verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ништо не е очигледно без факти

on 8 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

republika

[Рецензија: Кој друг се следи од полицијата на СДСМ?]

 

Евидентираните извори во написот застапуваат иста страна, а воведот кон нив е изведен со серија коментари. Направен е политички спин за да се испере образот на политичар од власта  кој беше инволвиран во инцидент низ скопските улици.

koj-drug-se-sledi-od-policijata-na-sdsm-republika-onlineЛинк до оригиналниот напис: Кој друг се следи од полицијата на СДСМ?

Датум и време на објавување: 04.11.2016 15:21

Датум на рецензирање: 07.11.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

СПАСОВ КАКО „ЖРТВА“

Прашањето што се поставува во насловот, во содржинскиот дел од текстот се одговара со коментари, а самиот вовед наликува на партиско соопштение:

„СДСМ целосно го стави МВР во своја служба само за да оствари партиски поен плус и да се пресмета со неистомислениците“.

Кој го вели ова? Врз основа на кои факти или на чие мислење се темели ваквата изјава? Наместо одговор на овие прашања за да се задоволат основните професионални стандарди, се редат дополнителни коментари што го засилуваат впечатокот за политичката пристрасност на објавата.

„Грозоморната криминално-полициска местенка на Диме Спасов е само еден од примерите кои се одговор на прашањето „До каде се спремни да одат Заев и Спасовски“?“

Не се знае според кој критериум е утврдено дека станува збор за „грозоморната криминално-полициска местенка“ и кои докази стојат зад ваквото тврдење. Написот го претставува Спасов како жртва, а истовремено ги оцрнува Заев и Спасовски, претставувајќи ги како личности што „ја узурпираат слободата и ја газат демократијата“.

Следниот коментар укажува на непочитување или непознавање на една од основните премиси во професионалнотото новинарство – да се пишува со факти:

„Очигледно е како Спасовски го партизираше МВР, вработувајќи свои луѓе. Уште поскандалозно за јавноста беше вработувањето на криминалци со дебели досиеја, со кои Спасовски очигледно одлично соработува, па и вчера за случајот со Спасов, застана во нивна одбрана“.

Ништо не е очигледно без факти, докази и без податоци. Дополнително, во написот се тврди дека одредена постапка била скандалозна за јавноста, а во текстот нема ниту една изјава од анкетиран граѓанин во прилог на таквата констатација.

 

САМО ЕДНА СТРАНА

Во првите шест пасуси од текстот нема ниту еден факт, ниту една изјава ниту, пак, нотиран извор на информации. Првите десетина реченици се коментари. Текстот продолжува со изјави на двајца соговорници. Не е јасно зошто нивните изјави не се употребуваат од самиот почеток на написот и зошто наместо да се нижат коментари, едноставно не се поставеле прашања кои соговорниците би ги одговориле.

Поднасловот и контекстот во кој се употребени изјавите создава впечаток дека се прави обид да се комплетира спинот со долгите цитати од двајцата соговорници.

„Чавков предупреди: Можно е СДСМ повторно да ги употреби партиските војници во МВР за незаконски активности.“

Повторно се поставува прашањето зошто првичните десетина коментари не се поврзани со ставовите на соговорниците? Во контекст на изборот на соговорници, вреди да се нотира дека тие застапуваат иста страна, која се противи на постапките на опозицискиот лидер и на техничкиот министер од редовите на СДСМ. Мора да се забележи дека едностраноста е комплетирана со тоа што нема никаков став од прозваната страна.

Текстот создава простор за лична и за партиска дискредитација, а читателот нема доказ дека е направен каков било обид да се побара мислење или изјава од СДСМ, Заев или Спасовски, во врска со обвинувањата против нив.

Сè на сè, имаме еднострана објава која се темели на коментари издржани со еднострани изјави за кои не се понудени конкретни докази.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести