 2.200 евра.
Главното прашање што произлегува од оваа анализа е како заменик-министерот за надворешни работи и неговата сопруга, јавна обвинителка, живеат со околу 100 евра месечно?
Бидејќи не е познато точно од која банка и по која каматна стапка семејството земало кредити, за пресметката што ја прави новинарот ја зема најмалата каматна стапка и според неа ги прави другите финансиски пресметки за двојката Исајловски.
За ваков вид анализа земањето на најмалата вредност е добро затоа што тоа го прави истражувањето покоректно, а поентата не може да се побие.
По објавениот прилог во студиото како гости се повикани новинарот кој го работел прилогот и поранешен член на Антикорупциска комисија, за темелно објаснување на целата ситуација и прашањата што ги отвора.
Таму новинарот соопштува дека за реакција и за коментар со низа прашања се обратил и до заменик-министерот и каков одговорот добил (во случајов штур).
Новинарот, при анализата на анкетните листови на сопржуниците, открива и дека станот во Скопје од 104 квадратни метри, во анкетниот лист на еден од сопружниците стои дека е стекнат со купопродажба, а во анкетниот лист на другиот сопружник се вели дека е добиен на подарок.
Резултатот од оваа убаво изработена видео-сторија е информирање на читателската публика за нелогичностите што се појавуваат во анкетните листови на двајца државни служебници кои земаат плата од државниот буџет, односно „народни пари“.
Прилогот што е предмет на оваа рецензија е пример за добро склопен новинарски продукт, кој на интересен и јасен начин допира до широката публика и отвара низа прашања и дилеми со кои јавноста заслужува да биде запознаена.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
квалитетни мултимедијални елементи
стилски уреден