Рецензии

Вест за Беса наместо со извори, со лични ставови

на 24. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Скандалозно, БЕСА го употребува и ГОСПОД за партиска пропаганда (ВИДЕО)

Употребата на верата во предизборната политичка кампања сега е веќе нешто очигледно, посебно од страна на движењето Беса, која еден голем дел од кампањата го реализира во тој дух, но дали овој потег е праведен и хуман, дури и верски, останува да процени самата јавност и познавачите на овие прашања, пишува „Дрини“. Како што можете да видите во промотивниот спот на оваа политичко движење, меѓу другото се вели: „Ако веруваш во Господ, дојди во конвенцијата на Преродбата со Беса“, стои во видеозаписот споделен од овој политички субјект по социјалните мрежи. Овој рекламен спот предизвикал реакции кај јавноста и голем дел од граѓаните го обвиниле гореспоменатиот субјект

Ширење омраза по етничка линија

на 24. 11. 2016 | |

 [Рецензии: АЛБАНСКОТО ГО ЗАВЗЕМА МЕСТОТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Штабовите на СДСМ се китат со албански знамиња – Македонското се поретко!]

  Главната одлика на ова четиво е ширење хистерија по етничка линија. Опозицијата е „фатена на заб“ затоа што во некои нејзини изборни штабови покрај македонското е ставено и албанското знаме. Имаме „вест во низа“ – продолжување на медиумско-партиските обвинувања дека СДСМ одработува за албанските за сметка на македонските национални интереси.  Линк до оригиналниот напис: АЛБАНСКОТО ГО ЗАВЗЕМА МЕСТОТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Штабовите на СДСМ се китат со албански знамиња – Македонското се поретко!  Датум и време на објавување: 22.11.2016  Датум на рецензирање: 23.11.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

ТЕКСТ ПО ПАРТИСКИ НОТИ

 Кампањата почна и, според очекувањата, почна црно и со

Наводен дипломатски скандал врз темели од политичка магла

на 23. 11. 2016 | |
[Рецензија: Дипломатски скандал: Европски амбасадори се вклучија во кампањата на СДСМ] За да биде нешто скандалозно, мора да има идентификувани актери кои го предизвикале скандалот. Во текстов нема лица со име и со презиме или, најмалку, со иницијали или замаскирана фотографија in flagranti, фатени со рацете во медот – по нашки. Како може да биде скандал, кога од скандалот имате само: „Исплашени од очигледната предност на ВМРО-ДПМНЕ на терен, што потврдуваат и анкетите, дајца европски амбасадори во земјава излегоа на терен со членовите на СДСМ за да им пружат поддршка“. Толку од скандалот. Нема ниту еден елемент, ниту еден аргумент што ќе потврди дека оваа медиумска содржина не е новинарска измислица. Патка. Ви се молам: Новинарски текст без извори!?! Линк

Луна-парк е далеку од Дизниленд

на 23. 11. 2016 | |
 

[Рецензија: За да го однесете детето во луна Парк ќе ве чини како во Дизниленд]

  Овој текст е тенденциозен, со политичка заднина и има цел да ја дискредитира Општина Центар, особено градоначалникот Андреј Жерновски и директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ. Написот индиректно ги напаѓа нив и тоа неосновано и без конкретни и прецизни информации. Линк до оригиналниот напис: За да го однесете детето во луна Парк ќе ве чини како во Дизниленд Датум и време на објавување: 15.11.2016 Датум на рецензирање: 23.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

КАДЕ СЕ НЕЗАДОВОЛНИТЕ ГРАЃАНИ?

Насловот: За да го однесете детето во луна Парк ќе ве чини како во Дизниленд“, е провокативен и го тера читателот да го отвори текстот.

Од еден транспарент против лидерот на опозицијата не се носат заклучоци

на 23. 11. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Заев не е добредојден во Кавадарци – „ОДИ СИ“]

  Написот е едностран, наведувачки и прави генерализација без притоа да понуди уверливи и подетални информации за „случката“ за која известува. Овој текст, онака како што е конструиран, не ги исполнува основните новинарски стандарди за објективно и точно информирање. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Заев не е добредојден во Кавадарци – „ОДИ СИ“  Датум и време на објавување: 18.11. 2016 Датум на рецензирање: 22. 11. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ГЕНЕРАЛИЗАЦИЈА

„Кавадарци кој е дел од изборната единица 4 каде носител на пратеничката листа од СДСМ е Зоран Заев, денес му порача на лидерот на опозицијата дека не е добредојден во градот“. Самиот влез на написот е коментарски и

Место вест или анализа, пропаганда за ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ

на 23. 11. 2016 | | sq

 

Напис: ДУИ вечерва го добива својот прв пратеник?!

Вечерва официјално се затвора регистрацијата на гласачи во дијаспората. Во трка се двајца Aлбанци од ДУИ, каде според Изборниот законик пратеникот од дијаспората оди со 6.500 гласови, додека партијата на Ахмети успеала да регистрира 7.500 гласови, што значи дека ДУИ уште од вечерва добива еден пратеник, известува „Тетова сот“. Доколку се случи ова, тогаш кандидатот од ДУИ, Џевдет Спахиу, ќе биде пратеник од дијаспората. Кога станува збор за македонските гласачи, досега се регистрирани 13.000 гласачи, што значи дека двајца зема ВМРО. Инаку, вечерва се доставуваат и списоците за пратеници во сите изборни зони во Македонија. /Тетова сот/  

[Рецензија: „ДУИ вечерва го добива својот прв пратеник?!“]

Прогнозите за одредени политички настани

Рекламен текст за рекламен видеозапис!

на 23. 11. 2016 | |

[Рецензија: Модерен, моќен и мотивирачки: „Атлетичарот“ е ударниот изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на кампањата]

Напис изграден чисто од епитети и од суперлативи. Станува збор за текстуално воодушевување од промотивниот спот на владејачката партија за претстојните избори. Навистина чудно. Да се прави рекламен материјал за постоечки рекламен видеозапис?!  Линк до оригиналниот напис: Модерен, моќен и мотивирачки: „Атлетичарот“ е ударниот изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на кампањата  Датум и време на објавување: 21.11.2016,  10:01  Датум на рецензирање: 22.11.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

УСУЛ ОД СИЛНИТЕ ФАЛБИ, ЕПИТЕТИ И ОД СУПЕРЛАТИВИ

Оваа  објава има барем десетина епитети и најмалку два суперлатива. А за што? За текст во кој наголемо се обработува, читај фали, промотивниот видеозапис на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за изборите на

Неосновани и тенденциозни напади

на 22. 11. 2016 | |
[Рецензија: Пари на рака за „независните“: Сорос ја почна кампањата на СДСМ (Видео)] Премногу сомнителна и, во исто време, провидна е постапката врз основа на која оваа медиумска содржина ја изведува својата поента за „нов заговор на независните и на Сорос“ кои, ете, констатира текстот, ја почнале кампањата на СДСМ. До оваа констатација е дојдено врз основа на „видео кое стигнало до редакцијата во кое јасно се гледа дека член на акцијата излегува од комбето и на бензинска пумпа се сретнува со човек кој му дава пари за сработеното“. Извинете, ама тоа не е доволно. Што гледаме во видеоснимката: дека некој некому му дава пари (?!), и… толку. Како можеме да бидеме сигурни дека парите се за таа намена за

Со леснотија истурени непоткрепени обвинувања

на 22. 11. 2016 | |

[Рецензија: ДЕМОЛИРАЊЕТО НА ШТАБОТ ПО НАРАЧКА НА ЗАЕВ: Пораката која му ја испратија кавадарчани причина за демолирање на штабот?]

  Чиста шпекулација. Ај што е шпекулација „тешкаш“, туку има и сериозни обвинувања испорачани на сметка на опозицијата. Ако нотираме шпекулација, јасно е дека вистинитоста на овој материјал е крајно проблематична. Врз основа на една информација за искршени прозорци на штабот на владејачката партија во Кавадраци, искована е цела приказна од типот „верувале или не“ за некаква опозициска нарачка.  Линк до оригиналниот напис: ДЕМОЛИРАЊЕТО НА ШТАБОТ ПО НАРАЧКА НА ЗАЕВ: Пораката која му ја испратија кавадарчани причина за демолирање на штабот?  Датум и време на објавување: 19.11.2016  Датум на рецензирање:  20.11.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

 ПРИМЕР ЗА ТОА КАКО НЕ

Навредлива објава којашто е далеку од сатира

на 21. 11. 2016 | |
  [Рецензија: Ванковер, дечкото под Грујо има DEBILIUS TREMENS ретко опасна болест]     Написот е невкусен до крај, а јазикот што се користи е навредлив и недоличен. Оваа тирада не заслужува да се нарече новинарски производ, без разлика на жанровската припадност. Целиот текст има цел да исмејува и да омаловажува, а според начинот на пишување, воочлива е политичката заднина, односно намерата за оцрнување заради евтини политички поени.   Линк до оригиналниот напис: Ванковер, дечкото под Грујо има DEBILIUS TREMENS ретко опасна болест  Датум и време на објавување: 13.11. 2016 Датум на рецензирање: 19. 11. 2016 Рецензент: Димитар Тануров   ПОДБИВ УШТЕ ВО НАСЛОВОТ Самиот наслов навестува дека може да се очекува напис кој има само една цел, а тоа