verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо информации за граѓаните, партиска пропаганда

on 8 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-107-rruga-ne-lagjen-e-trimave-finalizohet-e-standardizu_-https___ilirianews-mk_

 

Напис:  Патот во Диво Насеље се привршува и е стандардизиран (ФОТО)

Еден сериозен проект почнат од Општина Куманово во Диво Насеље привршува со успех и тоа благодарение на советниците на ДУИ, на чело со Ридван Асани, известува „Илирија њуз“ (Ilirianews.mk).

Патот сега веќе е завршен и изгледа доста стандардизиран, со што се олеснува движењето на жителите на Диво Насеље. Поставена е канализација според сите потребни стандарди за еден модерен пат, сега веќе може да се видат финалните резултати и веќе е дел од завршените проекти за кои Демократската унија за интеграција и нејзините општински советници се бореле да ги остварат во Куманово.

„Илирија њуз“ ви носи повеќе детали за овој проект:

 

[Рецензија: Патот во Диво Насеље се привршува и е стандардизиран (ФОТО)]

Можеби и може да се смета за легитимно уредничката политика да биде на страната на една политичка опција, но ова не значи дека информативните содржини треба да бидат пропаганда за таа опција или, пак, дека содржината смее да ја премине секоја граница и во неа да се изразува обожување за политичката опција. Политичките субјекти, бизнисите или разните центри на политичката и на економската моќ, постојано се обидуваат да доминираат по медиумите, па дури и кај тие медиуми кои не се професионални, за да ги прошират нивните активности. Но, ова не значи дека правилата и етиката дозволуваат еден ваков вид пропаганда.

Веста што ја рецензираме има неколку непрофесионални елементи, почнувајќи од насловот, структурата, мултимедијалниот елемент, па сè до начинот на кој е структуирана содржината во целина.

Како што забележуваме уште на самиот почеток на текстот, веста не почнува со тоа што е најважно за граѓаните, туку со примарни елементи на пропагандата. Веста не се фокусира на асфалтирањето на улицата во оваа населба, туку во фокус е ставена работата на советниците на ДУИ во Куманово. Ова е една класична и директна пропаганда.

„Еден сериозен проект почнат од Општина Куманово во Диво Насеље привршува со успех и тоа благодарение на советниците на ДУИ, на чело со Ридван Асани, известува „Илирија њуз“ (Ilirianews.mk).“

 

rruga-ne-lagjen-e-trimave-finalizohet-e-standardizuar-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Патот во Диво Насеље се привршува и е стандардизиран (ФОТО)

Датум и време на објавување: 04.11.2016

Датум на рецензирање: 05.11.2016

Рецензент: Адриан Керими

Иако преку фотографиите читателот може да ја оцени (виртуално) работата, во текстот новинарот дава оценки за инфраструктурните прашања и заклучоци кои, всушност, треба да ги дадат жителите или, пак, познавачите на ова поле. Кога сме кај жителите, тоа што го рековме претходно за пропагандистичкиот пристап, уште повеќе го потврдува фактот што во текстот не е опфатен ниту еден став од жителите на оваа населба.

„Патот сега веќе е завршен и изгледа доста стандардизиран, со што се олеснува движењето на жителите на Диво Насеље. Поставена е канализација според сите потребни стандарди за еден модерен пат, сега веќе може да се видат финалните резултати и веќе е дел од завршените проекти за кои Демократската унија за интеграција и нејзините општински советници се бореле да ги остварат во Куманово“.

Видеозаписот што го придружува текстот не дава ниеден детаљ од извршените работи, туку е само еден разговор меѓу советниците на ДУИ и неколку жители на населбата, кој не пренесува ниту една информација за остварената работа. Тоа е уште еден пропагандистички елемент.

Со сите овие елементи што ги нема, како и со сите други елементи што доминираат, овој текст не може да се нарече вест. Овој факт се потврдува и со недостигот од бројни информации во содржината на веста, нестандардниот редослед, како и со немањето заднина, која во овој случај би го загрозила пропагандистичкиот пристап.

По сè изгледа тоа е свесно сторено, бидејќи со заднина, во веста требаше да се каже дека при вооружениот конфликт во Диво Насеље, кој се случи минатата година, имаше повеќе жртви, дека за оркестрација на тоа сценарио во дел од јавноста беа осомничени политичките субјекти на власт (и политичкиот субјект на Албанците кој се спомнува во текстот), дека посетата на претставниците од овој субјект по настанот ги вознемири жителите кои ги избркаа од местото на настанот, и пред сè, дека асфалтирањето на улицата се прави 17 месеци по вооружениот судир кој се случи во оваа населба на 9 мај 2015 година.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести