Навредлива објава којашто е далеку од сатира
Објавено во Рецензии
on 21 - 11 - 2016 Автор: Димитар Тануров
[Рецензија: Ванковер, дечкото под Грујо има DEBILIUS TREMENS ретко опасна болест]
Написот е невкусен до крај, а јазикот што се користи е навредлив и недоличен. Оваа тирада не заслужува да се нарече новинарски производ, без разлика на жанровската припадност. Целиот текст има цел да исмејува и да омаловажува, а според начинот на пишување, воочлива е политичката заднина, односно намерата за оцрнување заради евтини политички поени.
Линк до оригиналниот напис: Ванковер, дечкото под Грујо има DEBILIUS TREMENS ретко опасна болест
Датум и време на објавување: 13.11. 2016
Датум на рецензирање: 19. 11. 2016
Рецензент: Димитар Тануров
ПОДБИВ УШТЕ ВО НАСЛОВОТ
Самиот наслов навестува дека може да се очекува напис кој има само една цел, а тоа е да исмејува. Впрочем, тоа се потврдува и со невкусно измислената болест „DEBILIUS TREMENS“, која претставува пермутација од друга состојба кај хроничните алкохоличари кои се откажуваат од пиење, наречена delirium tremens.
Текстот е објавен во рубриката „Живот“, во која се објавуваат текстови кои честопати може да се стават во категоријата жолт печат. Сепак, и кај овие написи мора да се почитуваат новинарските стандарди и Кодексот на новинарите.
Дури и да се обидеме да го ставиме во најмалку строгиот жанр, сатира, текстот е сосема невкусен и навредлив, а најмалку предизвикува смеа или исмејување на социјално-општествените случувања.
„Прво кумот го заебал не е Ванкувер туку е ВАНКОВЕР(Он е уствари ВАНѓаКОлеВЕРни, ВАНКОВЕР, мајка му, татко му верни хехехехе) струмичка недаќа, прецедник на ОК Струмица, и јасно ми е зашто е Струмица цело време сдсмовска па со овакви мора да биде овој е навреда бе за интелектот на гласачот“.
ПРОСТАЧКИ НАПАД
Овој текст претставува низок директен простачки напад на човек поради неговиот изглед и неговото необично име. Невозможно е да биде сместен во категоријата коментар или колумна, затоа што се изнесени податоци што не се поткрепени со факти, а јазикот кој се користи исто така е несоодветен.
Написот се коси со повеќе членови од Кодексот на новинари, кои налагаат проверка на информациите, наведување на изворот, да не се дискриминира, да се прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот и да се негува културата на говорот и етиката.
1.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.4.
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.10.
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
11.
Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.13.
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.15.
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.
Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
16.
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови