verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Двојни аршини: Тарчуловски претставен како херој, Зекири како вахабист!

on 17 - 11 - 2016       

hklret

[Рецензија: ЈОХАН БИЛ ВОЕН ЗЛОСТОРНИК: Ама затоа, Адем Јашари и Џемо Хаса се идеалните херои на Зоран Заев и вахабистот Зекири!]

 

Текстот што го рецензираме врши политичка, национална и верска дискриминација на членот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е на листата на социјалдемократите во втората изборна единица, нарекувајќи го „исламски радикал и вахабист“. Повод за овој напис, во кој се забележува и  говор на омраза кон Зекири, е неговиот статус на „Фејсбук“  во врска со изборот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски да биде на кандидатска листа во истата изборна единица, при што тој коментира: „не само криминалци туку и воени злосторници на листата на ВМРО-ДПМНЕ, партнерите на ДУИ, Тарчуловски…“.

johanЛинк до оригиналниот напис: ЈОХАН БИЛ ВОЕН ЗЛОСТОРНИК: Ама затоа, Адем Јашари и Џемо Хаса се идеалните херои на Зоран Заев и вахабистот Зекири!

Датум и време на објавување: 15.11.2016

Датум на рецензирање: 17.11.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

ДИСКРИМИНАЦИЈА И ОМРАЗА

Овој тенденциозен напис споменатата објава на Зекири ја квалификува како „пропагандна гнасотија на СДСМ“, а од друга страна, го величи ликот и делото на Тарчуловски:

„Еден од најзаслужните бранители во татковинската војна во 2001 година, кој неправедно беше осуден за наводни злосторства кои никогаш не беа докажани Јохан Тарчуловски падна во пропагадната гнасотија на СДСМ“.

Но, настрана ФБ-статусот на Зекири, факт е дека Јохан Тарчуловски беше осуден за воени злосторства во Хаг за случајот од Љуботен во 2001 година, каде што беа убиени цивили, а според пресудата од Хашкиот трибунал, акцијата ја планирал и спровел Тарчуловски. Одлежувањето на осумгодишната казна на Тарчуловски во затворите во Шевенинген и во Диез, сепак зборува дека злосторствата не се наводни. Штом има пресуда, се подразбира дека се докажани.

Во текстот цело време се игра на националистичката карта, па лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се прикажува како „предавник“ на македонскиот народ бидејќи не застанал во одбрана на Тарчуловски. Истовремено се врши и верска дискриманација кон Зекири со тоа што се нарекува „исламски радкал и поддржувач на вахабистичка идеологија“, иако ваквото тврдење не е поткрепено со ниту еден факт. Обвинувањата остануваат во сферата на шпекулациите и се искажани во функција на собирање изборни поени за владејачката парија и за Тарчуловски.

„Трагедијата не е во тоа што еден исламски радикал и поддржувач на вахабистичката идеологија плука по народниот херој, трагедијата е во тоа што ниту еден од останатото раководство во СДСМ, на чело со Зоран Заев не застана во одбрана на човекот кој ризикуваше се за денес тие да постојат како политичка партија во Македонија“.

 

ПРЕДАВНИЦИ И ПАТРИОТИ

Во заклучокот на овој нагласено пристрасен текст се испраќа навредлива порака во која приврзаниците на опозицијата се омаловажуваат и се нарекуваат предавници, наспроти хероите како Тарчуловски, кои се претставуваат како народни бранители.

„Тоа се интересите и поддржувачите на СДСМ и Зоран Заев. Терористи, вахабисти, непочитувачи на сопствената држава и плукачи по народните херои кои целиот свој живот го ставија на коцка за да ги одбранат нашите, вклучително и животите на Заев и Зекири“.

Написот е пишуван без политичка дистанца и ја прикажува само едната страна на приказната – таа што ја турка владејачката ВМРО-ДПМНЕ, потхранувајќи го национализмот кај потенцијалното гласачко тело. Текстот ја извртува вистината, покажува отворена нетрпеливост, па дури и омраза кон лицата што се споменуваат и притоа креира искривена слика во која едните (опозицијата) се претставени како предавници, а другите (ВМРО-ДПМНЕ) како патриоти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, верска дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести