verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест за Беса наместо со извори, со лични ставови

on 24 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-134-drini-mk-skandaloze-besa-e-fut-e_-http___drini-mk_skandaloze-besa-e

 

Напис: Скандалозно, БЕСА го употребува и ГОСПОД за партиска пропаганда (ВИДЕО)

Употребата на верата во предизборната политичка кампања сега е веќе нешто очигледно, посебно од страна на движењето Беса, која еден голем дел од кампањата го реализира во тој дух, но дали овој потег е праведен и хуман, дури и верски, останува да процени самата јавност и познавачите на овие прашања, пишува „Дрини“.

Како што можете да видите во промотивниот спот на оваа политичко движење, меѓу другото се вели: „Ако веруваш во Господ, дојди во конвенцијата на Преродбата со Беса“, стои во видеозаписот споделен од овој политички субјект по социјалните мрежи.

Овој рекламен спот предизвикал реакции кај јавноста и голем дел од граѓаните го обвиниле гореспоменатиот субјект дека се обидува да ја партизира верата и Господ за да стигне на власт. Верата и Господ им припаѓаат на сите, и на оние што не се занимаваат со политика, и на оние што имаат поинакви убедувања, затоа овој нивен потег не е најдобро смислен/Дрини.мк.

 

[Рецензија: Скандалозно, БЕСА го употребува и ГОСПОД за партиска пропаганда (ВИДЕО)]

Во секојдневната работа на навинарите, политичките случувања креираат еден вид психолошка асиметрија. Новинарот треба да се дистанцира од своите убедувања и за тоа за што треба да известува, дури и ако не му се допаѓа субјектот или, пак, случката за која известува.  Новинарите може да имаат свој личен гнев, акумулиран со тек на времето, но во ниту еден момент тие не треба да го проектираат во својата работа, особено не при пишување на една вест.

[Recension: Skandaloze, “BESA” e fut edhe ZOTIN ne propagandë partiake (VIDEO)]

Линк до оригиналниот напис: Скандалозно, „БЕСА” го употребува и ГОСПОД за партиска пропаганда (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 15.11.2016

Датум на рецензирање: 16.11.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Веста во „Дрини“ која зборува за промотивната конвенција на кандидатите за пратеници од редовите на движењето Беса, отсликува еден истакнат револт на авторот на оваа вест.  Тоа што го вознемирува авторот е, зошто движењето Беса го употребило поимот „Господ“ во рамките на една политичка кампања и зошто верата, според него, е инструментализирана за политички цели од страна на движењето Беса. Во продолжение можете да го прочитате текстот на видеозаписот со кој се промовира конвенцијата на оваа партија:

Ако веруваш во ПРАВДИНА!

Ако веруваш во ГОСПОД!

Ако веруваш дека време е за ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ!

Ако веруваш дека нашите деца заслужуваат ЕДНА ПОДОБРА ИДНИНА!

Ако веруваш дека е време да ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО!

Ако веруваш дека треба да го земеме ТОА ШТО НИ ПРИПАЃА ВО ОВАА ДРЖАВА!

Дојди на конвенцијата на Преродбата со БЕСА!“

Можеби за некого е разбирлив револтот што го изразува во овој случај новинарот, но тој револт во ниту еден момент и никако не смее да се толерира кога се пренесува во содржината на една вест. Во новинарството е строго забрането искажувањето револт, омраза, насилство и незадоволство, кое новинарот може да го чувствува во однос на тоа што се случило.

Од која било точка да се анализира, ова е погрешно. Во овој случај новинарот можеби и отворил едно добро прашање што може да е од интерес за граѓаните, кога го поставува прашањето дали е во ред оваа партија да ја остварува својата предизборна кампања во верски дух. И, во продолжение вели дека останува за ова да пресудат граѓаните и познавачите на овие прашања.

Тоа што новинарот ја поставува дилемата е во ред, и тоа што вели дека за тоа треба да се слушне мислењето на експертите, и тоа е во ред. Тогаш, каде се ставовите на експертите или, пак, одговорите на граѓаните? Зошто не побарал став барем од еден единствен извор?

Голема грешка е кога новинарот сам дава лични оценувања за веста која тој самиот ја напишал. Ова не се прави никаде во светот. Инаку, за да го избегнеше овој конфликт во однос на професијата, тој многу лесно можеше да напише една колумна каде што ќе ги презентираше своите лични ставови околу употребата или злоупотребата на верските убедувања за постигнување на политичките цели. Во еден ваков случај написот би бил во ред, но ваков како што е, не чини.

Да не заборавиме, ако правиме споредба, истото го направи и лидерот на ДУИ во Дебар, кога еден дел од својот говор за време на партискиот митинг му го посвети на верските прашања, можеби во друг контекст, но сепак… Ако се отвори едно прашање, тоа треба да се направи на овој начин. Се собираат експерти и се дискутира околу тоа што значи кога политичките партии имаат верска реторика во нивните политички кампањи (иако тука воопшто нема верска реторика, но тоа е една друга тема), дали тоа ја загрозува секуларноста на државата, каде почнуваат и до каде се границите на презентирањето на верата во овој случај, колку е добро или пак, штетно една партија да се повикува на Господ, што добиваат или што губат граѓаните од таквите ставови, дали треба да се крева толкава врева само поради фактот што во еден партиски леток е спомнат поимот „Господ“, дали истото нешто го направиле и другите партии во земјава, каква е состојбата во другите демократски земји, како и низа други прашања на кои соодветните лица би дале многу појасни одговори.

Лица како што се познавачите на политичките системи, познавачи на филозофијата, секуларисти и теисти, социолози, теолози, комуниколози, политиколози, обични граѓани со спротивни ставови, и тн.

На овој начин ќе имавме една комплетирана вест која на читателите ќе им понудеше можност на независен начин да дадеа свои оцени за ваквиот потег на една политичка партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести