verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарство со политички погледи за посетата на Ахмети на Куманово

on 21 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-127-mbushet-salla-per-ali-ahmetin-ne-kuma_-http___www-aktuale-mk_mbushet-sall

 

Напис: Полна сала за Али Ахмети во Куманово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска е со кумановчани каде ја открива платформата на ДУИ за изборите што ќе се одржат на 11 декември годинава.

Освен ова, лидерот на ДУИ се очекува да ги промовира и кандидатите за пратеници на ДУИ за изборната единица број два, каде годинава има мали измени во нивните имиња.

Али Ахмети ќе ја открие и идејата на слободната економска зона што се очекува да се отвори во Општина Липково и ќе овозможи отварање на нови работни места за жителите на Општина Липково и на Куманово.

Инаку, една мала група жители на Куманово протестирале против доаѓањето на лидерот на ДУИ во Куманово.

 

[Рецензија: „Полна сала за Али Ахмети во Куманово“]

Новинарот може да направи вест само откако ќе има потврдена информација и откако ќе го истражи теренот, односно да биде на местото на настанот. Вестите како оваа што ја рецензираме ја напаѓаат јавноста секој ден сè повеќе и повеќе, но, всушност, тие не се вести, туку пропагандни текстови, кои се прават за да се прикрие нешто или да се наметне тоа што сака да го наметне центарот на моќта што стои зад редакцијата.

Конкретно, имаме работа со еден текст што не се фокусира на самата вест, туку на дополнителната информација. Недостига втората страна, а веста е направена хронолошки.

„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска е со кумановчани каде ја открива платформата на ДУИ за изборите што ќе се одржат на 11 декември годинава.

Освен ова, лидерот на ДУИ се очекува да ги промовира и кандидатите за пратеници на ДУИ за изборната единица број два, каде годинава има мали измени во нивните имиња“.

 

mbushet-salla-per-ali-ahmetin-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Полна сала за Али Ахмети во Куманово

Датум и време на објавување: 13.11.2016

Датум на рецензирање: 14.11.2016

Рецензент: Адриан Керими

Авторот во текстот тргнал многу елементи, сакајќи да ја прикрие вистината. Гледајќи од професионален аспект, веста за собирот на ДУИ во Куманово беше повеќе за протестот што се одржа пред салата каде што се одржуваше средбата со симпатизерите на оваа партија, а не за самата средба. Меѓутоа, авторот на текстот одлучил реакциите од граѓаните да ги постави сосема на крај од текстот, сметајќи ги само како дополнителна информација. Во текстот нема елементи од протестот, иако тие се од голема важност и би ѝ дале поголема тежина на веста. Јавноста преку оваа содржина не е информирана дека функционерите на ДУИ биле нападнати со камења при средбата на лидерот на оваа партија со членството и функционерите од Куманово.

„Али Ахмети ќе ја открие и идејата на слободната економска зона што се очекува да се отвори во Општина Липково и ќе овозможи отварање на нови работни места за жителите на Општина Липково и на Куманово.

Инаку, една мала група жители на Куманово протестирале против доаѓањето на лидерот на ДУИ во Куманово“.

Во текстот се употребени фотографии што не се од таа редакција. Забележливо е дека овие фотографии се направени од некој што бил присутен на средбата, но не во улога на новинар или репортер, туку во улога на граѓанин. Авторот одлучил истите да ги користи, но без да ги потпише. Тоа што се забележува е дека преку фотографиите прикачени на текстот, не е сосема јасно дали тие фотографии се вистински од средбата или не, бидејќи не е фатена во кадар целата сала од што повеќе агли и бидејќи во фотографијата има сосема малку карактеристични елементи на ДУИ, што еден професионален фотограф не би го направил.

Заднината на веста, исто така, не е изработена како што би било соодветно за оваа содржина. Бидејќи само на крајот на текстот се зборува за протестот, авторот можел да даде и едно поопширно објаснување или за причините на протестот и неколкуте моменти што предизвикале гнев според граѓаните или за пречекот на ДУИ во Куманово по вооружениот конфликт од 9 и 10 мај минатата година во Диво Насеље.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести