verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

По секоја цена да се оцрни владиката

on 9 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Пимен- веселиот владика со идна кариера на „Пинк ѕвезди“]

 

Имаме јасен обид за лична дискредитација преку слободно толкување на статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Самата оправданост на ваков текст се става под знак прашалник кога ќе се постави прашањето околу нејзината релевантност и задоволувањето на јавниот интерес.

pimen-veseliot-vladika-so-idna-kariera-na-pink-dzvezdi-kurir-mkЛинк до оригиналниот напис: Пимен- веселиот владика со идна кариера на „Пинк ѕвезди“

Датум и време на објавување: 7.11.2016, 15:53

Датум на рецензирање: 08.11.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

СПИНЕРСКА КОНСТРУКЦИЈА

Насловот е тенденциозен и на читателите им навестува содржина за оцрнување на владиката Пимен, што, впрочем, се прави уште во самиот вовед на текстот во кој се спинува вистината:

„Владиката чии настапи со години повеќе наликуваат на политички отколку на онакви какви што доликува на човек со ваква функција, сега очигледно си посакува и јавна кариера во друга насока“.

За еден коректен новинарски производ, ништо не е вредно и очигледно освен фактите. Дополнително, се поставува прашањето кој утврдил на што наликуваат настапите на владиката и по кој критериум е донесен заклучокот дека неговите настапи не доликуваат на функцијата?

Според тоа што може да се види во написот, заклучокот се базира единствено на коментар на фејсбук-статус на владиката Пимен, напишан од некој негов ФБ-пријател:

„Она чувство кога веселиот владика се буди, чита вести и станува уште повесел кога си помислува дека некој го спомнал пред толку многу жени. Почнува да танцува низ собата… ла ла ла ла лаа. А и Пинк ѕвезди се опција, му напиша пријателот на Пимен“.

Настрана тоа што нечија преписка на социјалните мрежи нема значење за пошироката јавност, „Фејсбук“ не може да се употребува како веродостоен и единствен извор на информација во професионален новинарски текст. Во написот нема изјава од владиката ниту, пак, има информација дека е направен обид да се добие став од него.

Но, видливо е дека идејата не била да се направи коректна медиумска содржина, туку наменска спинерска конструкција. Па, токму за таа цел се „копа“ по ФБ-профилот на владиката Пимен и се наоѓа соодветен „штоф“ што добро ќе легне на квалификацијата „залутан владика“, што за него ја искажа  лидерот на владејачката партија во настапот пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести