verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фотографија од Косово, вест за избирачкиот список од Македонија

on 17 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-120-_ne-vendosim__-lista-zgjedhore-ne-maq_-http___telegrafi-com_ne-vendosim-l

 

Напис – „Ние одлучуваме“: Избирачкиот список во Македонија поплавен од фантомски гласачи

И граѓанската иницијатива „Ние одлучуваме“ предупредува дека избирачкиот список не е прочистен и дека сè уште има лажни гласачи, пренесува „Телеграфи Македонија“.

„Имаме информации дека граѓаните кои пријавуваат нерегистрирани гласачи ДИК ги насочува да се обратат до Министерството за внатрешни работи.  МВР од граѓаните бара да поднесуваат барање во писмена форма за измените во личните податоци и истите да ги докажат со факти, како што е купопродажен договор или, пак, имотен лист со кој се докажува сопственикот на објектот/имотот на чија адреса се регистрирани лица без адреса на живеење или, пак, кои немаат право да гласаат“, се вели меѓу другото во реакцијата на „Ние одлучуваме“.

За овие нерегуларности оваа граѓанска иницијатива побарала објаснување од ДИК, но не добиле одговор. /Телеграфи

 

[Рецензија – „Ние одлучуваме“: Избирачкиот список во Македонија поплавен од фантомски гласачи]

 

[Recension: “Ne vendosim”: Lista zgjedhore në Maqedoni vërshohet nga fantomët]Линк до оригиналниот напис:„Ние одлучуваме“: Избирачкиот список во Македонија поплавен од фантомски гласачи

Датум и време на објавување: 11.11.2016

Датум на рецензирање: 12.11.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Веста која е основа на рецензијата, начелно е во ред и покрај фактот што станува збор за едно соопштение кое пристигнало на електронската адреса на овој портал. Вреди да се каже дека соопштенијата за медиумите не треба да се објавуваат во стилот „копи-пејст“.  Тие треба да се обработат, да се стават во одреден контекст и, што е најважно, да се придружат и со став од другата страна. Соопштенијата сами по себе не претставуваат вест. Веста е уметност на комбинирање на ставовите и вклучување на неколку страни во една содржина. Новинарите не секогаш успеваат да го направат ова, најчесто поради „трката“ со времето, но сепак, треба да се настојува до последен миг.

Во текстот се спомнува дека граѓанската иницијатива „Ние одлучуваме“ побарала објаснување од ДИК околу тоа зошто граѓаните треба да се обратат до МВР за да се регистрираат во избирачкиот список, како и за долгите процедури кои се потребни за регистрација. Пренесувањето на оваа реакција е во ред, ако гледаме на содржината како на една кратка агенциска вест или, пак, како пренесување на една реакција.

Меѓутоа, за да биде нешто повеќе од тоа, новинарот требало да направи малку поголем напор за да ја збогати веста. Можел да побара став од ДИК и од МВР околу овие „пречки“, бидејќи новинарот треба да биде скептичен кон секој извор, без ралика што се работи за една граѓанска иницијатива. Тој може да е целосно во право, но ако се случи еден извор самиот да не биде добро информиран за ситуацијата за која зборува и ние ја објавиме истата како таква, треба да ни биде јасно дека ние сме тие што ја „измамиле“ јавноста, а не изворот.

Изворите, институциите, активистите, јавните личности, разните групи, може да зборуваат што сакаат и да бараат да се слуша нивниот глас. Затоа, од една страна тука е новинарот, во средиште на информациите што треба да се омасоват и од другата страна јавноста, која бара правилно и точно информирање.

Начинот на кој е пренесена веста не дека е погрешен, но тука станува збор за аспирациите кои треба да ги има новинарот за максимизирање на квалитативните елементи на својот производ.

Тука имаме работа и со еден друг проблем. Фотографијата на веста, единственото нешто кое е навистина проблематично во овој текст. Внимавајте, на сликата има еден момент од изборите во Косово, додека веста се однесува на избирачкиот список во Македонија. Зарем немаше некоја фотографија од претходните одржани избори или, пак, од Државната изборна комисија? Има многу такви.

Може и да не се смета како некоја голема грешка, но, всушност е, затоа што кога читателот пред себе има една таква вест, тој веднаш се става пред дилемата дали да поверува во насловот кој зборува за изборачките списоци во Македонија или да верува на фотографијата која пренесува атмосфера од некој избирачко место во Косово. Не сите читатели се способни да ја разберат веста на начин на кој таа требало да се пласира во медиумите.

На крај, кога станува збор за фотографијата, еден доста евидентен проблем по нашите портали, кој е присутен и тука, е проблемот со авторството. Треба да се каже изворот од каде е позајмена фотографијата, односно ако е во сопственост на медиумот, тогаш добро е да се напише датумот кога е направена истата и да се напишат два-три збора за неа и за ситуацијата која ја отсликува. Здодевна работа, но и тоа мора да се направи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

не соодвествува со текстот

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести