verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лични навреди и вулгарности за Ахмети претставени како вест!

on 21 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-129-pas-tubimit-ne-kumanove-ali-ahmeti-_-http___ciceroj-com_lists_pas-tubim

 

Напис: По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница

Откако кумановчани не го примија во својот град, г. Али Ахмети завршил во психијатриската болница „Бардовци“ во Скопје!
Жал ми е за него, но него ќе го фатат клетвите на албанските мајки, крајот ти се ближи и се надевам дека си свесен за ова.

 

[Рецензија: По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница]

Aко се разбира суштината на веста, тогаш и ќе се знае да се напише вест. Секој коментар, лично мислење или, пак, неконструктивна критика, не може да се категоризира како вест. Сепак, другите жанрови овозможуваат вашето мислење да се пренесе и без да биде вест, туку критика, било површна или, пак, професионална и подлабока – со содржински пораки и без да загрози нечиј интегритет. Азбуката на новинарството е етиката. Ако една вест се пишува без да се почитува етиката, тогаш немаме работа со вест, туку со непрофесионална содржина.

Текстот што го рецензираме, бидејќи нема ниту еден елемент поради кој би можеле да го наречеме вест, уште на прв поглед се гледа дека не е напишан од еден професионален новинар. Тие неколку редови се напишани колку за да се објави нешто и, пред сè, за да се упатат остри критики кон едно лице, што не можело да се направи на некој друг начин.

Како прво, текстот не почнува со актуелност, туку со минатото. Како второ, само преку една позајмена фотографија, која сигурно е преземена без согласност од лицето кое ја објавило и без да се цитира изворот, е даден заклучок што не се докажува никаде во текстот.

„Откако кумановчани не го примија во својот град г. Али Ахмети завршил во психијатриската болница „Бардовци“ во Скопје!“

pas-tubimit-ne-kumanove-ali-ahmeti-drejt-ne-spital-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница

Датум и време на објавување: 15.11.2016

Датум на рецензирање: 16.11.2016

Рецензент: Адриан Керими

Новинарот сноси одговорност за јавно кажаниот збор. Но, гледајќи го овој напис, прашање е дали е напишан од новинар кој својата работа ја врши професионално. Сепак, кој и да ја составува содржината, треба да сноси одговорност за тоа што го напишал. Комуникацијата со јавноста треба да биде етичка и да не се внесуваат емоции, навреди и омаловажувања. Во спротивно, сè што е недокажано, непотврдено и недоанализирано, не само што се коси со правилата на професијата, туку може и да се коси со законот и да заврши со судска постапка.

„Жал ми е за него, но него ќе го фатат клетвите на албанските мајки, крајот ти се ближи и се надевам дека си свесен за ова“.

Дека текстот е напишан за да се провоцира и божем да се критикува една личност, се докажува во вториот, кој е и последниот ред на оваа „вест“. Озборуваното лице кое го гледаме на фотографијата и да завршело во одделението за душевни болести (што не е вистина), зошто требало  да се коментира и воедно да се клевети за него во една вест?!

Личното мислење за јавноста не смее да се претстави како факт. Впечатоците и личните оценки, кои се дел од овој текст, може да бидат дело на читателите, електоратот или, пак, политичките противници, но никако на еден новинар кој треба да информира само во интерес на јавноста.

Текстот е почнат накриво и завршил уште понакриво. На почетокот се спомнува тоа што му се случило на Ахмети во Куманово, но на крај од текстот нема заднина и информации кои би го потсетиле читателот околу тоа што навистина се случило. Овој текст можеби нема да побуди голем интерес во јавноста затоа што целиот е неструктуриран и не е нареден и приспособен во согласност со професионалните начела, но и со етичките правила.

Како таков, овој текст е само една лична навреда претставена како вест!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести