verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рекламен текст за рекламен видеозапис!

on 23 - 11 - 2016       

kurir

[Рецензија: Модерен, моќен и мотивирачки: „Атлетичарот“ е ударниот изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на кампањата]

Напис изграден чисто од епитети и од суперлативи. Станува збор за текстуално воодушевување од промотивниот спот на владејачката партија за претстојните избори. Навистина чудно. Да се прави рекламен материјал за постоечки рекламен видеозапис?!

 11111Линк до оригиналниот напис: Модерен, моќен и мотивирачки: „Атлетичарот“ е ударниот изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на кампањата

 Датум и време на објавување: 21.11.2016,  10:01

 Датум на рецензирање: 22.11.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

УСУЛ ОД СИЛНИТЕ ФАЛБИ, ЕПИТЕТИ И ОД СУПЕРЛАТИВИ

Оваа  објава има барем десетина епитети и најмалку два суперлатива. А за што? За текст во кој наголемо се обработува, читај фали, промотивниот видеозапис на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за изборите на 11 декември. Употребените формулации се спектакуларно фалбаџиски.

„Модерен, моќен и мотивирачки…“

 

„Спотот е оригинален, позитивен и епски…“

 

„Според виденото во овој спектакуларен епски спот, кампањата на владеачката партија ќе биде најмоќната и најдобрата досега“.

Навистина, што е многу многу е. Како народното „фали ме усто, оти ќе те расчепам“. Од аспект на информација, да, се согласувам дека е интересно да се види со каква стратегија за односи со јавноста оваа партија излегува на мегдан со опозицијата, но од гледна точка на содржајност, апсолутно немало потреба од дополнителни обајснувања за тоа каков е и што порака носи спотот. Па, сигурно публиката, за која впрочем и е наменет, може самата да сфати што сакале да кажат од центарот за комуникации. Или, да поедноставиме, овој напис е своевидна реклама за веќе постоечка реклама. Некој нов жанр ли е ова или, пак, едноставно одработување за одредена страна во изборите? Ова второто ќе да е.

Членот 6 од Кодексот на новинари вели дека

Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст… 

А тука, рекламирањето е зачинето и со силна доза пристрасност. Повредата на професионалните стандарди е уште поголема со фактот дека е предизборие (член 14 од Кодексот).

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Непотребен текст, непотребно промоциско одработување, непотребно рекламирање реклама. Едноставно непотребно!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести