verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ширење омраза по етничка линија

on 24 - 11 - 2016       

drestkl

 [Рецензии: АЛБАНСКОТО ГО ЗАВЗЕМА МЕСТОТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Штабовите на СДСМ се китат со албански знамиња – Македонското се поретко!]

 

Главната одлика на ова четиво е ширење хистерија по етничка линија. Опозицијата е „фатена на заб“ затоа што во некои нејзини изборни штабови покрај македонското е ставено и албанското знаме. Имаме „вест во низа“ – продолжување на медиумско-партиските обвинувања дека СДСМ одработува за албанските за сметка на македонските национални интереси.

 1111Линк до оригиналниот напис: АЛБАНСКОТО ГО ЗАВЗЕМА МЕСТОТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Штабовите на СДСМ се китат со албански знамиња – Македонското се поретко!

 Датум и време на објавување: 22.11.2016

 Датум на рецензирање: 23.11.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ТЕКСТ ПО ПАРТИСКИ НОТИ

 Кампањата почна и, според очекувањата, почна црно и со ниски удари. Во конкретниот случај, опозицијата се обвинува за занемарување на македонските, а застапување на албанските интереси. Земен е еден пример и искористен како урнек за генерализирање и за извлекување општа констатација. Врз основа на една фотографија се тврди дека македонското знаме сè помалку го има во штабовите на СДСМ. Значи, една „фотка“ од еден штаб и, оп, ете заклучок.

„Како што тече кампањата, а и претходно, албанското знаме го завзема просторот на Македонското во штабовите на СДСМ и нивните очајни митинзи“.

Па, на фотографијата најголемото знаме е македонското, а вистина до него е албанското, ама помало. Го има, уште помало, и на масата. А што е проблем кога се знае дека објектот, според самиот текст, се наоѓа во област во која живее бројна албанска заедница?

Но, прашањето е уште подлабоко. Поточно, употребените формулации се на иста линија со оние што ги користи и владејачката партија дека СДСМ сака федерализација, дека работи на кантонизација, дека ќе ги задоволува големоалбанските интереси само за да дојде на власт, итн…

„Важно е да се сплотиме и да не дозволиме да бидеме жртва преку целта која СДСМ и Заев сакаат да ја остварат. Целта е комплетно редефинирање на Македонија и претворање на држава на кантони и федерални единки кои ќе имаат за цел распарчување и одделување од Македонија. Не викаат насекаде во Македонија, рече Груевски“. (Никола Груевски, 22.11.2016)

Некој како да не успеал да се дистанцира од политички субјект зашто очигледно е дека написот игра по партиски ноти. Тое е спротивно на членот 14 од Кодексот на новинарите кој вели:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. 

Утврдивме дека пристрасност има, ама има и нешто друго. Тоа е невистина. Се вели дека имало неуспешен обид за митинг на Заев во Аеродром. Па, како што пренесоа повеќето медиуми, а тоа и го аргументираа со слика и со видеоснимка, собир во Аеродром имаше.

 

ИНФОРМАЦИЈА „ПАДНАТА ОД НЕБО“

Како капак на сето, во написот се наведува и информација која е како од небо падната, за наводен инцидент во кој подебелиот крај ќе го извелечел опозиционер – кандидат за пратеник на собир во Тетовско. Од далеку се гледа дека тој дел е само накалемен како некаква си поддршка на основната вест, иако е крајно дикутабилен и неговата вистинитост е под знак прашалник. Но, тенденцијата е очигледна – да се прикаже дека опозицијата „игра“ на албанска карта, наспроти патриотизмот на власта. Сценариото што се нуди во четивото, а кое како да е  позајмено од друг медиум, е всушност чиста тактика за ширење хистерија заради мобилизирање на сопствените партиски редови и можеби демотивирање на оние кои се „кршат“ каде да го дадат својот глас на 11 декември.

Ова е текст на кој не треба многу да се троши време зашто, според приложеното, излегува дека е само продолжение на стратегијата за оцрнување на политичкиот противник по сите линии, вклучувајќи ја и етничката.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести